Десет парови од кои 10 професионални танчери и 10 македонски ѕвезди, ќе танцуваат во познатото забавно шоу „Танц со ѕвездите“, кое од крајот на февруари или почетокот на месец март ќе се емитува на МРТ. Натпреварувачите кои ќе учествуваат во првата сезона на македонската верзија на „Танц со ѕвездите“ се манекенката и лото-девојка Марјана Станојковска, актерите Васил Зафирчев, Висар Вишка, Јелена Јованова, пејачите Викторија Лоба, Аделина Тахири, Александар Белов, спортистите Атанас Николовски, Андријана Будимир, како и спортскиот новинар Бранко Чупески. Илија Карадакоски, Марина Овезовска, Симона Веселиновска, Мишо Спасовски, Наде Миленкова, Нермин Кочан, Ванчо Ангелески, Јована Василева, Ива Петровска, Христијан и Димитровски се професионалните танчери кои ќе вежбаат и играат со ѕвездите. Во гламурозно студио каде ќе се одвива шоуто ќе има и публика. ...превземено...
Штотуку прочитав на некоја интерет страна за ова шоу. Мислам дека ќе биде интересно како што и самите најавија и во секој случај едно гооолемо БРАВОО ЗА МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА.
БРАВО леле супер баш се израдував е конечно му текна и на нашиве да направат вакво интересно шоу за гледање,на народот му е преку глава од синхронизирани серии .а кој ќе се водители и судии?? јас редовно ја следам американската верзија од ова шоу Dancing with the Stars и се пре добри,баш сега и во Америка треба да почни да се емитува 16 сезона на 18 Март.YEY!!! еве некои од моите омилени танци https://www.youtube.com/watch?v=cXSBLhnSWWo https://www.youtube.com/watch?v=p11Tu6j4_NA https://www.youtube.com/watch?v=C4LaH_E6FB4 https://www.youtube.com/watch?v=lv6iwXkJOKc https://www.youtube.com/watch?v=zk4kJNdX_CY
Браво конечно му текна на некој нешто добро само се чудам со кој ѕвезди ќе биде, а и кај нас се на рака да ги изброиш и толку. Го имам гледано амриканското и многу ми се допаѓа, особено ја сакам Карина Смирнов. Валцерот со Ralph Macchio ми е омилено од неа. http://www.youtube.com/watch?v=kClk-KX2cBE https://www.youtube.com/watch?v=6fe0E8cuYbI https://www.youtube.com/watch?v=LPX5t9QytMA Иако за жал се сопна и бадна тука, прекрасна е. https://www.youtube.com/watch?v=1EFHpGUDjT0
Во петок на 8 март, во 20:30 часот ако не се лажам... али мене ми е глупо времето пошо, петок луѓе, сите искачаат навечер.. а тоа емисија претежно за млади..
Ќе гледаме, па ќе видиме како ќе го пренесат нашиве. Сепак однапред да кажам дека ми е криво што танцовите двојки кои се прваци во стандардни и латиоамерикански танци не се вклучени!
Нешто фатив сега со Зафирчев, интересно ми изгледа па ке видиме. Edit: Јаоооооо аутфитов на Мишо хаха инаку супер ми беа и Кристијан и Јелена (мислам така се викаше) :up:
хахаха ова тие добро.Под ѕвезди да се разбериме : спонзоруши , исфорсирани фаци , и луѓе за прв пат што ќе ги видиме хахаха. Што се не би направиле луѓево да се појават на TV.
Мене многу ми се допадна првата емисија, судиите беа премногу строги, ама добро.. професионалци. Баш би сакала да се најдам на место на една од девојките, особено тие поживите танци...
Мене само првиот настап ми се допадна, Зафирчев беше супер. Другите и не баш. И не ми се допаѓа изборот на „ѕвезди“
Викторија Лоба и нејзиниот партнер ми беа ок. Другите онака... Интересна смисла ама.. слаби "ѕведзи".
Мене ми се допаѓа концептот на емисијата. Порано ја гледав на ХРТ и на Пинк, и интересно шоу е. Се радувам за Будимир што ќе ја гледам на ТВ екраните, а исто и за Илија Карадакоски - сограѓанин ми е и многу талентирано момче за танц. Партнерка му е Маријана Станојковска, и баш сакам да ги видам утревечер. За него и за Будимир навивам Редно време беше да се смени програмата на МРТ, конечно нешто интересно, квалитетно да гледаме.
мене интересна ми е емисијава ѕвезди не ѕвезди ќе си гледам сеедно ми е важно е интересна обожавам вакви емисии со танци, како мала сакав да танцувам и не ми се исполни таа желба па сега ќе полнам очи пред телевизор
Ви се чудам на дел од коментарите. Мрчало нација бре. Не дека е нешто фантастично шоуво за да го бранам, ама не знам ни што очекувавте вие. Се извинувам а какви ѕвезди планирате да има? Треба време, желба и способност. Кои големи ѕвезди ги очекувате кои ќе одвојат време со месеци за тренинг и натпревари. Искрено мислев дека нема да има партнер за Будимир, од тежок машки спорт, висока курпулентна девојка игра танц. Не изигра ептен добро, ама треба да се знае дека не секој има предиспозиции за танц. Јелена Јованова да не не е ѕвезда? Релативно ОК луѓе се одбрани, иако секогаш може подобро. Колку за информација бивша одлична танчерка, сопственик на студио за танци, инструктор по танци на мали групи. Воедно нормално и водителка на сите танцови натпреварувања во државава и оние кои се пренесуваат на екраните. Ако вие ја знаете само како водител на оскар ваш проблем Мене искрено водителите ми беа најздрвени и најдосадни! Зафирчев ми беше тотално внесен во улогата и браво за него. Јелена се гледа дека има предиспозиции за танчерка, Лоба беше ок ама мислам може многу подобро. Како за промена на нашиве канали фино е. И онака не гледам наши телевизии и прекуглава од тие изборни кампањи и грди турски серии, ова шоу е фина релаксација во петок навечер.