1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Серијата за животот на турските султани во сабота ќе почни да се емитува на Канал 5. Има две сезони од кои првата има 24 епизоди,а втората сеуште се снима.
    "Величенствениот век" е историска турска теленовела која со голем успех се прикажува во Турција на каналот ShowTV. Серијата раскажува за животот на султанот Сулејман Први, познат како Сулејман Величествениот и робинката Хурем (или Рокселана) која станала негова кралица. Во почетокот на емитувањето, серијата предизвика критики и контраверзии од гледачите поради хедонистичкото, непочитувачко и недолично претставуање на султанот во харемот. Турската радиодифузија објавила дека примила 74.000 жалби од гледачите по емитувањето на првата епизода од серијата. Група исламски екстремисти, исламисти и националисти излегоа на улица да протестираат испровоцирани од сцените од харемот, голите жени и Сулејман кој пие алкохол во серијата. Протестантите побарале да се прекине емитувањето на серијата. Турскиот премиер Реџеп Ердоган ја оценил серијата како прикажување на историјата во лошо светло пред очите на младата генерација. Епизодата во која е дадена битката кај унгарскиот град Мохач во 1562-ра година е најгледаната во историјата во Турција, објавуваат турски медиуми. Една од последните епизоди ја гледаа над шест милиони луѓе, двојно повеќе отколку тв-сериите на конкуренцијата. Серијата е една од најскапите турски продукции, a улогата на султанот му припадна на Онур од "1001 Ноќ".
    Содржина
    Султан Сулејман I, познат уште и како Сулејман Величествениот бил десетиот султан на Отоманската империја во периодот од 1520-та до 1566-та година. Го наследил Селим I на тронот. Сулејман бил роден на 6-ти ноември 1494-та година во Трабзон. Во време на неговото владеење, Отоманската империја станала најголема светска сила. И покрај тоа што империјата продолжила да ги шири своите територии по неговата смрт, сепак се смета дека по неговата смрт империјата започнала постепено да се распаѓа.
    Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманската империја. Во западните земји е познат како Величенствениот, а во источните како Законодавецот. На султанскиот трон се качил во 1520-та година и владеел до 1566-та година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Периодот на владеење на султанот Сулејман Први е познат како најдолгиот период на владење на некој турски султан и величествениот век, а серијата го прикажува животот на Султанот и сите интриги во неговиот двор и харем. На 26-та годишна возраст, кога започнува неговто владеење, тој решава да изгради империја која ќе биде помоќна од империјата на Александар Македонски. Во текот на неговото 46-годишно владеење станал познат како најголем освојувач на Истокот и Западот.

    преземено од тв пакет
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 и bubili61 им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Интересна ми се виде серијава уште првиот пат кога видов дека ќе се емитува, посебно зашто сакам вакви серии и филмови. Мене не ми се допаѓа тоа што Онур од 1001 ноќ го глуме султанот, не личе тој на некој кој би можел да го глуме султан, што знам барем јас не го замислувам така султанот.
    Едвај чекам да почне во сабота, единствена турска серија која со сигурност ќе ја гледам.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Ќе ја гледам, и така ја гледам смо љубов и казна и волците понекогаш :D интересни ми се турскиве, и ваа би требало да биде интересна пошто е различна тематика, не сме гледале ваква турска :D
     
  4. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Серијава изгледа доста интересна и привлечна за гледање , ќе почекаме до утре и ќе видиме каква ќе биде :)
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.221
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Серијава е ПРЕУБАВА!!! Ја има на нет да се симне со српски превод и да се гледа. Јас не знам како ќе ја синхронизираат. Како и да е преубава и моќна приказна. Гледајте ја, ако сакате историски серии. Не е класична љубовна приказна. И за оние форумџики со деца, да ве предупредам дека има делови кои не се баш деца да ги гледаат или слушаат :)
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.221
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    http://www.megaupload.com/?f=78Y9N6X3

    Лозинката е

    ForumHaremTeam
     
    На howdoyoudo, LaFemina, seksi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.083
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Не ги сакам сериите и не ги гледам ама оваа во план ми е. Јас баш мислам дека на актеров му одговара ваква улога. Можеби е малку понизок, но турците не се високи луѓе, па баш му прилега.
     
    На Alesii и Cence им се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Холивудската ѕвезда Бред Пит потпишал договор за учество во борбена сцена во турската серија „Величествениот“ за животот на султанот Сулејман Величествениот. За учество во една епизода во една од најгледаните турски серии Бред Пит ќе добие два милиона долари, соопштуваат турските медиуми.

    Откако серијата предизвика реакции меѓу Турците верници, па дури и меѓу политичките лидери во земјата, бидејќи султанот е претставен повеќе како хедонист отколку како освојувач, сценаристите измислиле нов магнет за гледачите, привлекувајќи ги гледачите овој пат со најпопуларниот холивудски актер. Епизодата во која учествува холивудската ѕвезда ќе биде снимена следниот месец.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    ќе ја гледам обавезно на реклама ми се виде интересна :D
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Ја гледав првата епизода и ќе продолжам да ја гледам. Поинаква е од сите други серии кои ги прикажувале. Всушност серијава е сето она што го учиме по историја за османлиската империја. :)
    И дефинитивно на Онур му одговара улогата на султанот. Има став човекот.
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Интересна е.Да си прашам само во сабота и недела има нови епизоди од филмчево?
     
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Само кај мене ли не чини тонот на Канал 5 вечерва? :@ :x
    Инаку серијава е супер, уште да ги слушав тие 60% од она што го зборат :)
    Ќе има реприза утре? :?:
     
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    мн ми се свиде оваа серија ми остави голем впечаток,утре ке има пак така?
     
  14. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Реприза на првата епизода ќе има во 17 часот. Потоа ќе ја има втората епизода.
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Преубави ми се актериве. Облеката, деталите... Па фала Богу дека ќе е скапа :) .
    100% без синхронизација ќе е поубава, ама и нашиве доста се увежбаа. Слушнав дека бракот на Онур и Шехерезад е разнишан поради Александра од серијава која патем е многу убава :) .
    A само викенди ќе се дава или...?
     
  16. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Не, секој ден.
     
  17. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Убава костимографија и сценографија за содрзина ке видиме ... сега за сега ветува...
     
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Бидете среќни да се случи некое чудо Канал 5 да ја откупат втората сезона. :D
     
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Само во саботи ли ја даваат или секој ден? :?:
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Мене па Александра не ми е нешто woooow убава, мислам ај да кажам слатка е, али до толку убава као што се опишува у филмов, не баш. :shake:
    А играњето беше :rofl:
    Интересна беше првата епизода, за понатака не знам дали би ја пратела, али ќе ми служи како изговор за да не седнам да учам ваљда. :yawn:


    И нешто си поврзав, пошто оваа христијан нели као Калеш Анѓа само оваа е Александра, али секако тоа е друга приказна, она нејќе да се потурчи и сл. А оваа и те како сака да го привлече вниманието на Султанот.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.