Ја гледа ли некој серијава? Критичарите ја обожаваат, доби многу награди (вклучувајќи Златен глобус и Еми), руши рекорди на гледаност. Накратко - новиот пронајдок на Јапонците, синтетичката крв, им овозможува соживот на луѓето и вампирите. Вампирите немаат потреба од човечка крв, а луѓето не се плашат од нив... толку многу. Сепак, вампирите се соочуваат со дискриминација и јавно бараат права, а нивната крв е афродизијак за луѓето, па се јавуваат дилери на вампирска крв. Серијава е многу слободна, секс на секои пет минути и многу крв. Се прикажува на HBO. Главни ликови се: Суки - келнерка телепат која се вљубува во вампирот Бил, а цела Америка вени сече по вампирот Ерик . _________________________________ Јас гледав неколку епизоди, не бев воодушевена. Воопшто темава вампири не ја сакам, но за серијава читав толку добри критики што решив да ја проверам. Хмммм малку премногу за мене, некои сцени се претерани за мој вкус. Акцентот на почетокот ми беше интересен, ама после 10 минути не можев да ги слушам.
Најавната песна е ненормално добра...толку. http://www.youtube.com/watch?v=vxINMuOgAu8 Едит: морав да ја постирам
Јас ги изглеав сите 3 сезони пред некое време Не ми се свиѓа баш.. малце ми е sick али тој пусти Ерик мн е добар па ради него ја гледам.. И ги скокав сцените со таа другарка на Суки, Тара -досадна ми беше А.. па Џејсон (брат и) - поглуп лик нема во историјата на сериите Ај за другиве ликови, можеби другпат ќе прокоментирам
Леле и мене ме нервираат многу Тара и Џејсон. А најавната е се’ што ми се сфиѓа од серијата. Добро, јас додуша не и’ дадов шанса и прекинав после неколку епизоди, ама и да гледам повеќе, не верувам дека ќе го сменам мислењето.
Ја обожавам серијава и едвај чекам да почне 4тата сезона. Додека ја гледав бев како инфицирана од неа, морав барем 3-4епизоди да гледам дневно. Чат-пат Суки ме нервираше оти излезе дека е вила, а понекогаш се понашаше ептен смотано, нели вилите се многу интелегентни и паметни суштества, сепак Џејсон и е брат.
Имам гледано некоја епизода, не е лоша серијата... Едно време се емитуваше на Фокс Лајф сега незнам...
Јас сега почнав да ја гледам, уште сум на прва сезона. Многу ми се допаѓа песната на почетокот А инаку многу многу ме нервира акцентот.. Ама многу.
Слабо коментари за серијава. Има некој шо почна да ја гледа 4та сезона? Јас морав да се потсетам што се случувало бидејќи се сум заборавила. Спојлер Не ми се свиѓа “новиот“ Ерик. Кога беше лош, беше подобар.
изгледав 3 епизоди од четвртава сезона и што се случи со Ерик? Го изгуби памтењето или нешто друго му направила таа вештерката? и мене повеќе ми се допаѓа стариот Ерик
Aбе ја гледа ли некој серијава? Tуку во Mакедонија гледав 2 сезона,овде 3,и на нет само првата епизода од 4 сезона,морам да признаам дека Eрик ис хот Oваа Tара многу ме нервира,на моменти и онај Cем A почетната песна е што....
Јас на ФоксЛајф ги гледам и не ги пропуштам. Во 23:15 ми се чини ја даваат, од понеделник до петок. Подоцна кај 2 и нешто часот има реприза. Само не ми е јасно бре како се заљубила Суки во оној Бил, ептен никаков ми е А Ерик па ми е како крава да го лижела. Брат и‘ на Суки најмногу ќеф ми прави А па песнава.... оргазам! http://www.youtube.com/watch?v=t0eQL5R3bw4 I wanna do bad things with you...
Спојлер Hе ми се верува дека во 4 сезона,Cуки и Eрик ке се заедно а и овај бил се испедерчи,демек крал стана губре едно хипи и јас таму ги гледав на фокс,преинтересни ми се Cите сезони ги изгледав,сега читам коментари дека 5 сезона е лето 2012
за тие што не ви се свиѓа серијава,како бре не ви се свиѓа,леле,бре леле не знаете што пропуштате,ама добро секој си има различен вкус и тоа си е на ваша одговорност или пак не му го сакале акцентот,ами шо да прајме во луизијана таков акцент имаат ЈБГ абре кога станува збор за Еric,Jason,или пак за Alcide,ako сакаат на малезиски нека зборуваат ама ич око не ми трепнува
Aбе дечки кој ке чека до јуни за 5 сезона,ке се збудалам до тогаш Bажно сите сезони ги изгледав Cе надевам 5 сезона добра ке е....
ако неможеш да чекаш до јуни, почни да ги читаш книгите(подобри се од сериите)и малку поразлични ама ке знаеш од околу што да очекуваш од 5та сезона.и јас неможам да чекам,па почнав пак да ги читам книгите.