Три сестри ja открivaat нивната судбина - во борба против силите на злото, со користење на нивнитo вештерство. Тие се Charmed Ones. Трите сестри Халивел ќе откриат дека тие се потомци на една линија на женски вештерки. Секој од нив има посебна способност (запирање на времето, поместување на објекти, гледање на иднината ), и тие исто така може да ги комбинираат нивните способности во "Моќта на тројка " за борба против демоните, и други зла. Леле ги обожавав. Ама порано живеев буквално за серијава. Сакав да сум како нив, запишував магии и што не. Пајпеј, Фиби, Лео, Пејџ и Дерил. Една од најубавите серии на моето детсво. Спојлер ако знае некој од каде можем да ја свалам серијата нека постира линк
ја даваат на алсат телевизија со македонски превод, jа начекав пред едно месец дена и бев пресреќна иначе ја има навечер околу 23:30
Леле, како маѓепсана бев кога ја гледав серијата. Многу ја сакав. Омилена ми беше Фиби, ептен ми беше интересна. Инаку, не знам дали знаете, ама серијава има 8 сезони Јас ги гледав на интернет и многу бев задоволна од завршетокот на 8-мата сезона Ама натаму е се испревртено, многу нови, интересни работи се случуваат, испомешано минато, сегашност, иднина...Не кажувам повеќе за да не ви ја расипам серијата на тие што планираат да ја гледаат
Леле Барби браво за темава Просто ги обожавам и не ми е досадно да ги гледам again and again... Си ги гледам на Алфа, а претходно ги гледав и на А1 (и репризите ), а ги имам еднаш и на ДВД изгледано.... И јас, како и Мајгрл, најмногу ја сакав Фиби. Препрепреубава серија, превозбудлива... едно време со другарките толку бевме опседнати (се сеќавам бевме основно), што сакавме Book of shadows да пишуваме Спојлер
Значи го љубев во серијава, уф Спојлер Спојлер Спојлер И серијава ми беше омилена на времето. И јас Фиби најмногу ја сакав
И јас спаѓам во обожавателите на серијава Сите епизоди ги имам гледано, сите сезони по 2-3 пати Повеќе ми се допаѓаа првите сезони... последните ми беа некако претерани. Секогаш се спасуваа за влакно и ептен беше некако невозможно. И јас како Виножитка го љубев овој убавецов погоре плус Крис
И јас сум голем фан на серијата. Премногу ја обожавав, бев како опседната. Сега понекогаш ја гледам кога ја начекам на една српска тв ја има мислам. Но за разлика од вас омилена ми беше Пајпер.
Оххххх со каква нетрпеливост ја очекував секоја нова епизода. Ко полудена бев за нив, ги обожавав. Иако поголемиот дел од серијата беше надреалистичен, сепак си уживав во секоја магија.
Лелеее ме потсетивте на една серија од мојата младост На времето кога се даваше и ја како маѓепсана бев од нив Најомилена ми беше Пајпер. Сакав да ја имам нејзината моќ на стопирање на времето
Уфф ме врати неколку години наназад едвај чекав да почне секоја епизода ми беше интересна И да се би дала да ја поседувам моќта на мојата омилена Пајпер Пред некој ден на една телевизија почнав да гледам една епизода и всушност сфатив дека серијава нема смисла демони магии умирање оживување подобро некој цртан филм да си гледаш сега не би ја гледала ама тогаш беше незаменлива
Лелее колку ли само ги сакав Волшебничките. Едвај ја чекав секоја нова епизода. Омилени ми беа. Првите неколку сезони ми се подобри од последните. Ама уживав во оваа серија
Го даваат на алсат во 23 и 30. Не дека не пропуштав епизода од серијава , но ја гледав. Сега репризите ги гледам секоја вечер, поредовна сум.
Го имам сретнато ама преводот мислам дека не ена македонски или ? И заради тоа не го гледам .. Сакам на А1 да ја даваат
Кога ја даваа на А1 не пропуштав ни една епизода. Луда бев по серијава. Знам со другарките си имавме тетратка демек Книгата на сенките и смислувавме магии. Сега гледав на Алсат ама не ми е воопшто интересна. Дури си се чудам на паметот како ми била толку многу интересна и како сум се дивела ако не ме ставеле Пру да бидам во игра. Детуле смотанко.
Тоа е една од ретките серии кои ги имам изгледано од почеток до крај, не пропуштајќи ниедна епизода!!! Кога ги гледав бев 6-7 одд и бев воодушевена од нив! Опседната може да се рече. Ма најдобри се!