Се согласувам со одлуката на жирито. Навистина не е фер дискриминација врз годишна возраст, ама мене ми е логична. (Сите сме свесни како се одразува неодењето во школо врз манекенките..) Нека се врати Илма во школски клупи, не и бега сцената. Морам да признам дека прекрасна песна (овој пат) пееше и одлично ја изведе, не знам зашто била малку гласана, но ете..а таа за спас и на неа сличните што знае да си ги потпее од кај ги копа не ми е јасно . Ајде таман, барем малку ќе се призејми девојчето сега Даниел стварно малку чудно звучеше на почетокот, ама наш си е и покрај тоа си е најбољи Јасно ми е како Доктори догураа до овде и тоа со гласањето што им се фаќа х5 мора да се регулира Помина времето на Бекстритбојс групи, особено Х фактор не е место за групна борба. Поединечно треба секој да се истакнува Маид, прекрасен настап и секогаш сценски одличен. И добро што им е на овие водителкиве од бекстејџ ...особено таа србинката или од кај и да е, со лебедот што беше, кое малоумно однесување го има ни сама не е свесна Едит: Сега ми текна дека заборавив да напишам, не знам ни како успеав да забаровам: СЛАВКО (*wtf*). Зашто го форсираат? ЗАШТО?!!
Oна што и се сличи на Илма вчера не беше во ред. Илма каква и да беше, да не повторувам кој работи кај нејзе не ми се допаѓаа, но гласот и нејзиниот квалитет беа неспорни. Илма може да е секаква, но девојчето има еден од најаките вокали на Х-Фактор. Јас Илма не ја споредувам и е неспоредлива со Тамара, Маид, Лукијан. Тие се во споредба со гласот на Илма една обична нула, Илма ги мачка на кришка леб сите нив. Точно е дека е мала, дека треба и има време да го развива и усовршува својот талент. Стои се тоа, само ако некој заслужи да биде во финалето тоа беше таа. Можеме да зборуваме колку сакаме, што заслужи заслужи девојчето. Незнам што се случува со жирито во последно време, ке почнам со Кристина-како Даниел до пред 2 недели и беше прекрасен, талентиран и се нај нај, сега Даниел не чини сега Тамара одеднаш почна да ја издигнува до небо и назад????????? Кики тој некажал до сега ниту еден лош и никаква негативна критика за никого, Емина е обична лицемерка ништо повеке, Жељко е стар лисец, знае точно што и во кој момент да каже. Зборот ми е дека жирито успеа на еден неубав начин да ја отфрли Илма како најголема конкуренција на своите кандидати. Тоа и го наместија на девојчето и тоа со убав збор и политички. Срамота! Да се одлучуваше по бројот на гласови Маид ке си заминеше и тоа одма. Не е фер и не е праведно за девојчево, заслужуваше да биде во финалето. Тамара е најфорсирана и веке не ме чуди ако таа победи. Се плашам дека и на Даниел ке му сместат нешто. Ако беше до возраста, не требаше воопшто да ја пуштат и понатаму да се натпреварува. Еве колку вреди Илма- овде беше подобра и од Kelly Clarkson. D :wink: Ова ми беше најдобриот настап на Илма. http://www.youtube.com/watch?v=so5dA1zv4xA
Се согласувам дека за Илма има време да гради кариера 13 години се буквално НИШТО за да развива кариера.Таа е сеуште дете, нема доволно искуство а ги шие сите во пеење ти се чини божем е професионалец. Не очекував да се најде во дуел,искрено девојчето заслужува да оди во финале..3 место е сосем доволно за неа,но тоа е. Маид сношти испеа перфектно, и во дуелот беше предобар. Иначе праќам еден голем поздрав до хејтерите на Даниел кои едвај чекаа да киксне па да имаат за што да го критикуваат. Лукијан многу ме нервира ама знаев дека ќе и го остават на Еминчето Мојата ТОП листа 1.Даниел 2.Маид 3.Доктори
Жирито не го осудувам. Значи отсекогаш било внимателно што коментар ќе и` даде и како ќе и` соопшти нешто. Мислам дека големото изненадување беше начинот на кој си замина Брковиќ во што жирито не ни имаше врска. Илма можеше да се израдува барем на финалната вечер, макар и петта завршила, а не Лукијан и Тамара што по некој закон мора и мора да се уште таму.
По тоа колку ги форсираат, почнувам да мислам дека Лукијан или Тамара ќе победи. Ќе кажам уште еднаш, дуелот помеѓу Илма и Маид никако не требаше да се случи бидејќи и двајцата беа супер. Според мене во супер-финале требаше да одат Даниел, Илма, Маид, Доктори и Тамара. А да победат 3.Маид или Доктори, повеќе накај Маид 2.Илма 1.Даниел. Но како што тргнала работата...Лукијан ќе победи. Ако мене ме прашувате, тој требаше да испадне уште во дуелот со Харис, но се извлече затоа што го форсираат. А Тамара е добра, но не за победник. Плус, со тоа што толку многу ја форсираат ми стана антипатична. Можеби сето ова се случи за сите ментори да останат барем со по еден канидат. Но ако е така, тогаш Тамара требаше да испадне, па Кики да остане со Илма бидејќи колку и да е млада, дебела и колку и лошо да се облеува, беше една од најдобрите. Како што реков, Тамара е добра, но во споредба со Илма е слаба. Исто така, Марија Ичкова неправедно беше исфрлена. Таа имаше многу моќен глас, како и Илма. Требаше да стигне до супер-финале а не на аудициите да биде исфрлена. Еве, ако требаше одреден број кандидати од сите држави да влезат, тогаш Марија можеше да оди на местото на Фифица. Но, овде нешто „смрди“.
Сега читам на странва на Даниел на фб и се чудам. Се пишува дека Даниел имал технички проблеми на почетокот, а не дека го заборавил текстот на песната. Како може цела недела да вежба песна и да го заборави текстот. Мене ми се чини дека некој намерно сака да го саботира дечково оти е најдобар од сите тамо. На сите им е трн во око. И мене искрено ми се чинеше на почетокот кога запеа дека е некој технички проблем, како на Доктори што им се случи. Ама Даниел остана ДОСЛЕДЕН и продолжи да пее. Верувам во ова затоа што вчера продукцијата си поигруваше цел ден со распоредот на пеење, Даниел до 17 часот незнеше точно под кој реден број ке биде. НЕШТО ПОКВАРЕНО СЕ ИГРА.
секако дека си играат тие. од редакција (или. како и да ги викаат). не сакаат даниел да победи бидејќи е македонче. зошто да им одат парите во друга држава. за џабе жирито го фали, го подржува. на крај ќе го бутнат како да не е никој и ништо. мислам дека ќе победи Лукијан, иако не го гледам често факторов. Другите се издигаат многу, а знаете како се вели: кој лета високо ќе падне многу ниско.
Да цело време ги држеше слушалките (тоа на уши што им го ставаат, не знам како се вика) , ама не кажа и не цмиздреше, затоа што е храбар и веќе во Македонија тој е ѕвезда. И да не победи во Македонија ќе е пејач, ни требаат такви како него, само еднаш во 100 години се раѓа глас како неговиот, како на Тоше што беше. Даниел и да не победи, за мене тој е вистинскиот победник и готово.
Лукијан вчера преубаво испеа. Даниел и Лукијан ми се фаворити.Лукијан ми е најомилен од сите а и преубав е.
Гласав за Доктори, и по порака и овде на анкетава. Инаку Даниел не победува, се надевам дека сите се свесни за тоа, нема шанси Србиве да дозволат Македонец да победи. Убаво би било, ама ете, можеби ќе е второ место, а за победа... Не дека не го сакам и не сакам да победи, напротив... Инаку не очекував Илма да излезе, очекував Лукијан да е во двобој со Маид, и Лукијан да излезе. Ептен се зачудив кога го кажаа неговото име. Добро е што жирито ја искористи шансата (односно Емина) да ја извадат Илма, зашто не би било во ред толкаво девојче да победи, сите знаеме зошто. За Маид е очигледно дека нема гласачи. Ама верувам дека во финале ќе се активираат Босанците. Се зачудив бидејќи двајца Босанци отидоа во двобој. Искрено... Баш вчера ми текна за разликата помеѓу Илма и Харис. Харис излезе дека е едно разлигавено детенце кое е навикнато да добива се’ што ќе посака. Гласот ич не му е убав и не пее толку убаво како Илма. Исто така и прв пат кога се најде во двобој одма почна да плаче како некоја бабичка, а па кога излезе да не збориме. За разлика од Илма која сосем нормално и смирено го поднесе сето тоа. И’ се гледаа солзите во очите ама не заплака. Се надевам дека по неколку години ако сеуште има Х фактор ќе се пријави повторно и тогаш да се натпреварува со сите како нормален натпреварувач, а не како девојчето што пее убаво. За настапите, па во ред, не слушам многу српски песни, па не ги знаев. Само таа што ја пееше Лукијан ми беше позната и нели на Желката песните. Даниел не го покажа тоа што го знае, не му легна песната, верувам дека во финале ќе избере добри песни. Маид се помалку ми станува антипатичен, ама дај бре човече, една песна да испееше странска. Па ова излегува дека можеби и многу лошо пее на англиски, а сме немале прилика да го слушнеме. Па не е во ред. А му лежат песните на Жељко, се гледа. Тамара, па во ред е. Мислев дека ќе биде многу подобра, бидејќи на аудицијата беше прекрасна, ама ако не ја пее веќе Someone like you ништо нема да направи. А можно е и да победи, зашто е од Србија, а Србите го финансираа цело шоу. Ни на Доктори песната не ја знаев, ама ми се допаднаа и сеуште ми се фаворити. Илма беше како и секогаш предобра. Лукијан не знаев како ќе се покаже зашто според најновата песна на Емина смеа ме фаќа кога ќе помислам како ја пее таа песна. Ама во ред, е не е лош изборот. За стајлингот и шминката... Треба да научат веќе еднаш како да ја облекуваат Илма и водителката, а и Уна и Снеже. Како професионалци треба да гледаш кој од кој е поубав, а вака... И дали веќе еднаш ќе сфатат дека на водителката не и стои црвен кармин, туку на Уна. И Снеже ко некоја баба ја направиле. Емина беше многу убава, и Кристина исто, а Жељко подитно бричење. Па јас поубаво би ги направила мајка му стара. Инаку, да не знаете по кој концепт ќе се одвива финалето?
Јас мислам дека нешто се кува.... Не ми е логично Даниел да го заборавил текстот од причина што тој колку потешки песни на англиски ги испеа без никаква грешка и потешкотија. Ова му е 8 настап ако не се лажам, не верувам дека од трема се збуни. Искрено не ми се допаѓаат некои работи што се случија, прво со Александра Брковиќ, вчера Илма, упорно се форсираат Лукијан и Тамара.... како што тргнало до крајот ке се измешаат и баби и жаби што би се рекло. Не НЕЕЕЕЕ нешто не ми штима тука.
Барајќи по нешто за Илма на Гугл, наидов на петиција таа да се врати во Икс Фактор. Не верувам дека нешто такво ќе се случи бидејќи треба некој друг на отпадне за таа да се врати (освен ако по барање на гледачите не ги сменат правилата, а не сум многу уверена дека тоа ќе се случи). Сепак се надевам. Мислам, на Фејсбук беше. А јас немам Фејсбук.
Даниел треба да победи. Дефинитивно е најдобар меѓу натпреварувачите таму. Ни го обели образот,ептенски Ме нервираат тие со коментари,нема да му дозволат да победи,Македонец на Х фактор во Србија.. Аман луѓе, до кога Македончето ќе биде подбуцнувано и омаловажувано,штом проба нешто на страна да успее,да постигне,да стигне до нешто,некоја своја цел.(Оно и кај нас ги бутаат тие што вредат,се гледаат како закана) Зборам и за општо, а и еве случај сега Х фактор. Македонец бил. Па што? Си вреди дечкото,и тоа од која нација е најмалце треба да е битно.
Шознам, според мене солзите се знак на емотивност, а не на разлигавеност. Демек машко е па не му се простува? Харис воопшто не ми беше лигав, напротив, со повредено стапало пееше, се трудеше, ни се пожали, ниту пак се трудеше да предизвика сожалување поради тоа. На аудициите дупло постари од него се вадеа на изговори „па настинат/а сум“. Илма не ги прифаќаше убаво конструктивните критики, а Харис културно си реагираше. Ова мој впечаток.
Тоа што Даниел вреди речиси и не е прашање на вкус туку факт. И тој ќе направи кариера, но надвор д Икс Фактор бидејќи се прават многу мучки и се форсираат кандидати послаби од Даниел, како на пример Лукијан и Тамара. И тоа со техничките проблеми вчера најверојатно беше мучка. Верувам, и онаа со фактот дека Илма и Маид останаа во двобој а Лукијан и Тамара онака си поминаа без проблем е мучка.
Ми се исполни срцево вчера, моите 3 фаворити Даниел, Маид и Лукијан во суперфинале! Детиштето Илма во школо, уште малце ако останеше ќе требаше да понавља година. Не ја можев бе, ако пееше прекрасно, ништо друго немаше! Е арно вака, иако ме зачуди она мислев највише гласови од сите има. Сеа во суперфиналево само Тамара ми боде очи, со „извинење“ на овие 4% шо ја гласале на анкетава и шо ќе го прочитаат ова, стварно помислувам дека има протекции оваа некои. Многу вокално појаки испаднаа бе. А нема Х фактор, напротив, ко ментално заостаната се понаша. Човечееее... се надевам нема да е во топ 3, а камоли да победи! Е тогаш ќе сум уверена дека е намештаљка, како што одамна се шпекулира.
Добро зошто да не победи Даниел? Како во повеќето шоуа имаат победувано луѓе од Босна,па зошто да не биде некој од Мк
Легенда е човеков нема што тука. Браво, Браво, Браво, Браво, Браво, Браво, Браво! Секоја чест, еве уште еден доказ дека е светски Х-Фактор. Секој стил го пее перфектно, значи може и не е ограничен како некои.... Beatbox by Daniel Kajmakoski...... https://www.facebook.com/photo.php?v=76 ... =2&theater
Морам да напишам коментар за вчерашното гласање.Два од најдобирте вокали во дуел,крајно разочарана сум. Прво за Маид.Човекот е цар,драма како што вика Кристина.Многу е харизматичен а за гласот кој го вади не вреди да се зборува.Можеби не запеал англиски,ама во својот стил е вистински професионалец.Сосема незаслужено да биде во дуел,барем мое мислење. Неможам да повеурвам дека годините беа факторот поради кој Илма излезе.Моќен глас како нејзиниот нема ни Тамара,ниту пак некој друг женски натпреварувач во шоуто.Срамота стварно,а коментарите за бркот кои ги читам секојдневно по Фејзбук се апсурдни,само да се треснало ништо. И така,кармата е кучка.Сите ментори останаа со по еден натпреварувач/бенд само Желчето има двајца,а на почетокот му се потсмеваа дека уште тогаш ги изгубил сите. Даниел до некаде и ме разочара,наместо да се бори и даде се од себе,утна на најважниот лајв.Очекував тој да биде во дуел иако не сакав,ама добро е се извлече некако.Во финалето очекувам да даде се од себе бидејќи е најголем талент и комплетен изведувач,подобар од сите таму кои останаа. Едит: Самото име на натпреварот покажува што победникот треба да има - нешто со што ќе ја освои публиката и што народот ќе го прифати.Овде не се бара убавина,ниту кој има поголем опсег,туку тој што го има тој икс фактор со кој ќе ја привлекува публиката. Типичен пример дека убавината не е секогаш на прво место е James Arthur.Не е многу убав,ниту има глас кој може да ги фати највисоките тонови ама кај него има нешто кое што прави да се ежам на секоја нота и секој стих кој го пее. Се бара комплетна личност која понатаму може да има успеси и да направи голема кариера,а не некој што ќе биде заборавен после сето ова.