1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бивши

Дискусија во 'Сингл' започната од in.love.girl, 14 јули 2011.

  1. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Кажете нешто повеќе за фашите бивши, каков е вашиот однос, дали комуницирате или во никој случај, дали ви се јавува итн


    Еве јас да кажам за мене: со еден збор да го опишам нашиот однос: личи на ептен добри другари, се дружиме си останавме во исто друштво како и порано, на фб секогаш сме на chat, понекогаш разговараме и за тоа кој каде згрешил и кога ни било убаво кога бевме во врската, ама сепак шансите за да бидам пак со него се многу мали, многу ме има повредено, а вака за другар е супер :rofl:
     
    На Bella ••• му/ѝ се допаѓа ова.
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ахх тие Бивши :D
    Еден од нив ми е и школски од средно и во исто друштво бевме така да често се гледаме и понекогаш си муабетиме безврска на фб, но сепак сега имам дечко и малку сме на дистанца :)
    Со другиот последниве неколку год имаме 3-4 пати муабет правено на фб, тој е во Америка од пред неколку години.
    А третиот го немам долго видено, ама не ми прави муабет откако си фати друга женска, таа му има забрането зошто еднаш во кафиќ го зафркавав а незнаев тогаш дека таа му е девојка :D и од тогаш ни здраво не ми прави :D
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Темава :)

    Со сите бивши сум само на културно здраво.

    Затоа се бивши, а не се другари, не ни можат да бидат.
     
    На sunshinebabe, iloveyou29, M.a.r.i.l.y.n и 2 други им се допаѓа ова.
  4. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Единствено само со првиот дечко не зборувам. Не дека се разделивме на лош начин и дека ме повреди, останавме пријатели но после некое време почна пак да ми изјавува љубов да ме нервира и едноставно го отфрлив ептен. После 4 години тој пак објавува на ФБ песни со моето име, стстуси итн :D .

    Вториот ретко го гледам. Викендите само. На факултет е во друг град. Кога ќе се видиме се поздравуваме , понекогаш правиме и 2-3 реда муабет.

    А третата среќа ја мојот сегашен дечко со кој сум скоро 3 години. :* :*
     
  5. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    јас имам чувство дека мојот 1 дечко никогаш нема да ме остави на раат ... стално ми ѕвони,прави лажни профили на фб ... ми пишува од кај негови блиски .... се запознава со мои другари и другарки.. се распрашува за мене... а тоа мнн мн мн мн ме нервираа... понекогаш и се плашам да не ми направи нешто ... =// Останатите се ок на сите им кажувам здраво , како си ... тоа е се ;) ;) ;) ;)
     
    На zivo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Комуникација на минимум. Многу работи се издешаваа за да ние продолжиме да комуницираме нормално. Не ни сакам. Прво се обвинував дека јас го повредив, ама од кога слушнав некои ствари, несакам да знам ништо. Јас на него се најдобро му посакував он на мене слушнав дека ми посакувал да раскинам со овој дечко за да сум видела како е! Епа фала, не ми требаш! И може се искарав со него, ама да се раскинеме, ќе си почека за таа желба.
    Како и да е, да не бидам оф топик, нејќам да комуницирам со него, разменуваме 2-3 збора од ради реда, пошо се гледаме секој ден во школо.
     
  7. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Со ниеден не стојам добро. Проклетство ваљда некое, што ти јас знам. :D

    Жал ми е поради тоа некад, али не се опседнувам нити па разглабам зашто испаднале така стварите. Јбг, живот.
     
  8. enriqueiglesiaslover

    enriqueiglesiaslover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ахх тие бивши хахах
    јас имам еден со кој што се дружевме во исто друштво и се заљубивме еден у друг и ни беше многу убаво во врската но почнуваше да станува чуден и почна многу да ме нервира како и да е раскинавме, моите другарки се уште пробуваат да не спојат а јас не се чуствувам убаво затоа што знам дека немаме веќе шанси, а покрај другото тука е уште еден кој ми го сврте умот ... хаххах и неможам да го бркам на раат некако глупаво се осеќам затоа што ми кажува дека ме сака (бившиот) :D
     
  9. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ми недостига еден од нив! :(
     
    На Lile_05 и kristina123456 им се допаѓа ова.
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Па и немам некоја бројка, само двајца бивши, со едниот се немам видено ни слушнато многу одамна, ама во добри односи останавме. Другиот... што да ви кажувам. Дечкото ми беше највеча љубав свих времена, ама ете, ме дриблаше ко Роналдињо, и видела не видела му турив пепел. Дури сега после две години гледам кој сељак е, т.е јас и тогаш знаев ама не сакав да поверувам. Па кога ќе го видам со "златен" ланец и прстен, тесна патика и тесна фармерка до колена...кхм.
    Нема на кого не кажав кои глупости ги тресел, еден куп вицови му измислив, со другарка ми го викаме Хел Бој или Кобра мен(имаше рамбовка со кобра отпозади), и така. Иако, морам да признаам, кога го видов пред година дена и кога сегашниот дечко сеуште ми беше тазе, пак ми се затресоа коленцата, па и ме гушна. Скапаница :devil:
     
    На Lady-Sweet и WhatDreamsMayCome им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ретко налетувам на некој бивши, а и кога ќе налетам не можеме да се изназбориме :) ...како, што, што правиш со и во животот... па и кога ќе ја видат ќерка ми ако е со мене обавезно прашањето-твое е :o ...е не бе, не е, комшиско е па го шетам :^) :lol:

    Со сите имам коректен однос (освен со првиот-хајскул свитхарт, кој никогаш после раскинувањето не сум го видела, околу 10-тина год.), дури и мило ни е што ете сме се сретнале после извесно време.
    Инаку никој од нив не ми е пријател на ф.б., не ни сакам да ми биде, никогаш не ме побарал никој (може не ми го знаат новото презиме :D :?: ), ниту пак јас, нема потреба од дружење, бивши си се бивши :!: , културно поздравување, муабет и ај чао до некое случајно наредно налетување.
     
  12. BabY21101994

    BabY21101994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Аххх тие бившии...хаха...:)
    Сум сакала со сите да сум во топ одност и не сакам а притоа и избегнувам карање и неправње муабет..! :)
    со сите бивши сум во пријателски однос... и можеби од страна изгледа дека не треба..како например на дечко ми итн.итн...но сепак и тие биле вмешани во нашиот живот и зашто да не правиме со нив муабет... :)
    ништо страшно :)))
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Мм... со едниот-нее, бидејќи јас така сакав.
    А другиот-даа, другари сме, уште не завршив со него, уште треба да го измачувам. Нема да продолжам уште многу, зависи колку ќе издржи, или колку време ќе можам да бидам ладнокрвна спрема него...
    Би рекла уште некоја година. :)
     
  14. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    со бившиот дечко почнавме поинтензивно да се дружиме и комуницираме ,откако и двајцата си најдовме нова љубов :) и двајцата сме заљубени и знаеме дека тоа што било меѓу нас -било и завршило .
    Сега знаеме да се слушнеме , да си пратиме смс за поздрав , да побара од мене услуга или јас од него без никаков проблем , дури и излегуваме понекогаш заедно во парови и имаме баш супер дружба . Девојка му на почетокот ме мразеше многу , затоа што сепак знае дека сум му била прва љубов , но со тек на време ме запозна и сега се случува дури и јас со неа да излезам сама на кафе и сл.
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Бившиот- еден е. :!: Се поздравуваме коректно здраво- здраво и ајт чао секој на своја страна.
    Го гледам сака нешто повеќе, пробува, се мачи но го промашил времето изгледа. :^) :rofl:
    Поздравот му е сосема доволен. :emo: :D
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Со едниот сме многу блиски, задолжително се слушаме еднаш неделно минимум, си комуницираме, затоа што го чувствувам близок како другар.
    Се смееме, си помагаме во неволја, на него можам да сметам во било кое време, а зошто денеска, во вакво одвратно време да немаш некој + таков човек?

    Луксуз е денес да одбиваш човечност и понудена рака за помош.

    Со другите скоро и да немам контакт, ако ги сретнам правиме културно и куртоазно здраво-живо и секој по својот пат.

    Имам и еден во друг град и кога и да поминам од таму, му праќам пораче да го поздравам и доколку е во можност да се видиме на кафе, зашто е исто фино момче (се разбира доколку девојката која ја има во тој момент е доволно цивилизирана да сфати дека е само едно обично кафе). |(
    Обично не се такви момите, па се немаме видено 100 години што се вика.
     
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Само со еден не контактирам воопшто, дали по негова или вина на неговите другари не знам, како и да е ми згрешија си го добија сите своето своето и готово е меѓу нас. :muscle: Со никој не се дружам онака активно, али кога ќе се видиме обавезно здраво, муабет за факултет, живот. Имам и еден од маало, него почесто го гледам дали во продавница или во автобус ако се погодиме со него може да се каже дека повеќе ни иде муабетот со оглед на тоа дека повеќе се мувавме, а официјално врската ни траеше некои две недели :lol: И така :wasntme:
     
  18. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    еее бившии :D само со еден не правам муабет и тоа сигурно по моја вина. му се скарав оти не го сакав ниту пак можев да го поднесам а тој пак кутриот секој ден звонесе дај да се смириме да пробаме можи ќе ме засакаш дрн дрн, ама не сакав џабе се кога не го сакам ај барем сега и женет сие шовекот и чека бебе :D а само за еден понекогаш се прашувам како би ни било доколку не се разделевме пошто не беше од мојот град ама онака не го сакам повеќе си имам сега дечко скоро 2 год и супер мие :D
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас само со еден бивши сум у така пријателско-уште-ми-се-свиѓаш односи. Мислам ни јас не знам дали уште го сакам, нити тој знае, врска неаме и ние што правиме, али важно интересно ни е. Идевме долго, па раскинавме, па бевме у пријателски односи и пак се смиривме,па пак раскинавме, сега како што гледам пак истава прича продолжува. Не заслужува да се смирам со него по последното негово понашање, али таква сум што да правам, не сум некое злопамтило, а и он па не згреши до толку (ова повеќе ко тешење ми е). Плус он е еден од ретките нормални луѓе што ги знам така да не можам туку така да изгубам нормален човек во мојов живот :) У секој случај, за него се најдобро, најмил ми е од бившиве, си идеме на кафе еве јас го чекам да дојде, другарчиња сме си.

    Другите, едниот го неам видено ни чуено од кога сме се разделиле, другите неславно завршиле, се некои недоразбирања и на крај ни едно здраво немам со нив. Првиот дечко уште ден денес, после 6 години, он и врска си има неколку години, уште ме следи насекаде и досаѓа, со него не ни сакам да имам ни едно здраво ни па муабет не дај боже, освен што замара некогаш на мсн, али и за тоа има блок.
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ууу,темава... 8)

    Чекајте да ги најдам соодветните зборови.

    А,еве ги. Со бивши не контактирам.
    Од проста причина што си го носам проклетството на женидба после мене. :D

    Најсериозно. Двајца се оженија и гледаат или чекаат дете,а сите останати си имаат сериозни врски од по некои година,две,три.. :D

    Само со еден комуницирам сеуште,затоа што само една вечер откачивме и се смотавме,онака другарски.

    Другите,ниту сакам да ги гледам,ниту да ме гледаат.
    Знаете како е,нели, веднаш им доаѓа мисла од типот Кај згрешив со девојкава? :lol: 8) :D
     
    На WhatDreamsMayCome му/ѝ се допаѓа ова.