






Trendafilka напиша:Па не верувам дека сите машки се исти. Според мене си има неколку типично машки особини што си ги поседува баш секој од нив, ама тоа не ги прави сите еднакви , ко од калап извадени. Тоа му доаѓа еднакво на = сите женски се исти, а не сме.
Секој човек си е различен.
Мене најмногу ме буни тоа што сите машки досега пробале да ме убедат - дека кога кажуваат некоја работа тоа и го мислат, дека нема двосмислености, да не им се мислиме многу анализирајќи ги, не биле они женски, мислат едно, зборат друго. Демек кај нив се' е јасно како ден. А кога се сами со другарите и они коваат планови како ние женските, што да направат, како да спроведат нешто, а да не излезе премногу очигледно.
И дефинитивно СИТЕ машки се љубоморни! Пред некој ден дечко за кого не верував дека е способен за таков вид на замарање и чувство искажа љубомора пред мои очи и јас се скаменив. Зар и ти сине Бруте?![]()
Но, во секој случај останувам на тоа дека - не се сите исти.


Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости