Оф леле... јас одамна ја поминав таа фаза, кога најмногу од се на светов сакав да живеам во утопија.

Колку само сум имала бујна фнтазија! хахахаха
Постојано се трудев да бидам фер со сите што ги познавав, никому не сакав да му наштетам (не дека сега сакам, напротив). И така, после многу случки каде наместо да ти се благодарни што си им помогнал, ти уште ќе испаднеш и главниот виновник, јас научив една многу важна лекција во животов мој - луѓево се страшно многу покварени. Ако те сетат дека си добра личност, готово, го обра бостанот. Ќе ти ја цицаат крвта се до последна капка, притоа убедувајќи те дека ти се најдобрите пријатели. Знам како е тоа, веќе доволно попуштав, доста е веќе. Цело време бев свесна за тоа, и упорно бев онаа лошата која за се е крива. Си се лутам на сама себе што сум била толку добра со сите, јас уствари на себе си штетев.
А дали глумам? Добро прашање.
Одговорот е ДА, морав! Несакав да го правам тоа, ни сега не сакам, ама едноставно морам, очигледно тоа е единствениот начин да преживееш на оваа планета. Луѓево сакаат да им се смешкаш, да им се лигавиш, да им тераш филм дека многу си среќен што ги гледаш, и тн...
Само се трудам со никого да не споделувам интимни ствари, никој не мора да ми ги знае тајните. И да, што се случува понатаму - значи кога глумиш, познати ти се добар дел од тактиките за глумење (барем оние основните, иако со тек на време и многу повеќе ќе се усовршиш) и така ти најчесто можеш да препознаеш глумци. Е сеа, твое е дали ќе настапиш отворено со нив или не, се зависи од тоа кој се тие, каква врска имаш со нив. Не мораш да се караш со никого, ниту па мораш да бидеш искрена. Едноставно игнорирај ги тие со кои сметаш дека не може нормално да комунуцираш. Нема потреба со никој да се замеруваш, зошто да си ствараш непријатели со сила?
Биди фина со сите, што не значи дека не знаеш какви гадови се и дека се согласуваш со нивното идиотско понашање. Еве јас на пример, реков дека глумам, да, точно е тоа, но мојата глума не е со лоша намера, туку тоа го правам за да се заштитам од лицемерните, така што нема да бидам искрена да им кажам в лице дека се идиоти, туку ќе си се смешкам и ќе си стојам на дистанца, се додека тоа мене лично не ме засега. Е ако ја преминат и оваа граница, тогаш ќе се мислам како да се справам со нив, макар што со таквите не вреди да се расправаш, тие се такви што со нив никако не се излага на крај.
И за крај, последното прашање: Ако некој мој близок е во таква ситуација, јас не би му кажала директно, од проста причина што лицемерните на се се спремни (мислат дека сите се како нив - правило број еден!), па најверојатно уште со време му ја наполниле главата со глупости за да не може никој друг во ништо да го убеди. Пробај да најдеш некој цврст доказ за сам да се увери дека не го лажеш, инаку ништо нема да постигнеш. Претпоставувам дека имаш таков проблем штом праша, корегирај ме слободно ако грешам.
Немој од ништо да се плашиш и да се малтретираш сама себе за луѓе кои за тебе ништо добро не би направиле. Живеј си го животот онака како ти што сакаш. Ти посакувам се најдобро
