Јас моментално сум во некоја фаза на "другарство по врска". Причините за крајот беа чудни за мене (типот после 7 месеци свати дека несакал врска, му помина еуфоријата и почетното лудило, ми кажа уште имал убави чуства према мене, ама нејкел да биде со обавези према некоја во врска, ниту да ме повреди, па некако на фер нечин ми раскина....) но како и да е, еве 10тина дена после офцијалното раскинување ние неколку пати сме се слушнале. Темите беа општи од типот "како си? што праиш? имаш многу за учење? среќен/на ли си?". Еднаш ме праша дали уште сум го сакала...

WTF!!! Двапати муабетот го започна он, а еднаш јас (од учтивост така, да не испадне сега све он ќе биде добар па ќе одржава комуникација). Можеби со ова он сака да има основа, за кога пак ке застане на нозе и ќе ја надмине на несигурноста и стравот од врска, да ме побара....или може само јас си се надевам (потајно) на ова, како што кажа Lola-M погоре.
У глобала за претходните момци со кои сум била (да не речам бивши) одржавам контакт, имам муабет, како што се вика "човек ќе ти се најде и за не-дај-Боже тука е да ти помогне ако сака", ама не и другарство. Неможам да замислам туку-така другарски да идам на кафе, кино, концерт, журка со некој бивши...што барам... ?