TheCandy880 напиша:Single сум и се гордеам со тоа...но ми фали друштво.
Дугарки имам 2 и двете со дечковци немаат време за ниш ...понекогаш кафе кај мене или кај нив..и тоа кога си имаме нешто да ни тежи на душата па да си се изнакажеме....
Што кога друштвениот живот ми е на НУЛА...пробувам да се вклопам со други девојчиња но сепак сите тие се во свои друштва и не им треба некој друг,некој нов во друштво а не сум таква да се буткам и натурам во друштва не сум неосетна,глупо ми е малку тоа јас се чуствувам така како 13 прасе...И јас повторно сама...
Не знам за темава можеби има нешто слично но барав не пронајдов...ако има кажете..ако не помагајте...Некој совет..цело лето ми помина по дома .без друштво

..мхмм...
Се препознав во овој пост Јас пред 3-4 години некаде , го прочитав и добро се присетив на тоа време и на тоа што ти сегурно сега го чуватвуваш.... Бев во потполно иста ситуација како тебе само што јас се скарав со најдобрата другарка и мислев дека е крај свет. Се дружев уште со многу но како што викаш со кој друг и да излезев едноставно чувствував дека не припагам таму . Една година поминав дома .......понекогаш одев кај некои пријателни на кафе тие доагаа но несакав со никој да излезам , дури родителите ме молеа но знаеа каква ми е ситуацијата и секогаш се трудеа нешто да направат за да излезам

. НО подоцна видов дека всушност дека имам многу пријатели кои што ја не ги гледав , онаму каде што се препознавав како 13то прасе всушност тие ми станаа најдобри пријателки ...Од тогаш па до сеа имам многу другарки но и пријатели . Никогаш не треба да се ограничуваш и да се дружиш само со најдобрите 1-2 другарки , треба да ги имаш и тие да важат како најдобри другарки но треба да имаш и пријатели и со сите да имаш некоја близина ... сигурно имаш неки стари пријатели , комшики , школски другарки и биди сигурна ако си комуникативно и фино девојче во ниедно друштво нема да бидеш одбиена со тек на времето ке станеш дел од нив и јас размислував потполно исто но сега кога јас сум дел од едно големо друштво , и имам многу пријатели знам дека ниедно девојче ако ни се придружи во друштвото нема да биде вишок туку напротив ке ни биде мило што имаме уште еден нов челен во друштвото и преподставувам дека кај повекето е така. И една препорака` Ново запознавај , старо не заборавај` .....

поздрав