TheCandy880 напиша:Gunshine напиша:Уф, те сваќам, те сваќам и те сваќам.
Мене ми е слично.
Тешко ми е да воспоставам нормално пријателство со луѓе од истиот ми пол.
Незнам како да ви објаснам.
Имам една другарка која ми е како сестра. Може биографијата да ми ја напише. Само на неа и се доверувам. Таа ми е единствена, верна и најдобра другарка.
Останатите девојки ми се нешто над познанички.
Правам муабет, се смееме, убаво ни е, ама ставовите кон животот...
Она што не интересира...
Не е тоа тоа.
Сакам муабети околу нешто посериозни теми, а тие сакаат оговарање.
Машките се кај -кај подобри другари од женските.
И немам дечко, не ми треба.
Свиѓам еден тип, али незнам како, три пати го одбив и дечкото си се повлече (сосема очекувано) и ја дури сеа го свиѓам (ебате иронијата)
Не е работата да имаш што е можно повеќе другарки.
И да е една -нека биде таа вистинската, нешто налик сродна душа, со која што ќе можеш да разговараш за се.
имам другарка,сокласничка што секогаш ни се совпаѓаат мислењата и ставовите за било кој разговор или тема да зборуваме но мака ми е не е од мојот град...па се теша ајде иде септември па ке се гледам со неа почесто..али за викенд кога највеке се чувствувам осамено ете баш тогаш нема да биде во мојот град....btw за ВИКЕНДИТЕ МЕНЕ МИ Е НАЈТЕШКО....

И јас имав само една другарка, од класот. Со неа секогаш бевме многу блиски секогаш се поддржувавме, секогаш бевме заедно... Но девојчево има и друго друштво во кое девјките се малку поголеми од нас, но таа се дружи со нив од најмала возраст, па си се дружат многу... Е проблемот е што таа најчесто е со нив, само со нив излегува, а јас сум и само за на училиште. Понекогаш излегуваме но ретко

Таа беше праведна, повеќе пати се обиде да ме зближи со нив, но едноставно тие не ме сакаат

Велат доволно биле во друштвото (иначе се 4 девојчиња) и летото се договориле да не примаат никој повеќе во друштвото

Таа нон-стоп е со нив, со мене е само на училиште, но задоволна бев и со тоа - со оглед на тоа дека немам други другарки. Но сега некако ми е чудна

Како да ме одбегнува. За се што ке и кажам ми вика само БРАВО

Ја прашав што и е и ми вика ништо бе, ништо, а јас гледам како се оддалечува од мене

Немам други другарки, никогаш ни не сум имала некое друштво, од секогаш бевме јас и таа, но сега веќе неможам! Сакам да се дружам! Сакам да имам другарки!!!
