Побарав по форумот но не најдов ваква тема девојки ме интересира како вие флертувате? на кои начини? и како би му дале до знаење на некое момче дека ви се допаѓа, како би поднеле тој да ве одбие пред сите негови другари и да ви се смет и тн. и тн *ако има слична тема не клуч..... катинар да и ставите
Све се прави со погледот Барем тоа е така според мене Инаку сеуште не сум посветила внимание на флертување, но кога сакам да му дадам до знаење на некое момче дека ми се свиѓа, најчесто го користам погледот. А ако и тогаш не сватии... А инаку, како би поднела ако ме одбие пред другари... Паа, никад не би му признала пред другари. Ќе чекам да се расчисти гужвата околу него. И насамо ќе му пријдам.
А како го правиш тоа со погледот, како го изведуваш флертот со поглед Бела многу ме интересира ? Има некоја посебна финта, тоа што беше на статијата со тргнување на погледот после неколку секунди директен контакт очи во очи или друг начин имаш ти ?
Ех како се флертувало со поглед јас ке ти одговорам, прво зјапаш во мобилниот после некое време полека полека ја креваш главата додека сеуште зјапаш во мобилниот па потоа малку со очињата шараш лево десно и му пушташ ишарет додека не те гледа во случај да дојде до директен контакт со очи обавезно го свртуваш погледот на друга страна или пак нагло го подигаш телефонот и се правиш дека си добила повик. Кога сето тоа ке го направиш сигурно дотичниот го забележал твојот флерт.
Тешко е да се објасни баш како, но сепак онака кога ќе фрлиш опасен и „добар“ поглед, или пак го гледаш и си ја растресуваш косата со раката.. све онака женствено шо би се рекло хахаха. Не би можела подобро да објаснам, кога ќе почнеш да флертуваш само ќе ти дојде
Првпат постирам на форумов. Кога имам време го посетувам. Налетав на темава, па можеби можам да ти помогнам некако... еве неколку слики коишто може да ти помогнат во идинина кога ќе флертуваш со некое машко
pogled u faza kao nz koj si, zadrzivanje na pogledot i vrtenje so sramezliva nasmevka... samo da ne izgleda napadno ) neli sme po nezen pol DDDDDDDD
Неделава се потепав од флертување . Поглед Осмех и секогаш прави се Анштајн ти се знаеш , и капак ставај ама со усул Бре да не се уречам цела недекла со згодни дечковци сум ..... ае некој ќе се фати
повеќе работи се кажани и објаснати тука.... и сеа јас ќе ви кажам една добра флерт финта (ќе помогне на некој валда) прошлото лето бевме излезени цел тим и така една другарка имаше донесено нејзини другари од Ск мислам дека беа и излегоа со нас...и така муабети со сите цела ноќ, играње и флерт и од женска а богами и од машка страна... мене онака ми се бендиса еден од нив цела ноќ си прачавме погледи ме гушкаше едно друго(а јас кога се запнувам нешто како пијан за бандера) и седнав малце подалеку од другиве сама...и он ми иде од позади грб и ме чепка...и јас мртва ладна му викам да се навали и го прашувам на уво дали имам нешто на вратот бидејќи ме чешка ...и типчето или му беше позната фразата или па брзо му фаќаше кликерот, почна да ме мазии и бакнува по вратот и така го грабнав таа вечер .....
Прво ,дискретен поглед ,потоа насмевка,обавезно финтата со косата ( си играм со прамен ,или поминувам со прстите низ коса,сеедно) ,ако имам зелено светло и простор - обавезно ќе го потчепнам , со усул...
Поглед, насмевка, зафрлање на косата на страна (секако не како кобила) туку нормално, случајни допири со раце.
Па прво со поглед, ако ми го прифати погледот, ке го натерам со поглед и насмевка да ми се приближи. Зависи од ситуацијата Ми се случувало на журка така, ми се приближил, сме играле заедно, и така искочивме надвор муабет ово оно, фб лево десно, комуникација еееее, лесно е да се флертува, просто обожавам флерт
Леле девојки мене некако ептен ми се наклонија ѕвездите туууу сто флерт ке бесе изгорев ,вчера излегов да си купувам така понеделнички низ бутици,продавници абе мерак,дали оти поголем град многу луге мислам дека цел зивот толку дечковци не зјапале у мене.Верувајте прв пат во зивотот излегувам без очила за сонце,прв пат како да бев падната од марс гардероба сто најдов прво облеков абе никаква.Леле какви погледи од сите страни ке речете сигурно оваа се занесува не бре и не,не ме гледаа оти сум чудна туку доловив длабоки погледи и така малце го задрзам и јас мојот и паднал флертот.Узивав така цел ден и на крај најдоброто,го чекав автобусот и застана еден тип со јака количка,косула му косула,коса му направена јака цвикера абе јас сто секогас нели ладна се правам вака останав ,јас залната никаква недотерана,абе кога почна да зјае овај у мене демек ја остави колата и застанал абе гледа очи му испаднаа ама тука веке и јас де се правам не го гледам па малце погледнам не овој таман тргна накај мене ги знам таквите еден знак и пријдуваат па ми дојде тај глупиот автобус и ја флертувачката занес ме отепа влегувам во автобусот кога се истресов пред соферот а овој ме гледа е па тоа само мене ми се случува срам ми бесе да погледнам преку тај прозорот не дека ме познава ама тоа не ми требасе.И така вчера бесе мојот флерт ден на годината
Флертувам... како што само јас знам и умеам. Суптилно (за да можам во било кој момент да свртам на шега), а сепак ефективно. Најчесто со поглед, малце подзамижани очи и подзакосени и скромна насмевка. А да ме одбие? Пфф па што се замислува? Кој би ме одбил мене, ви се молам??
упатувам заводлив поглед за почеток ,ако му го доловам погледот упатувам блага насмевка и тоа е што повеќе да направам за да му дадам до знаење дека ми се допаѓа , најверојатно не би поднела многу добро , после тоа прва нема да му пристапам на некој,сигурно би си ја слушала цел ден песнава http://www.youtube.com/watch?v=KIeQVv5N ... re=related
Онака ... некогаш е убаво да се флертува и детски (ке се шегуваш со сите потоа нешто насочена на кај него и онака шеги, со паметни фрази, или пак во центарот на пажњата) Ама пак ... сеа за центарот на пажњата малку ... треба бар еднаш да бидеш во центарот на пажњата бидејки многу во центар некогаш довлечкува и до аут! Но сеуште не ми е јасно ... Каква облека сакаат машките Дали сакаат да бидеш обична или пак со некој моден стил кој секогаш го следиш Во коса нешто...?
Погледот е најважен, секако да не биде пренападно сето тоа, туку заводливо. Потоа играње со косата, насмевка, "случаен" допир...
Аууу од кога се избрукав еднаш веќе не флертувам! Тоа беше пред 2год јас конечно да излезам со другарки и видов таму едно дете што ми влезе во око! Нормално дечко имав ама тој не е овде! Јас бев горе а дечко што ми се допадна доле! Па си реков дај малку да го шмекнам! И така се симнувам по скалите и си го пулам и наеднаш ме снема! Си се стркалав 2-3 скали надоле! Ауууу брука