2 фрази до сега ме оставиле буквално во првите 20 секунди, за после Првата (имав 16 години, и бев на некоја забава во Хавана летното сега што е) Типот- Девојко, сакаш да го запознаеш другарми, слета директно од Холивуд со чартер лет, само за тебе. Втората (ми се случи пред нецела година на домашна забава) Типот (многуууу сериозен) - Ако Хитлер ја видел таа насмевка, ке ја престанел војната . хахахахахах Ја незнам дали изгледав некултурно, ама поштено му се изнасмеав во фаца (неможев да издржам), а дечкото направи едно жално фациче и рече ‘ова ми успевало кај други девојки‘ (после зошто машките користат такви фрази, има некои девојки кај кои пали тоа) Како и да е, другарка сум сега со дечково , и секогаш се смееме за ова
Тој: Знаеш колку мнн те сакам јас тебе? таа: НЕ, колку многу? ТојЧ Па те сакам повеке и од Љубовница !!!!
Пред некој ден на фб: он: како оди во љубовта? јас: сега за сега супер. Зашто? он: па онака...овоа сингл досадно е некако хахахаххаха ми идеше да му речам: е шо сеа да не сакаш у relationship да се стаиме? ама мудро си премолчав и offline
Браво Зоки, добро би било кога сите машки би приоѓале на овој начин. Искрено преку глава ми е од некои фрази коишто се употребуваат само за да се најде во муабет некој, а притоа воопшто не е интересен ( тој си мисли дека е) Минатиот викенд бевме излезени со другарките без дечковците, па не видоа големо женско друштво сами, и почнаа со без веза коментари, па може ли пијачката да ја ставам тука, може ли јакната да ја ставам, тука, како вака убави девојки сами, па баш зашто сме убави беше одговорот И кога веќе станаа неподносливи вртејќи се околу нас, буткајќи се а не знаат како да пријдат јас ги викнав и им реков "дечки ако сакате да се запознаеме слободно пружете рака и претставете се, а не вака да не бутате наваму натаму, и да правите глупави гримаси, не сме толку лоши шириме познатства" па така фино лепо се запознавме со дечките, но очигледно не можеа да смуваат ниедна од нас па си се повлекоа
Си правиме муабет со еден стар познаник.. на фб мислам беше и ми вика сакаш ли да излеземе да се муваме ќе купам милка одамна ти должам ( од некоја си кладба ). И јас му викам не фала не сакам да излеземе а милка сама ќе си купам ако сакам. и ми вика ама не се плаши се што ке изедеш од милката ќе го стопиме со бакнување. Така се топат калории. И јас .... Смајли што се крсти. Секако не излегов.
Иначе мене не ми е важно дали ке употреби некоја глупа фраза или само ке каже ‘здраво‘ важно дечкото да е убаф
Сериозна си? Кај мене попрво ќе "запали" шармот и говорот на телото на дечкото, начинот на кој што ме гледа и како разговара со мене. А, не "пијан сум-искористи ме.. и ќе бидам се додека не ме искористиш " (ја имав пишано фразава на оваа тема). И од таков дечко бараш памет? Постојат милион фрази како да се освои женско, освен.. нормално,ако таа не е будала и се потсмева со другарките на глупостите што ги кажува дечкото ПРЕД НЕГО, наместо културно да му се насмевне и да го одбие. Ама.. кога си излезенa со намера "мувам за една вечер", тогаш ќе му гледаш во мускулите и насмевката.
Слична фраза од мое искуство „Сакам да играм со тебе,ама да испијам уште 3 пива па ќе дојдам„ . Ми се допаѓа што не сакаш да се потсмеваш на дечкото пред него,сепак не си баш таква бесчувствителна мрчачка како што се претставуваш во повеќето постови ,а?Јас ценам луѓе кои не се потсмеваат смислено на др.луѓе во јавност за да го билдаат својот рејтинг,па сега го ценам тоа што и ти си таква.Не е умилкување, !!!
Добро е што се промениле впечатоците Чувствата се една работа, она што јас го направив е од чиста култура. Така да, секоја девојка што и е кул in his face да му кажи полно ГРДИ зборови, без претходно да размисли дали е во ред, не дека е бесчувствителна, туку не е културна и внела огромна доза на арогантност, што нема да и послужи баш многу во животот. Што треба да му направам на таков дечко? Да му ја плеснам пијачката во лице? Не. Па и дечкото да биде некултурен, женското треба да ја задржи нејзината женственост, а не да се спушта на негово сељачко ниво и да си ги мерат ташаците. Недостасуваат џентлмени. Да ти отвори врата, да почека ти прва да заминеш, па тој по тебе. Фразите "спиев со мечето,но го изгубив, може да спијам со тебе" .. ќе запалат само кај некои вакви (како ова смајли)
Ашлинг Ок,она чувствителност и бесчувствителност беше некако ненајсоодветно изразено,не го анализирај секој најмал збор до бесконечност,ти бетер си и од дечко ми,ќе му го одземеш приматот во хиперхиперхипер на n-та аналитичар !Поентата ми беше и за да имаш изградена култура треба да имаш осет,како понизок степен од чувство или емоција да речеме.Да се размисли свесно,нели сме homo sapiens,за тоа како секоја наша постапка ќе се одрази на др.луѓе. А јас претерани џентлмени и не сакам,сакам некој кој ќе ме третира најрамноправно,сама си отварам врата и си чекорам до него-ни пред ни зад него,ама не се мешам на др.секој си избира како што му годи !!!
Да не бидам опомената,немаше опција за редактирање! Се сетив на еден случај од средно.Ми приоѓа дечко во дискотека „Колку убави усни,мора да се силиконски„ јас лаконски од култура „не,не се„ тој „ама таква совршеност,сепак не е срамно доколку се...„.Мене ми се запали сијаличката овој игра на карта инает и фино го отстранив со некои фрази од типот нема повеќе баш простор за дискусија тука.Има дечки кои ја користат оваа тактика напад на его+твроглаво инаетење,а никој не е баш имун на ова.Значи приоѓа дечко на убава и паметна девојчица и задава удар на его нешто во врска со изглед најчесто,нејзе и се крева коса,правилното расудување и е заменето со инстант бес,веднаш е во напаѓачко-одбранбен став,што овој и сака.Тие се инаетат едно добри 15мин.од страна гледано тие се заедно тоа време .таа на крај грубо го брка,тој со задоволна фацка се враќа кај другарите и им вели „јес да е убава,ама толку глупава,браааааааааааат,па не успеав повеќе,ме угуши со глупости„! Др.пример од сите другарки дечкото се качи на најнеубавата,за да удри по егото на поубавите и да го привлече нивното внимание,што му е и целта .Со ова не сакав да навредам никого,другар мој ми рекол како ја применува тактикава,бидејќи верувам дека не е ни прв,ни последен сакав да посочам на ова.Ова се опасни манипулативни маневри. Наравоучение-внимавајте девојки,има дечки кои безмилосно удираат на вашето его на подмолен начин ,не им давајте простор на ваквите да ве вовлечат во нивната игра!
хахаха мене ми се има случено слично нешто, демек толку убаво лице имаш кој пластичен хирург ти го правеше. И јас му викам, мило ми е што има луѓе кои не се срамат да побараат помош за да си ги остстранат недостатоците. Дај ми број кје ти го пишам од дома бројот на докторот и ќе те препорачам. Дечково почна да мењава бои и на крај си отиде.
Си седиме со другарка на клупа и пушиме цигара, кога ни доаѓа еден маж и ни вели: Зошто вака ни правите? Зошто не мачите? И ние две го гледаме вака . Може да се запознаеме? И другарка ми вели: Не. Не ширеме познанства. И типот фино лепо се повлече и си влезе во кола кај другар му. Цццц...
Една од нај??? фрази кои ми биле упатени беше „А да прескокнеме удварање, сакам да те еб м“. Е, ама како го кажа тоа, јас фатив да се смеам, па се засмеа и тој, па си направивме муабет онака, другарски, ми кажа дека еднаш дури и му успеало (И тој бил изненаден, на одмор бил, во диско и типката му рекла „ај“ и после... на плажа ). На крај дури и ми се извини, мислел ќе биде финта .