Спаѓам во тие девојки што знаат да им помогнат на другите, но никогаш самите себеси. Кога другарките ми бараат совет како да се смуваат со тој и тој, обично секогаш тоа што сум им го кажувала - делувало! Е сеа кога доаѓа ред за мене, изгубена сум од овде до Марс! Ми се свиѓа еден од друг град што повремено за викенди доаѓа у мојов град. Се запознавме преку една заедничка другарка што исто не живее у градов, али има нешто блиска фамилија овде, па секој викенд се глеаме.
Е сеа проблемов е што сакам со типов да се смувам, не може врска на далечина јасно ми е, али не знам како да го изведам тоа. За 1мај бевме заедно кај другарка ми, ко на спиење со уште неколку души, глупости, заебанции итн и осеќав дека нешто му се дешава со мене. Неколку пати му го фатив погледот, како зјапа во мене, нон стоп шепотеше со другар му.. Едноставно се осеќа кога има хемија. Но тука е проблемот - што јас не сум многу на мсн, он е ретко на фб и скајп и не си пишуваме. Фактички, само кога доаѓа у градов имаме контакт. И за жал не може да си ја преболи бившата (ТИПИЧНА ШМИЗЛА! со единствена опсесија е да е у центар пажња, нема на кој не се пика и не сака да се откачи од него, ако веке не се заедно).
Кога игравме вистина-предизвик онака на шала, го прашаа дали ме свиѓал - рече дека имало други ‘‘мерила‘‘ и дека од неговиот град имало нешто.
Што да правам? Како да ја убрзам работава, сакам да се деси нешто! По карактер е весел тип, сака акција. Али е ете се погоди наивен, оваа бившава го вози како сака, нон стоп си игра топло ладно со него, а на трети им се нуди. Ја запознав, НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА!
како понатаму ?
