Ич да не ти е гајле за другарката, на денешно време треба само за себе да си гледаш, разочарувачки е ама факт е. Може ќе си помислиш кучка сум, ама од искуство зборам, значи гледај си само за себе, прави и се другарка а шмекај си го и око да не ти трепне.
Ако каже леле колку се слатки речи, да бе ко мед и мармалад сме и се со насмевка као демек на шала.
Ти реков и во претходниот пост како со него, а другарката смешкај и се прави и муабет а работи си на случајот, не мора да и се исповедуваш нејзе што и како ти се случува.
Ако праша што правите муабет или ако се лути оти зборувате, речи си се шалиме, не можам да го игнорирам кога седиме заедно и готово.
Тие поинтимни работи чувај си ги за себе, оти не е за верување како некои луѓе користат дури и стиници кои некој ги кажал.
Поздрав
