ТЕМА: Како да се помирам со...

Мислење 28 Јан 2012, 20:01

Како да се помирам со фактот дека е подобра од мене :?:
Значи вака таа е таа што е секогаш во центарот на вниманието,таа е таа што секогаш сите машки трчаат по неа,таа е таа што мојот симпатија ја сака па и многу други момчиња,таа е таа по која трчаат сите фреари,таа е таа која е најважна во се поради која другите не се приметувани,таа е таа што ги прави сите мои другарки,па и мене,со намалена самодоверба.Како да се помирам со тоа???
Самата сум свесна дека на други полиња сум подобра сто пати од неа ,но неа сите ја приметуваат,а таа си го храни егото и другите девојки ги прави да се чувствуваат понижено.
Дали е во малоумноста нејзина ( да бидам искрена сите се подобри у мозок од неа,ама ете ) ,дали е до ц*****е (само тоа и го има,широки колкови, газ залепен со тава,сало...) до што ли е незнам.
Можеби сега ви изгледам како исфрустрирана и љубоморна тинејџерка,а можеби и сум,но ве молам помогнете ми и кажете ми што да правам :headbang: :punch: :u:
Аватар на корисникот
Xepp

Сино цветче
 
2127
Мислења: 249
Зачленет: 14 Јан 2012, 17:58

Мислење 28 Јан 2012, 20:23

Никој не е подобар од тебе. Што ако ја приметуваат неа сите? Па ти не живееш за сите. Ќе видиш за неколку години дека ти ќе си многу по успешна од неа, а таа ќе може само вода да ти носи. ]:) Остави ја настрана таа љубомора и почни да размислуваш позитивно. Ти си попаметна, поубава, подобра од неа. Таа ќе остане без другарки еден ден затоа што е таква каква што е, не ти. Сега стави ја на игнор и продолжи со животот. :)
Аватар на корисникот
Butterfly15

Зелено цветче
 
1124687
Мислења: 795
Зачленет: 24 Јун 2010, 18:21
Локација: In seventh heaven .. (:
Слика

Мислење 28 Јан 2012, 20:28

Ја ставив на игнор и сега виде дека не ја приемтуваме и почна неш да се вифка за да повлече внимание,инаку за мои години имам добри планови за две години одам на медицинско средо у скопје и бегам одовдека.
инаку еднаш бевме на една забава и беше на метро две одмене и ме оговараше..па понекогаш се замислувам дали вреди да се нервирам и за него и за неа...
Аватар на корисникот
Xepp

Сино цветче
 
2127
Мислења: 249
Зачленет: 14 Јан 2012, 17:58

Мислење 28 Јан 2012, 20:33

Ќе остане без другарки зошто умее да си го живее животот?! Клевр,вери клевр. Затоа ќе останат останатите од друштвото на наредната која ќе се истакне да и завидуваат,дур една по една не останат сами.
Некои луѓе не можат да сфатат дека никогаш нема да станат некои на кого му завидуваат се додека се споредуваат,а друго е што го немаат оној клучен фактор х.
Кој ти е муабетов бе девојче,не е паметна?!Јас сигурна сум дека ти мислиш дека меѓу сите вас кои викаш дека има попаметни,сметаш дека ти си најпаметната. Што се однесува до тебе,ти сакаш да бидеш таа која ќе биде обожавана и во центарот на вниманието. Нејзиното сало и гз ти се предмет на тешење?! Па тоа е жално. Ти си исфрусрираната и злобна другарка. Искрено,кога би била тоа девојче,јас би одбрала да не се дружам со вас. Мене ми делува како многу самостојна и самосвесна девојка,а вие околу неа болни и недокажани нарциси.

Немаше да пишам,ама сериозно сум загрижена дека како што се расте работите се влошуваат. Затоа што веќе не се работи за симпатии,која е најубава,туку за сериозни работи со кои се случуваат ама баш истиве овие работи.


Ако не се промениш ти,многу е веројатно да останеш ти сама. Секогаш кога ќе има во близина подобар од тебе ќе го доживуваш како да те обесправил,како тој да е виновен и ќе го мразиш. Секогаш има и подобри и полоши,прифати го тоа и живеј си го животот. Ти си ти и не можеш да бидеш поинаква. Може ако престанеш да се споредуваш ќе откриеш дел од себе кој е поинтересен од личноста на твојата другарка,а кој ќе им биде занимлив на луѓето. Уствари што се битни другите луѓе и нивната потврда?!

Сериозно ова сега е тинејџерска безазлена глупост,ама после кулминира и е страшно... средувајте ги овие бубачки дур сте помали,да не пати светот.
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
86081399
Мислења: 4390
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 28 Јан 2012, 20:36

Остави ја нека прави таа што сака ти гледај си за тебе, на тебе да ти е убаво. Таа те оговара затоа што или сака да биде како тебе или ти љубомори. Тие луѓе се безвредни. Нема зошто поради таква некоја ти да се нервираш и да си го скратуваш животот од нервоза. :) Остави ја, ќе сватат сите еден ден каква е и ќе и завртат грб сите.
Аватар на корисникот
Butterfly15

Зелено цветче
 
1124687
Мислења: 795
Зачленет: 24 Јун 2010, 18:21
Локација: In seventh heaven .. (:
Слика

Мислење 29 Јан 2012, 12:14

Бјутефли благодарам за подршката,ќе пробам да си го живеам детството без нервози :)
Инаку Лилит цела вечер размислувам и навистина ми е жал што ти оставив ваков впечаток па ти така да ме осудуваш, навистина ми е жал што имаш такво мислење за мене...
Аватар на корисникот
Xepp

Сино цветче
 
2127
Мислења: 249
Зачленет: 14 Јан 2012, 17:58

Мислење 29 Јан 2012, 15:00

Xepp напиша:Како да се помирам со фактот дека е подобра од мене :?:
Значи вака таа е таа што е секогаш во центарот на вниманието,таа е таа што секогаш сите машки трчаат по неа,таа е таа што мојот симпатија ја сака па и многу други момчиња,таа е таа по која трчаат сите фреари,таа е таа која е најважна во се поради која другите не се приметувани,таа е таа што ги прави сите мои другарки,па и мене,со намалена самодоверба.Како да се помирам со тоа???
Самата сум свесна дека на други полиња сум подобра сто пати од неа ,но неа сите ја приметуваат,а таа си го храни егото и другите девојки ги прави да се чувствуваат понижено.
Дали е во малоумноста нејзина ( да бидам искрена сите се подобри у мозок од неа,ама ете ) ,дали е до ц*****е (само тоа и го има,широки колкови, газ залепен со тава,сало...) до што ли е незнам.
Можеби сега ви изгледам како исфрустрирана и љубоморна тинејџерка,а можеби и сум,но ве молам помогнете ми и кажете ми што да правам :headbang: :punch: :u:

Често во светот на машките се случуваат некој такви големи заблуди. Јас памтам по една уште во основно сите трчаа, а реално гледано - ништо убаво немаше на неа, па не беше ни мила особа...

Абе батали ја таму. Веројатно машките се околу незе поради лесен пристап (плус има и големи ц***и :tmi: ), а девојките пошто гледаат некаква друга корист. Инаку, искрено, никој не сака сало... :P


Отфрилија од твојот свет. Најди друго друштво, собери ги исфрустрираните девојчиња околу тебе или било како...... сигурно можиш да бидеш хармоничен лидер на едно друштво. Немој да се помируваш со улогата на послушник. :D т.е. скоро никогаш не мораш да се помириш со нешто , туку можеш да го искористиш како сопствено добро ;)
Аватар на корисникот
Geronimo

Фем почетничка
 
111
Мислења: 15
Зачленет: 26 Сеп 2010, 19:35
Локација: во фиока...

Мислење 29 Јан 2012, 15:20

немој да и бидеш на таа девојка љубоморна, оти зависта е лоша работа
фокусирај се кон себе, и не се преоптеретувај дека сите фраери се околу неа, постои некој на овој свет кој ке те сака, цени и почитува(и нема да му биде важно што немаш големи гради) со срека :)
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
4542804
Мислења: 1613
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:13

Мислење 29 Јан 2012, 15:25

Ова што го кажуваш е нормално...и сите некогаш сме го помислиле или осетиле....
Ама, таа ќе е поубава од тебе, само ако навистина ти мислиш дека е така...
А, иначе, сите очи не гледаат исто...За тебе можеби е убава, за друг е чиста грдотија...
Се` е прашање на вкус...

Но, најбитно е каква е во срцето? Дали е добра особа или не? Ако карактерно не е убава, со какви перја сака нека се украси, џабе е...

Така да, не се замарај околу неа, каква е и дека е стално околу машките. Машките таквите како неа ги препознаваат и ги сакаат само за забава, ама за ништо повеќе. (барем повеќето машки).

Уживај, терај си го своето и не се замарај со другите женски. Верувај во себе и во своите способности. ;)
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
12161557
Мислења: 1790
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 29 Јан 2012, 15:39

Благодарам на поддршката и ќе се потрудам да ги слушам вашите совети,ќе се фокусирам на нешто друго и ќе се потрудам да не мислам на тоа :*
Аватар на корисникот
Xepp

Сино цветче
 
2127
Мислења: 249
Зачленет: 14 Јан 2012, 17:58

Врати се на Сингл

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter