ТЕМА: Како да се помирам со...

Мислење 29 Јан 2012, 16:04

Xepp, искрено никој не може од зад монитор, да ти одговори со сигурност, дали вниманието што го добива твојата другарка е заслужено или пак не е. Како и да е, фактот што тврдиш дека си сто пати подобра од неа, не фрла баш добро светло врз твојата личност. Наместо да го сфатиш ова како атак или осуда, размисли навистина самокритично околу тоа колкава е твојата потреба од тоа да си центар на внимание и колку всушност се компарираш и патиш при вакви компарации со другите луѓе.

Околу тоа дека девојчето е сега мета на сите фраери, тоа може драстично да се измени во поглед на приоритет со кој не се помируваш, конкретно за тебе зборувам, ти моментално не си ни свесна колку ти е всушност бесмислена зависта, бидејќи за едно 5 години, ти сама не ќе наоѓаш допирни точки со најголемиот дел од нив, бидејќи созревањето носи природно отфрлање на фраерите кои се интересни низ средношколскиот период, барем за оној голем процент од нив, кои ќе останат на исто ниво на развој во текот на целиот живот. Ова ми е интуитивен заклучок бидејќи претпоставувам од постот, дека ти е значајно вниманието од таквите фраери. А претпоставувајќи за кој профил машки се работи, се надевам дека ќе ја надминеш таа потреба.

Ако барањето на внимание ти е опсесија, научи да се справиш и избориш со истото со време, бидејќи дури и во 30-тите и 40-тите и постојано, ќе го влечеш со себе овој проблем, бидејќи верувај ова и тоа како е проблем, кој ќе ти го загорчи и твојот и животот на тие околу тебе. Атенш сикр хардкор персона е ноќна мора и е во најнепожелните при избор без разлика дали за партнер, другарство или било каква интеракција...

И за крај, размислувај во насока на тоа да се прифатиш и цениш како посебна индивидуа, да се вреднуваш секогаш реално, бидејќи никој од нас не е 100 пати подобар од другите на било кое поле, колку порано го сфатиш ова, толку подобро. Сите имаме и доблести и маани и можности и ограничувања, запознавање на своите негативни страни и минимизирање на истите е единствената правилна борба кон тоа да станеме подостојни луѓе.
Аватар на корисникот
Theodora

Жолто цветче
 
44603391
Мислења: 1427
Зачленет: 19 Јан 2011, 20:18
There's a fine line between fishing and just standing on the shore like an idiot.

Мислење 31 Јан 2012, 19:37

Што бе тинејџерка? 19 години има, мала ли е?

Доста со зајадливоста, мора да сватиш дека ти си таа што е празна, штом се занимаваш толку со неа. Гордоста, билдање на егото и суетата исфрли ги надвор од употреба и не се ставај во филм дека ти си таа што заслужува толку внимание, бидејќи како што гледам, доста површно ги проценуваш работите -имала вишок килограми, грда била...

Уозбили се и свати дека не си 13 годишна овца што се споредува со другите, срамота...
Аватар на корисникот
Gunshine

Зелено цветче
 
47872
Мислења: 790
Зачленет: 06 Мај 2010, 14:08
Локација: Сиетл
-Soon our voices must become one, or one must leave.

Мислење 30 Мар 2012, 20:56

Јас како што разбрав од ова мислење,девојчево е 6 одд.


Xepp напиша:Ја ставив на игнор и сега виде дека не ја приемтуваме и почна неш да се вифка за да повлече внимание,инаку за мои години имам добри планови за две години одам на медицинско средо у скопје и бегам одовдека.
инаку еднаш бевме на една забава и беше на метро две одмене и ме оговараше..па понекогаш се замислувам дали вреди да се нервирам и за него и за неа...
Аватар на корисникот
CIA

Жолто цветче
 
15741707
Мислења: 1108
Зачленет: 17 Мај 2011, 18:28
Boys:Long as your mama love you, don't ever love a woman.
Girls:Long as your dad love you,don't ever love a man.


Слика

Мислење 16 Мај 2012, 17:40

Да шесто сум. Сега случајно ја видов темата и се сетив дека јас ја имам отворено па само се запрашав на што дрога сум била тогаш?? :?:
Сигурно во лутина изавист и љубомора е напишано со оглед на тогашната ситуација. ОФ боже чудна сум..
Аватар на корисникот
Xepp

Сино цветче
 
2127
Мислења: 249
Зачленет: 14 Јан 2012, 17:58

Врати се на Сингл

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter