ТЕМА: Љубов кон позната личност

Мислење 30 Јан 2012, 19:19

Еве јас ќе ви раскажам за последната моја средба со јавна, позната личност. Беше средба што ме смени во целост и средба што ми го преврте светот со нозете угоре и ја извади најкршливата и најнежната страна од мене на виделина.
Ник Вујичич :)
Го запознав додека живеев во Давос, мината година и бев на пракса во еден хотел преку факсот. Јас не знаев кој е, ама кога го видов ми се пресекоа нозете и снемав здив. Пред мене имаше човек без раце и нозе со прекрасни зелени очи и со најпрекрасната најискрената насмевка што сум ја видела некогаш..
Беше гостин на светскиот економски форум во Давос и беше во нашиот хотел скоро недела дена. Во тие денови, се гледавме секој ден и се погоди да ги служам баш јас.
Еден ден ме викна Ник на својата маса, ме праша : ти од Македонија си ? Му реков да, и почна да раскажува дека е Србин всушност но роден во Австралија, од двајца родители срби. Почна да ми зборува малце на српски :) и ми рече дека е многу среќен что сретнал некој од Југославија.
Дека одамна не бил во Србија, ама при првата можност сакал да оди. Од тогаш станавме уште поблиски и со него и со неговиот помошник.
За жал, некако иако не требаше да имам слободен ден баш тогаш кога си заминаа, јас имав слободен ден. :(
Не се видовме за да се испратиме и следниот ден го поминав во солзи, ама буквално удавена во солзи. Ми остави толку голем впечаток што верувам дека и Бред Пит да го запознаам нема да го засени.
Немам видено досега толку позитивен човек, што толку го љуби животот и што дели толку прекрасни насмевки безрезервно.. Би можела да пишувам цел ден и нема да можам да ги искажам своите впечатоци од него.
Прекрасно, прекрасно искуство на коешто сум горда.
После пишавме и е/маил... :)
Аватар на корисникот
Unica

Сино цветче
 
202173
Мислења: 323
Зачленет: 05 Окт 2010, 00:12
I carry your heart. I carry it in my heart..

Мислење 01 Фев 2012, 00:11

maca99 напиша:Сите сме поминале низ овој период,и сосем нормално е.
Јас на времето бев затрескана во Бекстрит бојс,поточно во Ник Картер 8) :D
Потоа следеше затрескување во Виле Вало-Хим,ееее работата дојде дотаму што и меил му пишав :rofl:
Ама денес уште си го сакам,се разбира како пејач,ги обожавам ХИМ :inlove:

И јас бев затрескана во истите и баш ме интересира што му напиша на Виле Вало идали ти врати
Violeta86

Фем почетничка
 
35
Мислења: 17
Зачленет: 15 Јан 2012, 20:37

Мислење 01 Фев 2012, 01:16

verica94 напиша:абе не играл на европско аман
игра у лирија прв тим и постар е од мене 1 година
http://www.facebook.com/?ref=home#!/pro ... 1218221419

Па така кажи бе дете :D
баш ти е гајле кај игра и кој тим. Додај си го за пријател и Break a leg. :)
Аватар на корисникот
Monique995

Бело цветче
 
2519
Мислења: 74
Зачленет: 09 Дек 2011, 23:50
Damon (to Alaric): Guess what? Everyone hates me. But you can't deny, we were bad ass!

Слика

Мислење 03 Фев 2012, 04:35

Abeja напиша:
BlackSwan5 напиша:Абе ако е затоа и јас сум заљубена во Енрике Иглезијас,Кире Лазаров,Кристијано Роналдо,Икер Касиљас ама џабе ми е,не ме фермат :D .

Зошто, о зошто губиш надеж, не за џабе велат-надежта умира последна
Слика

Но сепак умира :D .

Абе сите сме го поминале тој период.Трескање од земја поради некои фацки,лепење на сликички,постер итн.Сега ме потсетивте и мене за Ламбе и колку лудував по него :tmi: .Кога бев шесто-седмо оделение нормално како и секоја девојка губев глава за него.Па онаа песната што беше Спаси ме,ја слушав 50 пати на ден.Баш пред некое време најдов една тетратка кај братучетка ми каде и она како мене си пишувала споменарки со неговото име.Абе детска работа :) .А сега Ламбе не можам да го гледам а тогаш совршено момче ми беше :lol: .
Ама на спортисти и до ден денес си се палам.Си сонувам за една тројка со Владо Илиевски и Дамјан Стојановски.Па една четворка со некои Реалови фудбалери.Тие wet dreams си ги имам сеуште :wasntme: ;) .
А сега за девојчето не знам што да ти кажам.Не знам колку познат спортист е таа личност.Но сепак пробај си ги шансите,ако мислиш дека може ;) .
Аватар на корисникот
BlackSwan5

Жолто цветче
 
20602289
Мислења: 1869
Зачленет: 06 Јун 2011, 03:54
Локација: На Сантијаго Бернабе

Мислење 09 Фев 2012, 02:51

Мене искрено никогаш не ми се случило. Не ми е јасно како може да идеализираш некој што си го видел на телевизија и никогаш не си имал физички контакт. Не дека не ми се случило да идеализирам некој :P Ама, во случајов не некој што не го познавам лично.

(ова нормално се однесува за периодот кога бев тинејџер)
Аватар на корисникот
ell

Сино цветче
 
6846
Мислења: 115
Зачленет: 23 Дек 2010, 17:35
Локација: Во земјата на чудата.
Revenge not taken is the sweetest gift you can give yourself.

Врати се на Сингл

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter