Од каков тип на мажи/жени бегате? Од каков тип на карактери бегате? Не се мисли на физички изглед , туку за почеток на состанување и врска.
Од машки што на прв состанок зборуваат дека сакаат брак, семејство, од машки што лажат на секој збор.
Од мажи кои пред женските зборуваат просто. Или кога вулгарно коментираат што би и правеле на некоја со огромни облини, а истовремено и се пуштаат на некоја девојка. Жив сведок бев на ваква ситуација и ми беше жал за девојчето.
од мажи кои се веќе 22-23 па и повеќе 30 а сеуште не се трудат да створат нешто од себе и оние на кои секоја девојка им е најдобра !
Без цели во животот. Синови на мајка. Деца, големи деца. Неспособни, мрзливи, ограничени , љубоморни, премногу самоуверени, метросексуалци, завидливи на моите успеси. Сите оние кои не го разбираат начинот на кој го гледам светот со мои очи.
дволични кога ќе видам некој што ќе те дружи и после една недела ќе те остави на цедило сам да си ни здраво не му викам после
И јас бегам од мрзливци кој немаат појма за животот и сеуште чекаат од своите родители,бегам од лажговци и неискрени луге
Од мажи кои оговараат Тоа е нешто најлошо за еден маж. За жал постојат такви и тоа многу такви постојат.
...зашо да се бегам...јас не бегам од жени никогаш, од секоја жена може да се научи по нешто...( како да се однесуваш или како не треба да се однесуваш во одредени ситуации)...
od mashki shto ne znaat da te cenat -podlozni na dvlijanie na drugarite -ljubomorni -prepotentni - zenkari ...
- Од големи деца т.е типови кои безделничат по цел ден и кои без мама неможат да одлучат ни што ќе јадат - Од дечки кои боледуваат од љубомора - Од тешки сељаци без култура - Од дигнати фраери кои мислат дека сите трчаат по нив - Од плачковци - најтапа ситуација ми е кога машко на секој збор ми се жали а не превзема ништо за да си ја подобри состојбата
Не ми е тешко да одговорам бегам од оние мажи кој личат на татко ми , тој ,глас карактер, поглед и злоба уф колку го мразам
Бегам од: - женкари! еднаш налетав, повеќе никогаш! - лигуши, ни грам машкост во себе - машки, кои немаат цел во животот - сељачишта, кои незнаат за однос спрема девојче - и најгрдото, дечко да ми шљапка на маса додека џвака храна, уф можам одма да станам и да си отидам!
Бегам од женкари, од такви што немаат цел во животот, од болно љубоморни! Доодуша моментално имам дечко, не треба да бегам ( ама да си кажам де, што нејќам )