feminna09 напиша:Можеби е смешно-или не , но дали девојка од 17 години е нормално да нема дечко до сега ..... thats my case
Па нормално е да ти биде првиот дечко на 17 години, не на 13. Од 15 па нагоре периодот е резервиран за дечковци, според мене, иако јас на 13 имав „дечко“. Ако знаеш што сакаш, и си го бараш тоа, а до сега не си го нашла, или не си успеала да го добиеш, да, нормално е и тоа многу. Подобро така отколку да прифаќаш понуди колку само да се има дечко бидејќи сите твои другарки фатиле.
feminna09 напиша:Можеби е смешно-или не , но дали девојка од 17 години е нормално да нема дечко до сега ..... thats my case
ништо страшно и да ти кажам не си единствена и нормално е. еве јас наполнив 17 и уште немав дечко.и после значи 17ипол си фатив прв пат дечко..немаш појма колку ме почитува, се гордее со мене .
feminna09 напиша:Можеби е смешно-или не , но дали девојка од 17 години е нормално да нема дечко до сега ..... thats my case
Пфф, смешно НЕ Е ВООПШТО СМЕШНО да се нема дечко на таа возраст. Не ти дошол вистинскиот. Ич немој да се секираш ке видиш дека за кратко време ке ни кажеш дека си нашла
Подобро да почекаш, отколку да го правиш она што го прават уште од 12-13 години не ми се збори, се нервирам од самата помисла
Незнам зошто но постојано мислам на тоа дека сите си го гледаат својот живот и си продолжија со него,а јас неможам да мрднат од мртва точка.Од секогаш сум знаела да се социјализирам и сум била опкружена со пријатели,но периодов нема никој,чудо некое.Дечко немам и немам ни некоја потреба за него.Трагично е што моментално никој не ме привлекува и немам дури ни на кого да мислам. Барем другарки имам,ама сега па и они некако (извините на јазикот) ме одјебаа.
Мнооогу се плашам од осаменост.Мислам дека ќе западнам во депресии.
Rock.Girl напиша:Прочитав многу постови каде што сте опишале како сте ги загубиле своите пријатели, блиски и сте останале сами. Нека оваа тема биде едно место за запознавање, дружење и создавање на нови пријателства. Една од причините поради кои решив да ја создадам оваа тема е токму поради тоа што и јас ги изгубив моите пријатели и останав сама. Еве јас ќе бидам прва која ќе го пише своето искуство тука. Имав многу пријатели, постојано некаде одевме, се дружевме излегувавме и наеднаш се растури се. Се поделивме на неколку групи и сите си тргнаа на различни страни. Јас бев таа која секогаш беше тука за сите, помагав на сите, за сите бев рамо за плачење кога им требав и на крај останав без никој, сите ми го свртеа грбот и си отидоа а јас си останав сама. Едни си фатија дечковци други почнаа да измислуваат глупости и додека се свртев јас бев сама без пријатели, без никого во кого можам да имам доверба. Пронајдов нови другарки, но никогаш не се осетив прифатена и на крај се повлеков во себе. Секоја вечер заспивам со плачење, ги слушам сите како се договараат каде ќе одат за викенд а јас знам дека ќе седам дома пред компјутер или ќе гледам телевизија. Имам другарки од класот и прашав две од нив дали мошам да излегувам со нивното друштво, сите се согласиле само една не и поради таа една јас повторно останувам сама. Си помислувам зарем можам толку да бидам несреќна, што толку лошо направив што не можам животот да си го доведам во ред и конечно да бидам нормална личност. Криво ми е што најубавите години ги минувам дома, осамена и несреќна. Се плашам дека еден ден ќе се разбудам и ќе сфатам дека животот ми поминал а јас немам убави спомени за раскажување. Некако незнам ни јас сама како останувам на нозе и се трудам да се смеам, но навечер кога останувам сама повторно му се враќам на плачењето и на сите тие лоши мисли. Не сум таква да им правам лошо на другите, комуникативна сум, дружељубива, а сепак сум сама. Незнам уште колку ќе трае овој период и незнам дали воопшто ќе заврши. Се надевам дека тука на форумов ќе запознаам луѓе со кои ќе можам да другарувам. Се надевам дека тука ќе се создадат нови пријателства. Пишувајте ги вашите искуства и мислења и се надевам дека оваа тема ќе ни помогне на сите тие кои минуваме низ ваков лош период да го надминеме
Зошто не почнеш на некој курс по јазик, спорт, аеробик.. зачленисе негде авон, орифлеим... еве ти начин да запознаеш нови другарчиња
Верувај ми дека пробав и на тој начин, едноставно луѓето се одбивни. Сите те гледаат како да си 13 прасе. Си бев осамена и уште сум си осамена. Ама тоа е тоа, прифатив дека тоа е така едноставно и навечер си плачам и јас незнам колку. Не е да немам никого, имам другарки ама кога ќе дојде време за излегување е тогаш нема никој. Сите се бранат од далеку ако ги прашаш дали може да излезеш со нив. Незнам што е работа со лугето. Уште ми е тешко ама веќе незнам што да пробам и што да се обидам и се откажав ...
feminna09 напиша:Можеби е смешно-или не , но дали девојка од 17 години е нормално да нема дечко до сега ..... thats my case
Зошто би било смешно? И јас имам 17 години па немам дечко...едноставно сметав дека не бев подготвена за такво нешто и толку. Немој да паѓаш во депресии за ваква работа... Поздравче од мене
Rock.Girl напиша:
Justinna напиша:
Rock.Girl напиша:Прочитав многу постови каде што сте опишале како сте ги загубиле своите пријатели, блиски и сте останале сами. Нека оваа тема биде едно место за запознавање, дружење и создавање на нови пријателства. Една од причините поради кои решив да ја создадам оваа тема е токму поради тоа што и јас ги изгубив моите пријатели и останав сама. Еве јас ќе бидам прва која ќе го пише своето искуство тука. Имав многу пријатели, постојано некаде одевме, се дружевме излегувавме и наеднаш се растури се. Се поделивме на неколку групи и сите си тргнаа на различни страни. Јас бев таа која секогаш беше тука за сите, помагав на сите, за сите бев рамо за плачење кога им требав и на крај останав без никој, сите ми го свртеа грбот и си отидоа а јас си останав сама. Едни си фатија дечковци други почнаа да измислуваат глупости и додека се свртев јас бев сама без пријатели, без никого во кого можам да имам доверба. Пронајдов нови другарки, но никогаш не се осетив прифатена и на крај се повлеков во себе. Секоја вечер заспивам со плачење, ги слушам сите како се договараат каде ќе одат за викенд а јас знам дека ќе седам дома пред компјутер или ќе гледам телевизија. Имам другарки од класот и прашав две од нив дали мошам да излегувам со нивното друштво, сите се согласиле само една не и поради таа една јас повторно останувам сама. Си помислувам зарем можам толку да бидам несреќна, што толку лошо направив што не можам животот да си го доведам во ред и конечно да бидам нормална личност. Криво ми е што најубавите години ги минувам дома, осамена и несреќна. Се плашам дека еден ден ќе се разбудам и ќе сфатам дека животот ми поминал а јас немам убави спомени за раскажување. Некако незнам ни јас сама како останувам на нозе и се трудам да се смеам, но навечер кога останувам сама повторно му се враќам на плачењето и на сите тие лоши мисли. Не сум таква да им правам лошо на другите, комуникативна сум, дружељубива, а сепак сум сама. Незнам уште колку ќе трае овој период и незнам дали воопшто ќе заврши. Се надевам дека тука на форумов ќе запознаам луѓе со кои ќе можам да другарувам. Се надевам дека тука ќе се создадат нови пријателства. Пишувајте ги вашите искуства и мислења и се надевам дека оваа тема ќе ни помогне на сите тие кои минуваме низ ваков лош период да го надминеме
Зошто не почнеш на некој курс по јазик, спорт, аеробик.. зачленисе негде авон, орифлеим... еве ти начин да запознаеш нови другарчиња
Верувај ми дека пробав и на тој начин, едноставно луѓето се одбивни. Сите те гледаат како да си 13 прасе. Си бев осамена и уште сум си осамена. Ама тоа е тоа, прифатив дека тоа е така едноставно и навечер си плачам и јас незнам колку. Не е да немам никого, имам другарки ама кога ќе дојде време за излегување е тогаш нема никој. Сите се бранат од далеку ако ги прашаш дали може да излезеш со нив. Незнам што е работа со лугето. Уште ми е тешко ама веќе незнам што да пробам и што да се обидам и се откажав ...
Без откажување...можеби баш овде на форумов ќе запознаеш некој нова личност која ќе сака да се дружи со тебе и да го поминува слободното време со тебе. Знаеме дека повеќе од оние кои се активни на форумов се имаат запознаено и лично, па зошто да не се обидеш и ти кога веќе се друго како што велиш не функционира. Поздрав од мене
I've learned if you're trapped between your feelings and what other people think is right, always go for what makes you happy...unless you want everyone else to be happy but you.
Девојки ги прочитав сите ваши постови и целосно ве разирам затоа што сум во исти ситуации. Имам скоро 20 години, а немам дечко. Но има милион работи што може да ги правите со цел да се забавувате и да пронајдете некој потенцијален партнер. Излегувајте со другарките на кафе, во диско па и на места на кои никогаш не сте биле. Читајте книги кои ќе ја зголемат вашата самодоверба како ,,Тајната'' и ,, Најголемиот трговец на светот''. Почнете со посетување на часови за странски јазици или пак почнете со часови за танц, фитнес, аеробик, зумба или пак некој спорт пливање, кошарка.. Толку многу работи што можете да ги правите, па дури и да немате другарки или другари ова е начин на запознавање. Смејте се и радувајте се на овој момент затоа што никогаш нема да се врати ( можеби ова звучи како клише, но навистина е така). И најважно од се бидете храбри, нема ништо лошо во тоа први да пристапите доколку некое момче ви се допаѓа, барем во денешно време тоа е лесно add friend на фб, лајк , чат . Има една порака која вели дека сепак на крајот повеќе ќе жалиме за работите што не сме ги направиле отколку за работите што сме ги направиле. Иии исто така одете на трчање но сами, слушалките на уши, релаксирачко, позитивно музиче.. совршен начин да украдете нечиј поглед Поздрав со една песна
Bunny2 напиша:Периодов онака баш убаво си ја осетив осаменоста.
Незнам зошто но постојано мислам на тоа дека сите си го гледаат својот живот и си продолжија со него,а јас неможам да мрднат од мртва точка.Од секогаш сум знаела да се социјализирам и сум била опкружена со пријатели,но периодов нема никој,чудо некое.Дечко немам и немам ни некоја потреба за него.Трагично е што моментално никој не ме привлекува и немам дури ни на кого да мислам. Барем другарки имам,ама сега па и они некако (извините на јазикот) ме одјебаа.
Мнооогу се плашам од осаменост.Мислам дека ќе западнам во депресии.
Во моментов се чувствувам многу осамено.Од кога се преселив,се тргна наопаку...Малце се дружам со тие од клас,иако не ме рекаат ни 2 %. Надвор од школо имам само 3 другарки,ама во последно време едната почнува да ме користи и се обидува да ми ги земе сите пријатели(им се пика) и мене ме избегнува,не ме вика со неа.Веднаш штом ќе запознаам некое момче што ми се бендисува,таа веднаш ќе му се доближува и јас секако настрана да бидам фер.И тоа за сестра ја сметав еднакво со другите 2. А другите 2 не се толку дволични како неа,но сепак престанав да имам доверба во сите.Незнам што да правам,ме фаќаат кризи. Незнам како да се социјализирам.Ве молам за некој совет.
Кај мене проблемот е што се фокусирам премногу на факултетот и едноставно не наоѓам доволно време за излегување. Деновиве ми одат вака стани, јади, учи, поседи на компјутер, легни си. Толку. Почнав да излегувам многу ретко, а да бидат работиве уште полоши лошо стоиме со пари дома па не можам да си дозволам да се запишам на курс. Имам неколку другари кои се во слична финансиска состојба и кога и да излеземе сме на кафе негде, ретко одиме во дискотеки и слично. Ми станува екстремно досаден животов не се трпи.