Така Ниче му упатил поглед на амбисот... и амбисот му возвратил

... Погледиве се некогаш опасно оружје.
Се сетив на една случка кога излегувавме во оној бруцошки период чопоративно девојки. Полна дискотека и кој игра и пијуцка, кој едното или ниедното, кога се закараа девојчици која ја гледал еден дечко. Инаку дечково навистина зјапаше во наш правец, онака апла. Бидејќи овие сериозно го сфатија моментот ,,мене ме гледа,, чиниш текстот ,,Тито сите не‘ гледа,, од читанката за прво одделение, го викнав дечкото и го прашав која ја гледал да се изјасни, пред да се испотепаат, тој толку се збуни што не ни разбрав искрено што промрморе, ама по неговото заминување барем мирот беше воспоставен пак.
Така да - погледите може да имаат скриени или отворени пораки во себе или да се и само најобични ѕверења во шарена врата. Има луѓе што само со поглед умешно заведуваат, има такви од чиј поглед ништо не се чита итн. итн. ама она што прочитав дека некое девојче претходно пишало дека година и половина е само на погледи, е ту мач изгубено време, интересно е до некаде почетните седмици, ама секогаш треба да се поставуваат разумни рокови за премин кон следна етапа или кревање раце.