Нова членка сум на овој сајт, ова ми е прво споделување на мислење (ај за убаво да е

) и во овој дождлив ден одвоив време да го разгледам форумот и кога ја здогледав темава,која лично секогаш ме провоцирала, морав да го изразам својот став во врска со дискусијата.
Прво мислам,дека малце сте избегале од насловот на темата од ,,признавање чуства'' во ,,кој би требало прв да пријде''.
Во врска со признавањето на чуствата кои најчесто се во форма на скриени, мали, слатки тајни кои измачуваат и предизвикуваат многу ноќи неспани, мислам дека по ова прашање не треба да и отстапуваме голема улога на гордоста. Секако нормално би било признавањето на чуствата да дојде малце покасно од одпочнувањето на врската,кога пеперутките во стомакот ќе станат толку немирни што помислуваш дека ќе те кренат од земјата, кога секое помислување на него ти носи насмевка на лицето, се храниш со фантазиите за вас двајца заедно, не постои ништо во просторот освен ТИ и ОН...значи, да сумираме...кажи му што чуствуваш во овој случај дека Го сакаш!Нема ништо срамно,застрашувачко и понижувачко во тоа. Јас верувам кога некој премногу го сакаш, невозможно е и тој да не чуствува нешто за тебе. Но и како викаат-Ако не пробаш нема никогаш да знаеш.Па затоа испробајте си ја среќата. Во спротивно цел живот ќе се прашувате...ама само доколку искрено го чуствуваш тоа!

често знаат да се побркаат работите помеѓу ЉУБОВ, и страст или заљубеност (so called-Crush).
*ПОСТОЈАТ МОМЕНТИ ВО ЖИВОТОТ КОИ АКО НЕ ГИ ИСКОРИСТИМЕ , МОЖЕ НИКОГАШ ДА НЕ НИ СЕ ПРУЖИ ВТОРА ШАНСА...
А во врска со темата КОЈ ТРЕБА ПРВ ДА ПРИЈДЕ, исфрустрирана сум од муабетите што ги слушам у стилу на-Денес е такво време дојдено што ние ЖЕНИТЕ мора да ги бркаме мажите.Абе ајде ти се молам! Па ова е парадокс на 21 век! Знаеле вашите дедовци со денови да пеат серенади под прозорците на вашите баби?! па после тоа следува макотрпниот процес на барање на раката од таткото

како и да е, не сакам да звучам претерано феминистички али секоја жена си има своја вредност. таа е едно неоткриено богатство.а тоа богатство прво треба да се открие, а потоа освои. Јас имам став за оваа тема а тој е дека МАЖИТЕ СЕ ТИЕ ШТО ТРЕБА ПРВИ ДА ПРИЈДАТ!а и со самото тоа ќе откриете многу битни работи за него како на пример-храбар е, знае што сака, не се плаши од предизвици, а при тоа не се плаши ни да биде одбиен и сл...НО! ништо не правите ако се понашате ладни како камен, тотално индиферентни и незаинтересирани.МОРА ДА ПУШТИТЕ ИМПУЛС! па потоа препуштите се на вашата карма
