Епа девојки во рамки на моите можности и знаења ви стојам на располагање(а се надевам и останатите машки членови на форумов ќе ми се придружат) за некои совети, предлози и размислувања (без разлика за што се работи) од машка гледна точка.


Trendafilka напиша:Ајде добре ни дошол, кафе донесе ли како во домаќинска куќа кога се влегува за прв пат?![]()
Одговори ми те молам Зајко, дали машките навистина секогаш го мислат тоа што го кажуваат? Нема скриени намери, кодови, не биле толку комплицирани, кажаното значи само едно и тоа е.
Мене упорно ме убедуваат дека се многу едноставно скроени, а јас мислам поинаку. Убедена сум дека исто како и жените и вие обожувате да играте ментални игрички, си кроите планови и понекогаш глумите лудило.
Благодарам однапред на искрениот одговор што ќе го понудиш

OrdinaryGirl напиша:Мене ме интересира дали навистина им е толку тешко на машките да не разберат нас, припадничките на понежниот пол, и зошто? Зар толку сме комплицирани? Имаше еден виц во овој контекст кој одеше вака...
Некој човек фатил златно рипче, а ова се понудило да му исполни желба за да го пушти.
Човекот рекол: Добро, еве сакам да направиш мост од тука до Австралија.
Рипчето: Ама добар човеку, јас сум мало рипче и не можам толку големи желби да исполнам, побарај нешто пореално.
Човекот: Добро добро, е па тогаш... ајде, објасни ми ги жените.
Рипчето: А кажи ми, мостот сакаш со 5 или со 6 ленти да биде?

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости