ТЕМА: Совети од МАШКА страна за сите девојки

Мислење 06 Фев 2012, 04:21

XMaN напиша:Во љубов милост нема а кој ја очекува некогаш ќе остане длабоко раочаран :D . Очекување другиот кој веќе нема чувства да се сожали па да те штеди па да ти даде време да се соземеш убаво звучат ама се е тоа лук и вода, абе не те сака повеќе уште и да те теши дека те остава, па на што ќе личи тоа :D .

Тоа што Мимс вика љубовта кога тогаш ќе заврши важи ако си со партнер за кој знаеш дека не е тоа вистинското но ако осеќаш дека со него/неа сакаш да имаш фамилија и да биде татко/мајка на твои деца не само што не сакаш љубовта да заврши туку не мора никогаш да заврши. Пример кај моите ништо се нема сменето и татко ми ми вика сакам пак да се родам и пак да бидам со мајка ти за да ги направиме сите работи кои не стигнавме во овој живот, е ако тоа не е љубов не знам што е :D.

Неизживеаност е само изговор додека не го најдеш ТОЈ или ТАА после со нив се изживуваш на сите можни начини :P :D.

Потполно се сложувам и сакам само да се надоврзам... Пред да му раскинам на типот со кој идевме 3 месеци недела дена се мислев како, знаев дека ке го повредам и на другарка ми и пукна филм од моето зборење околу тој проблем и ми вика чекај бе малце, ти социјално ли си??? Мисли ли некој за тебе?? Да беше обратно ке мислеше ли он на тебе и ке идеше со тебе и понатака само зошто тебе ке ти биде тешко ако ти раскине??? Никако си го дадов одговорот, ке ме вараше, ке ме лажеше и ке си играше како што сака за на крај јас да се откажам! Јас идам по тоа правило колку и да не е така, животот ми е еден, нема зашто да го уништам. Подобро на 3 месеци отколку на 6 години.
Случај со моја другарка, беше во врска со тип од втора год средно,од 16 години, до нејзина 23 та година. Дента на нејзиниот роденден типот и раскина, незнаеше ни сам зашто, што да му праиме сега??? Он ја варал пред да и раскине година дена, ја лажел постојано, немаше време за неа итн. Пред тоа си планираа свадба, откако ке заврши она со мастер да се земат, заедно да живеат бла бла. Девојчето заврши, славеше роденден ете што се случи. И што ке кажеме за ова???
Подобро да ти каже и да ти раскине кога тогаш, отколку да те лаже, да остане со тебе, па не дај Боже фамилија да имате и тогаш да се растури се тоа.
rakce69

Сино цветче
 
5156
Мислења: 151
Зачленет: 02 Сеп 2011, 02:51
Локација: In the middle of nowhere ...

Мислење 06 Фев 2012, 19:55

Неизживеаност е само изговор додека не го најдеш ТОЈ или ТАА после со нив се изживуваш на сите можни начини

А зошто да се изживуваш со нив ,што се тие виновни за незадоволството и исфрустрираноста што некој ја ја чувствува ???Јас мислам дека таквите неизживеани никогаш нема да ја почувствуваат љубовта и да ја најдат таа вистинска личност .Прво затоа што не знаат што сакаат тоа се личности кои ќе останат вечни трагачи по вистинската личност,некои од нив може ќе ја најдат таа вистинска личност но заслепени ќе ја пропуштат трагајќи по уште посовршена личност,некои ќе сметаат дека никој/а не е доволно добар/ра за нив.Второ имаат погрешна претстава затоа како да се живее и да се ужива во животот,тие не знаат како да се забавуваат , својата вредност и самодоверба ја поткренуваат на тој начин само преку менување на партнери инаку се чувствуваат безвредни .Збунет мислам дека не вреди да страдаш за девојкава ,може овие три години таа била со тебе чисто онака колку да тепа време што би се рекло или онаа поговорка додека го чекам вистинскиот ќе уживам со погрешните ,единствено добро е тоа што ти раскинала а не те лажела ,затоа што можела да ја продолжи со тебе врската и со него да се гледа а тоа е потешко и поболно (иако мене ако ме прашаш никој во нечиј живот не се појавува преку ноќ може и претходно се гледала со него само сега дошло време да ја официјализираат врската )
Аватар на корисникот
fallenangel

Сино цветче
 
75171
Мислења: 370
Зачленет: 23 Јун 2010, 18:36
http://www.youtube.com/watch?v=NWixUIMTjYc&feature=related
*Секогаш посакувај ги убавите работи со искрено срце и верба само така ќе ти се оствари тоа што го посакуваш *

Мислење 06 Фев 2012, 21:21

Ова со изживувањето никогаш не ми било јасно. Значи за да бидам „изживеан“, треба да талкам од врска до врска. Јас не викам, да се закачиме за првиот (без разлика што не ни одговара, ама ете да ни биде прв и последен), ама па да имаме некој покрај нас што не сака и да ти светне во главата дека не си „изживеан“ па ете подобро е да пробам и со други, ми нема никаква врска. А кога веќе ќе се појават такви сомнежи и мисли, и да си бил заљубен во дечкото/девојката, чувствата ке почнат да се менуваат.

Јас секој потенцијален партнер го гледам како „вистинскиот“. Сигурно не му пишува на чело уште од одма дека тој не е тој. Ако веќе сум уште од почетокот скептична, тогаш нема потреба да започнувам нешто а со самото тоа и да му давам лажна надеж. Но што започнувам врска со некој значи имам чувства за тој човек и сакам да бидам со него. Е, сега ако подоцна испадне дека не си одговараме во ништо, тоа е друго.
Само што повеќето мислам дека се изгубени во потрагата по партнер и талкаат од еден кон друг, не знаејќи што навистина сакаат. Вакви несигурни луѓе сум сретнала многу. Или се во врска само за да бидат во врска.
Тоа е проблем. Можеш да имаш толку искрени намери кон другиот, незнаејќи што се врти во неговата глава.
Аватар на корисникот
ell

Сино цветче
 
6846
Мислења: 115
Зачленет: 23 Дек 2010, 17:35
Локација: Во земјата на чудата.
Revenge not taken is the sweetest gift you can give yourself.

Мислење 06 Фев 2012, 21:48

fallenangel напиша:
Неизживеаност е само изговор додека не го најдеш ТОЈ или ТАА после со нив се изживуваш на сите можни начини

А зошто да се изживуваш со нив ,што се тие виновни за незадоволството и исфрустрираноста што некој ја ја чувствува ???Јас мислам дека таквите неизживеани никогаш нема да ја почувствуваат љубовта и да ја најдат таа вистинска личност .

Сум направил лапус. Мислев, ќе се изживееш не изживуваш :).
Аватар на корисникот
XMaN

Зелено цветче
 
1253964
Мислења: 804
Зачленет: 25 Мај 2011, 18:17

Мислење 07 Фев 2012, 01:01

Право на секој е доколку не сака да биде у таа врска,да ја прекине,но битен е начинот на кој тоа се прави.

Ако типката веќе не те привлекува и имате сериозни несогласувања,ја седнуваш и и кажуваш дека не се гледаш повеќе у врска со неа,пред да стапиш во било каков однос со друга девојка.Она има право да го дознае тоа од тебе прво(идете неколку години и плус сте интимни јеби га),пред да почнат маалските озборувања.Исто и у обратна ситуација доколку типката е она која е незадоволна у врската и сака да раскине.

Што се случува денес?Идат 3-5 години.Типката е незадоволна.
Наместо да го направи горенаведеново,она одлучува да почне паралелна врска.Типацот појма нема што се случува.Она иде на оваа варијанта затоа што е релативно "сигурна" варијанта.
Доколку потенцијалната нова врска не ја бива,она у секој момент може да си ja продолжи врската како ништо да не било во меѓувреме. :D Слични ствари и машките прават.
Инспириран од некои од епизодите од стариот "Опстанок" една работа е многу очигледна,а тоа е дека и машките и девојките денес изгледаат се повеќе на мајмуни/ки кои не сакаат да ја испуштат едната гранка додека не ја фатат силно и сигурно другата гранка.Десна рака на гранка број 2,левата рака во тој момент е слободна.Никој по сопствена воља не сака да тресне од височина :D .
Во суштина се работи за неизградени личности кои мислат дека ако бидат сами неколку недели или месеци дека ќе се случи глобално затоплување проследено со невидени сушни периоди,и они ќе поцркаат :D .Затоа и често пати мотивацијата за влегување у нова врска е тотално погрешна,не се влегува поради препознавање на ОК ствари кај другата страна туку поради чисто пополнување на празнината да не се биде сам.

Да се вратиме на сплетките кои можат да се случат.
Често пати вториот момак може да не биде информиран дека типката е веќе у врска,па и он да не знае у што се впушта :D .Ситуацијата може брзо да ескалира доколку "првиот" дечко дознае и сака проблемот да го реши по насилен пат :D .Од друга страна пак доколку вториот тип знае дека она има паралелна врска т.е. дека му работи позади грб на првиот дечко,тогаш не знам зоштo и како втoриов дечко се гледа у сериозна врска со таа типка :D .Истото важи и обратно,зошто на пример паметна девојка би влегувала у сериозна врска со тип кој и покажал дека е експерт за паралелни врски,преку фактот што и работи позади грб на првата типка со која е во долгогодишна врска.
Шаблоните на човечкото однесување се релативно постојани,порано или подоцна шансите за repeat на таквиот шаблон се огромни :D .
Аватар на корисникот
HardSex

Сино цветче
 
20641
Мислења: 154
Зачленет: 25 Апр 2011, 01:16

Мислење 07 Фев 2012, 16:57

rakce69 напиша:Во врска бев со дечко 3 месеци, ок ни беше во тие 3 месеци, но како поминувавме се повеќе и повеќе време заедно, дечкото ми стана одбивен на некој начин, не го сакав, кога ми вртеше на моб јас бев леле пак ме бара неможам веќе... Му кажав, раскинавме и после муабет - - - она ме заеба.
Е како бе тоа јас те заебав???? Што не останав со тебе и не ти правев филмови и не те лажев??? Туку ти ја кажав вистината секако во поблага форма и те оставив да си најдеш некоја која што ке те заслужува???
Хеееее секој си ја врти воденицата на своја страна. Мене искрено ми беше жал, знам дека се заљуби дечкото, добро почетна фаза на заљубување итн, ама според мене не е фер да идам со него и да го лажам без никаква потреба од тоа!
Момци???

Види, не можеш да споредуваш врска од 3 месеци и врска од 3 години. За три месеци не ни го знаеш целосно типчето, т.е. полека го запознаваш и ако ти чини ок, ако не ти чини раскинуваш. Ама чим си со некој 3 години очигледно е дека има нешто доста силно што ве поврзало. Воопшто не си ја сфатила поентата на муабетот. Не може да си со некој 4 год и одеднаш да сфатиш дека не е тоа тоа, туку така ете без некоја посебна причина. Да сте од млади заедно па ете сте созреале различни погледи на живот ок, да се случило изневерување ок, ама да нема ништо и онака да ти прдне абе некако не е тоа тоа.. значи такви работи не се дешаваат. Причината е таа се осеќа неизживеано и се плаши дека ќе умре со еден к*р. Повторно ќе го кажам истото, страшно е што се повеќе и машки и женски се држат до таа теорија сакам да се изживеам, во превод не сакам да се е*ам цел живот со еден/една. Значи ако сексот е лош, има други проблеми во врската нормално е да се прекине. Ама ако се е ок и одеднаш некој ја прекинува врската логично е дека е ради тоа. Дека љубовта не исчезнала доказ е што 90% од тие партнери после некое време се обидуваат повторно да си го вратат стариот мир откако се „изживеале“ (изе*але). И јас имав ваков период во врската и од двете страни. Среќа јас сфатив дека кога покрај тебе имаш некој кој ти е сосема доволна поддршка во се, осеќаш топлина покрај него, нема логика да го смениш и да бараш нешто подобро. А дали другата моја половина сфатила ќе видиме со тек на време, и да не е доволно ми е што јас знам многу добро што сакам и барам. Луѓето се проклети, никогаш не се задоволни од ништо. Секој треба да си постави цел и од кога ќе ја исполни да си каже тоа е тоа, доволно е. Секогаш може подобро е многу излитена фора и често многу, многу погрешно сфаќана.
Аватар на корисникот
CrazyStupidLove

Сино цветче
 
229400
Мислења: 469
Зачленет: 14 Јан 2012, 04:49

Мислење 08 Фев 2012, 01:37

Ми треба еден едноставен совет.Ајде машки мои :D помагајте.На почетокот на врската беше повнимателен и како позагреан,а сега не баш толку многу,бев кај неговите ме запозна,ми предложи да се вериме,секој ден се слушаме и ми пишува пораки,ама јас како да се фаќам за влакно,он е странство и мн ми недостига,ме сака знам,ама не е баш како на почетокот и се ми се чини како јас да сум преосетлива.За ситници запаѓам во нерасположение.
Незнам дали со мене нешто не е во ред или...?и не сакам да го гнјавам со глупави прашања а почнувам да гнјавам се плашам од сама себе :o
Дали треба малку и јас да бидам у фазон као демек поладна сум и не се замарам многу или???
Помагајте!
Што пали кај машките повеќе?Ваљда не ме сваќа сега како здраво за готово.Он си ужива а јас се окупирам цело време со него и изгледа затоа сум ваква сум се опседнала.Што да правам за да го заинтересирам повторно толку многу?
Аватар на корисникот
lola-86

Зелено цветче
 
147394
Мислења: 658
Зачленет: 12 Мај 2011, 11:44
Локација: Na HAWAI

Мислење 08 Фев 2012, 02:17

Претеруваш!! Тоа е единствено што ке ти кажам.. Па не може ниту една врска да биде како почеток, ама немој да бараш премногу зошто ке го изгубиш! Ти чим наоѓаш замерки и влакно секаде сигурно више не го сакаш.. Озбилно така мислам, се надевам не е така!
Смири се и преиспитај се себеси.. не е крив дечкото..
Аватар на корисникот
WomanInRed

Жолто цветче
 
77180
Мислења: 1131
Зачленет: 13 Мај 2011, 13:01
Дали пеперутките кога ќе се заљубат чувствуваат луѓе во стомакот?

Мислење 08 Фев 2012, 11:43

Не е точно дека не го сакам,баш напротив.Го сакам претерано!Можда затоа се однесувам вака,како да ми страв некоја да не ми го земи.Наоѓам замерки во смисла зошто ти требаа 15 мин да ми вратиш на смс,или му викам не ти фалам како јас на тебе и такви работи,а тој е позатворен тип од мене,јас повеќе искажувам чувства и тоа ме нервира.Сакам постојано да бидам во негово внимание,и стално мислам дека јас повќе се трудам и се мачам психички незнам зошто такви мисли ми идат,а знам дека со мене не е во ред нешто.Не сакам да бидам ваква,не сакам да го гушам и недај Господе да не чуе зло да му здосадам.Мислам дека треба малку да оладам,нели?и да не си правам филмови во глава сама си наштетувам вака.Кажете ми ваше мислење ве молам ми треба туѓо гледиште на ситуацијата.
Благодарам.
Аватар на корисникот
lola-86

Зелено цветче
 
147394
Мислења: 658
Зачленет: 12 Мај 2011, 11:44
Локација: Na HAWAI

Мислење 08 Фев 2012, 11:55

^
Да, треба да оладиш. Не се сите како тебе (пре)осетливи и да посветуваат внимание и на најситните детали. Или замисли па да налеташе на некој уште поосетлив и од тебе, па ќе го осетеше и самата она (ин)директно гушење за кое зборуваш.
Дозволи му да го има она време за себе во денот, и сам да дојде до заклучок дека му фалиш, и сака да те слушне, да ти пише... Не мора сама да му ги наметнуваш тие „обврски“, зашто може со тек на време само одбивност да создадат. (:
Nightwalker

Зелено цветче
 
30261912
Мислења: 948
Зачленет: 04 Фев 2011, 18:00

Врати се на Сингл

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter