Фала за советот .. он ми кажува дека сум му доволна јас дека ме сака најмногу и дека не сака да се разделиме и дека со мене му е најубавоо... се надевам нема повеќе да ме растажуваа.. благодарамм многуу позз4ееее
Потребен ми е совет, ама најискрен Со дечко ми сум негде 3 години, до пред 5 месеци се беше совршено. Значи никогаш за ништо не сум му забранила кај сакал идел, ниту тој на мене, кога бевме заедно се беше најубаво. Ама овие 5 месеци тој почна да оладува од мене, да не ме бара, секогаш има некој изговор дека му се спие, го боли глава кога треба да се видиме, зборовите те сакам не ги изговорил ове неколку месеци и тие неколку пати што ми ги кажа не ги чуствував така искрено како некогаш. Го нема тоа разбирање кон мене како што го имаше некогаш. Порано кога излегуваше ме викаше и мене, сега ни тоа. За варање не ме изневерува, тоа сигурна сум. Си трпев, викам ајде период е, ама ништо. После почнав да му зборам дека тоа ми смета, не сакам така да бидам, потребна ми е љубов и нежност он цело време се смееше додека јас тоа го зборував. После решив да му раскинам и ајде се видовме и јас додека зборев едно саат време он си ќутеше и плачеше и јас му викам штом немаш што да кажеш ова е крај меѓу мене и тебе го бацив и си излегов, го осетив додека влегував дома дека стои со колата и чекаше да се вратам, ама не се вратив. Му се јавив после 3 дена и изгледаше мн среќен што ме слушна. Овие неколку дена нон стоп ми се јавува, му викам на што сме јас и ти ми вика не знам, само те молам да се слушаме, да ти се јавувам кога сакам, си викам ОК, штом така сакаш. Паднавме на муабет дека тоа што го правел било посилно од него, не сакал да прави така,ама само му доаѓало, ако се смирел сега со мене страв му било да не ме повредува пак не сум го заслужувала тоа, да не не може да се смени. Вака ми е потешко, го слушам секој ден а не знам на што сум. леле ќе полудам. Имам толку прашања а на ни едно не можам да добијам одговор. Епа вие што мислите? На што се должи ова негово однесување? Знам дека ме сака, или не . Како јас да постапам? Не можам јас да чекам тој да одлучи што сака. Се извинувам на долгиов пост
Со која брзина истрчувам на нови постови од темава, касно е веќе да се мислам дали сум оставил впечаток на комплетен нолајфер кај некои членови аххаахах мала шега Јас сум имал 4 годишна врска и отприлика имам идеја како изгледа тоа оладување на чувства или привремен период на збунетост, кога не ти е јасно дали сеуште ги имаш старите чувства за партнерот. Можно е тој да влегол во дилеми, да почнал да се прашува дали си му преминала повеќе во навика отколку што стварно чувствува нешто за тебе. Машките обично се тешки на зборови, тоа тлее во нас, а ретко кој знае да го искаже и објасни. Навистина не му требало тоа смешкање додека ти си му велела дека ти е потребна љубов, внимание и нежности, не гледам што е смешно во тоа. Да не ти уклучувам аларми во главата ама секогаш кога се случувало девојка да нема што да ми каже веќе, тоа било точка од која нема враќање. Секогаш кога ми се случило јас да и зборам на девојката, и таа цело време ми молчи, гледа на страна збунето, не знае шо да ми каже, тоа било крај. Вашата е 3 години, и претпиставувам не сте малечки така да можеш да му кажеш да донесе една финална одлука на што сте, и НЕ ЗНАМ не се прифаќа за одговор. Времето тече, никој не станува помлад, а за тие 3 години претпоставувам ти си заслужила подобар однос од негова страна, си заслужила да знаеш на што стоиш, а не да се нервираш затоа што главата му е матна и не знае како се чувствува. Тој целиот бил среќен што те слуша после времето поминато одвоени затоа што почувствувал дека те изгубил. Многу едноставно е. АМа да не излезе сега оти треба да изгуби за да знае да цени. Се извинувам на долгиот (и збунувачки) текст. Кажи слободно ако нешто не покрив со одговорот.
Зошто И во мојата врска ситацијата беше прилично иста.Тој олади јас плачев по дома па незнам што.Немаше време за мене,го молев да се видиме и се додека еден ден не почна да ми зборува дека нз дали ме сака,сакал да биде малце слободен бла бла.Тогаш решив да раскинам.Ми рече дека не сакал повеќе да ме повредува и нервира.Потоа ме молеше,но залудно.Значи сума сумарум ако веќе не ја осеќаш љубовта таа искреност... не знам.Јас би се запрашала на големо дали воопшто му значам.Чувствата се менлива работа.Денес ме сака утре не.Со мене не така. Мој совет е да не го бараш повеќе.Види што тој ќе направи.Верувај ако си му значиш ќе те побара.Можеби е само период,се случува ама сепак чувството кога не знаеш дали те сака е болно.Можеби ќе се сменат работите,а ако не тогаш продолжи напред.Можеби веќе се навикнал на тебе.Или пак видел некоја нова поинтересна девојка.Се е можно.Разговарајте и побарај да ти каже кои се причините за неговата незаинтересираност.Се најдобро. П.С. Се надевам дека барем малку ќе ти помогнам.А инаку ти самата најдобро ќе си одлучиш.Слушај го срцето,но не дозволувај да те повреди и да те изигра.
Фала многу на долгиот одговор, мн ми значи. И не е збунувачки туку напротив Баш денеска му викам добро одговори ми на сите мои прашања, ме сакаш ли, не ме сакаш, сакаш ли да си со мене и уште мн прашања, пак тој одговор не знам. Му викам добро до кога мислиш вака да функционираме, зошто ме мачиш, да ставам сега крај цел живот ќе останам без одговори, сепак 3 годишна врска е, а да чекам додека си ги расчистиш мислите и сфатиш дека не ме сакаш, а за тоа помине долг период, не можам да чекам. Ама од друга страна пак си викам да не го притискам да го оставам да олади да размисли, ама како кога го слушам не можам да не му спомнам за тоа, сепак ме мачи тоа не можам да се правам дека се е ОК кога не е. Лелеееее ќе полудам. 100 пати побарав одговор од него, не можам да му раскинам а да не ги добијам тие одговори.....
И јас си ветив дека нема да го барам ама не можев да издржам, морав да го слушнам, посилно беше од мене. Ми рече како и да е да не ми се јави ти ќе ти се јавев јас. Ми вика те сакам а не те сакам, јас не го сфаќам тоа..... Може ли некој да ми го објасни тоа? Чуствата се чудна работа, ама не ми е јасно како не може да разграничи дали сака да биде со мене или не сака. Јас не го барам, он ми звони. Ама после секој разговор со него мн се напнувам и мн ме боли главата. И да можеби и тоа слушањето му е навика и затоа сака да ме слуша. Утре најверојатно ќе се видиме, и длабоко се надевам дека ќе почне да зборува а не само да ќути. Фала многу и на твојот пост....
Јаболче не се мачи и раскини му, па да не треба да го чекаш сеа него цела год. да размисли што сака. Кажи му и дека ти сакаш да размислиш и ти е потребно време. Ако те сака ќе те побара, ако не лајф гоус он
Хехе па и на крај така ќе испадне. Па не е последен на светов, јас не можам сега најубавиот период да го поминувам нервирајќи се и чекајќи на некој да му текене дека ме сака. Ако подоцна сфати дека ме сака, можеби касно ќе му биде или не
И ете вчера помина денот го откажав одењето на кафе со другарката(и му кажав на дечко ми дека го откажав) и тој вчера кај 8 часот прошетал да види дали стварно е откажано и ја видел другарката со уште едно девојче и со 3-4 машки што и се на неа другари ( па нормално дека ке си излезе со нејзино друштво кога јас ја отпукувам) и покасно доаѓа кај мене да излеземе да прошетаме и почнавме да се расправаме : ете затоа ти сакаше да излезеш со неа , затоа не ми кажуваш ме лажеш ,од сеа натаму и јас ништо не ти кажувам кога каде и со кого ке излегувам и ке станам како Јован ( тој му е колега има женска и ич не ја рецка -а во врска се 8 години и сега ке се земаат-сам си излегува, никогаш со неа , до касно седи и нз што други работи прави...)Несакам да се претвори во него Многу ме боли душава кажете ми што да правам ... и ми вели (незнам може беше во нервоза ) а ти си била а друга ке биде не е битно ке се осушам (само незнам дали станува збор на недовреба ,ова се нема никогаш случено нити пак му имам дадено причина за такво нешто) СОВЕТ ?!!! П.С.не сме малку во врска 9 год се во прашање а и подспомнува за веридба , брак ... јас стварно незнам што му стана
за ова нети треба баш совет од машка стран, било кое женско ќе ти го кажи истиот советЧ љубоморен е! те уценува! размисли уште еднаш дали те заслужува! љубомората од машка страна е 100 пати полоша отколку од женка страна во една врска. нешто не е во ред, можи му е страв да не не го изневериш, еве ти прв знак , на недоверба. можеби нешто направил, па му е страв да не дознаеш. дечко ти е матен. нека ти наведи вистински добри причини зошто не можиш даизлегваш со другарка ти. нека ти наведи зошто се плаши дека ќе го изневериш? и кажи му дека не можи да те третира како што ја третирал другар му женската негова, бидејќи не не заслужваш и дека ако уште еднаш ти се закани , ќе има сериозен проблем. овај тип мене ми изгледа многу исфрустриран, а во иднина ништо чудно да биде и насилен. се започнува со љубомора , со уцени, потиа следуваат пцовки, па физички напад. размисли за ова што ти го напишав, па одлучи. бидејќи кога од најобично излегување со другарка прави толку голема работа, замисли колку би можел да те изолира од другите луѓе во иднина, ако не превземиш ништо сега.
Тој ако не стекнал доверба во тебе за тие 9 години-алал нека му е... Лошо постапил тој, а кривицата да не ја бараш во тебе... Безразлика на тоа што идете 9 години ти уште не си во брак со него, немаш со него деца па ајде се ќе трпиш заради нив! Најмногу ме изнервира дури и мене тоа со заканите...ќе станел како Јован!!-ма ајде бре, зарем таков тој сака да биде цело време, како тој Јован па сега да не чека нешто од твоја страна, да му згрешиш и да има причина па со лесно срце да си искача сам, да седи до сабајле како некој распуштеник!! Ти кажиму дека слободно, во секое време може он да си биде како Јован, ама тогаш нема да биде со тебе зошто ти заслужуваш подобро...А, тој ако нема доверба во тебе сега, па ти утре-заутре не ќе можеш со некој колега, некој пријател на кафе да седнеш ... или па некој подалечен роднина или било како... Зарем 9 години му се малце да стекне доверба во тебе и да те научи тебе ти каква си, а зборува за веридба и брак.. Среди го тоа и не дозволувај уште еднаш да ти се закани дека ќе станел како овој, како оној...кажиму јасно дека ти си со него баш поради таа причина што не е како тој Јован или како бил кој друг таков ... Се надевам дека ме сфати и дека малце одмалце помогнав ...Поздрав едит: сметам дека ова ви е само период и дека брзо ќе пројде..
Вака значи он не ми забрани(дирекно) да излезам со неа туку стварта е тоа што јас со неа се немам видено мноогу време како што кажав зивееше извесен период во Лондон и никогаш немаме излезено , а за други другарки што се дружам нон-стоп никогаш ништо не ми рекол сум излегувала.За матење знам дека немати ништо затоа што имам супер сенс за тие работи и никогаш ме немаат изневерено , а за јас дека ке го изневерам тоа никогаш се нема случено и Никогаш нема да се случи !Само не ми е јасно зошто недоверба во мене
Јас само му реков и 100000000 пати сум му рекла дека нема да бидам како женска му од Јован , да седам дома и да го чекам , не дека ќе правам нешто што ќе го повреди него во никој случај туку дека и јас ке живеам И јас се надевам дека е период што кратко ќе трае (првпат се случува вакво нешто) смајли што плачее фала за советите на сите смајли испраќа бакнежи
Можда го имало прашањево поназад, глупо-неглупо мене многу ме интересира (а машки пол во живо да прашам не ми е згодно т.е не ми се пружила погодна можност да прашам). Колку пати во денот помислуваат машките на таа што им се свиѓа и на кој начин, значи што мислат дур мислат , а колку на онаа што вистински ја сакаат или нема правило ?
Многу, а и мислењата варираат... За таа што ми се свиѓа, сум се нашол во ситуации да мислам на тоа како би ми било со неа во врска, до ситуации како би поминал жешка ноќ со неа. А за онаа што сум ја сакал, почесто мислам на тоа што сакам во иднина да пробам со неа, независно дали се работи за нешто ново, слатко, романтично, жешко... И секако, се потсеќам на веќе минати работи кои особено ме „треснале“ од земја (позитивно де ), каде предност сепак имаат страствените моменти.
Верувам дека зависи од машко до машко. Ако сум акутно заљубен во типка која според мои мерила е над 90% од тоа што го барам ќе мислам 24 часа, нон стоп она ми е во глава, ништо друго не ме занима само сакам да сум со неа . Кога не сум акутно туку само хронично заљубен пак мислам едно 23 часа на неа ама повремено ради други обврски во денот посебно со работата привремено ја ставам во позадина ама секогаш ми е некаде во потсвест и мисли (веројатно кога спијам имам мал одмор од неа ). Инаку најчесто мислам дека имам секс со неа, па можна врска, па како збориме за битни теми или имаме одредени заеднички активности и планови а често и се нервирам што не ми се јавува да идеме на кафе и не враќа повици, односно се прај јака типка . И да, постојано правам и размотрувам нови стратегии како да ја фатам за најпосле да си ги остварам соништата со неа . Пс. Ако само ми се свиѓа некоја а не сум заљубен ќе мислам повремено ама многу поретко .
Јас сакам да прашам нешто.....Е сега како да го формулирам... Зар стварно толку се приметува кога меѓу двајца има хемија некоја, пред друштвото...Ама, ете едниот не е толку сигурен у себе??? Зборам за некои кои не се заедно. Ај се надевам ме сфативте
Се приметува, по гестовите, телесниот говор, посветеното внимание... А особено зашто и без тоа сме „трачарска нација“, само мала искра е доволно да се забележи, и навалата од гласини започнува.
Верувај може да се случи само на неа да мислиме по цел ден, и тоа да ни биде деконцентрација за се друго што треба да се направи. Некојпат стварно знае да те обземе и да си помислиш "што ми се случува бе, од каде ми дојде ова...". Тешко е да се направи разлика на тоа што мислиме според категориите "само симпатија" и "девојка која ја сакам", но отприлика би било дека мислите за симпатија би се вртеле околу тоа како ја освојуваме на начин кој и се допаѓа, разменуваме погледи, насмевка, прв бакнеж... се ТОП. (знам знам, има изгубени романтичари и меѓу нас..) Не верувам дека некој сонува како јаде корпа од симпатијата нели . Од друга страна пак мислите за девојка која ја сакаме можат да се вртат околу по долгорочни планови, летен одмор, заеднички живот... Тешко е да се дефинира според тие критериуми, еве јас пробав да ти разјаснам според лични размислувања, не знам дали одговоров има смисла
Хемијата може многу лесно да издаде двајца во друштво. А и друштвото лесно ќе скапира колку е саат, па може и да ги зафркава и/или да ги остава почесто на само. Кога има хемија меѓу двајца во друштво, некако се почесто се провоцираат, се закачаат, си префрлаат, насмевка, ова она... Мене лично ми е многу убав филингот