EleMental напиша:Ахм, ахм...внимание плиз. Понизно би ве замолил, феминки, да ми разбистрите нешто...
Ситуацијава е следна...
Запознав девојка, која уште од старт знаев дека не ме интересира. И така и си останува до сега, немам никаков интерес за ништо со неа, од цел список причини.
Таа си има долга врска, но постојано нешто ме зајадува мене. Постојано ме закача, ме провоцира, кога ќе кажам нешто, често знае да направи некоја фаца, демек не се согласува, јас сум бил тежок занес, нафуран и само гледа причина да ми искоментира нешто. Се обидува да ме зафркава и да се смее на моја сметка, неколку пати си направи ситуација да ме фати за рака, воспостави и физички контакт.
Едноставно е нападна.
Е сега...таа не ми се свиѓа ни физички, ни карактерно, сум и кажал дека за да бидам со неа, светов треба да падне во ТЕЖОК дефицит на жени, и реков дека има манири на пештерски човек, дека врската и како некоја шега што избегала од комична книга и во два наврата и понудив 10 денари да си купи смисла за хумор. (сето ова беше предизвикано од нејзина страна

)
И таа никако да престане со закачките. Не се сеќавам кога последен пат сум и пришол со прашања или да почнам разговор, се таа нешто ќе најде момент.
Моите дилеми се...
1. Сум и станал ли на некој начин...предизвик? Баш затоа што немам никаков интерес за неа? Мислам, може ли некој да ви стане предизвик после таков третман? Зарем не и појаснив дека ми е одбивна?
2. Дали МОЖЕБИ таа видела нешто во мене (самодоверба, дрско понашање, можеби изглед, или што знам) што не го наоѓа на тоа ниво кај дечкото и негативно ја дразни тоа? Може ли да ве иритира кога ќе пронајдете нешто кај друг дечко, што можеби кај вашиот моментален го нема? Зарем тоа не би требало да ве привлече?
3. Шо им е на жеништава бе? <- не очекувам одговор на ова
Благодарам за посветеното време и труд.
П.с. се читам нагоре...конечно изразување карактеристично за мене...уелком бак!
Доцнам 2 месеци со одговорот, ама ај сепак ќе одговарам

...
1. Дефинитивно. Сите на почеток на сексуалното искуство верувам дека сме искусиле триење на суво без доволна лубрикација. Што има врска ова? Па, твоето однесување неа ја е*е во здрав мозок и тоа на суво со тоа што таа те дразни, а тебе не те боли полов орган за тоа. Проста психологија и делува независно од пол, повеќе е изразена кај луѓе со големо, ама неизбалансирано его. Таа е во ситуација на it's easy to tease but hard to get release и тоа од неа самата, проектирано преку тебе.
2. Може и да, може и не. Може и нејзиниот дечко да ги поседува твоите карактеристики, ама тој е веќе освоена територија. Дури и кај двајца скоро идентични субјекти кога едниот е достапен, другиот не, човечката мотивација претежно го бира вториот, тука не сме ги надминале многу законите на џунглите и саваните и натаму сме во пештерите

. Нема овде однапред пропишани правила некои бираат секогаш слични, некои дијаметрално спротивни карактери и темпераменти на партнери.
3. Исто што и на мажите

. Во принцип сите прокламираат потреба од искрен и отворен партнер, ама на пазарот на спарување во игра се премногу извештачености, маски, суети и ега често желни и за валкани игрици само да се излезе како победник, манипулации итн. итн. и често се расипуваат и врски од повеќе години за его фид од секс за една ноќ со кој сметаат дека со затнување на еден отвор ќе се наполни душевната празнина. Епа не оди така, ама ја увери го некој кој сака изгореници од трет степен на своја кожа, за да се чалами потоа со емпириско запечатување. Оф, мори ма(ј)ко...