Сродна душа.... хмм... па јас не би рекла дека сродна душа постои само во љубовта - сродна душа може да си пронајдеме во некој близок роднина, пријател, сват и слично - едноставно кога си одговараш со некого, без разлика дали сте исти или тотално спротивни. Така јас си имам неколку сродни душички

либето, една од моите братучетки, мојата другарка и старосватица, а тука ќе ги спомнам и мајка ми и татко ми
А во однос на љубовта - нели е речено дека сите ние сме половина од едно цело и треба да ја пронајдеме другата половина за да се комплетира целината. Но како што рече Хипица - можно е никогаш да не ја сретнеме другата половина - затоа, направете некој да ви биде сродна душа!
