Лесно е да кажеш, но да доживееш?
Ми се нема случено и мене.
И јас порано викав - клоца, тури му пепел, аста ла виста бла бла бла. И да, ако малку ми значел, секако дека ќе туриме пепел. Но што ако ти значи малку повеќе? Со него се поминати најубавите моменти и никогаш не направил да се чувствуваш лошо. Што ако тоа се случи во брак..
Човечки е да се покае, човечки и е да се прости. Љубовта е компликација најголема. Си бара жртва.
Ние што не сме подготвени за таква жртва не влегуваме во сериозна врска.
Искрено, би простила, ако има љубов помеѓу нас. Само еднаш. Иако се поголеми шансите да се случи тоа повторно, иако премногу боли, еднаш ќе простам, изложувајќи се на ризикот да бидам повторно повредена. Дотолку тоа се случи, значи не вредело. Мазохистички е, знам. Но на секого му е потребна втора шанса.