TheBunny напиша:Во секој случак се зависи од личноста и карактерот, пример јас кога сум искочен секогаш гледам да се запознаам со некоја девојка па макар добил и корпа(што не е редок случај)

зошто потоа знам дека нема да ми биде криво дека барем сум се обидел.
TheBunny ме потсетува на времето кога јас бев на негови години

....
Прво, се согласувувам со се што кажа!
Второ, убаво е што им објаснуваме на девојките некои аспекти од машка страна....оти сум ги приметил дека знаат да забегаат во погрешна насока (особено кога претпоставуваат што им се мота на мажите низ глава

)
Трето....во врска со делот од твојот одговор што го цитирав. Брат, имаш само 19 години и верувај, ова ти е најубавиот дел од животот. Сега може малку ќе те разочарам, ама ентузијазмот за бркање девојки кој го опиша погоре нема да те држи цел живот.... најверојатно некаде до 25-та година. До тогаш ќе насобереш доста искуство (па ќе знаеш каде имаш а каде немаш шанси), многу работи ќе ти бидат веќе видени (па штом тргне муабетот со девојката во одредена насока веќе ќе знаеш каде води), а и веќе ќе ти се здосади од добивање корпи, па нема така лесно да се решаваш да пристапиш на девојка ...... туку ќе ги оставиш тие да смислуваат тактики
Него девојкиве ми се најинтересни кога смислуваат тактика како да се најдат со момчето на исто место

, а тоа да изгледа као да е случајно, па тој да им пристапи...
Знаеш, ти си студент сега, па ќе си отидеш во библиотека да учиш, си се начукал во ќош и си читаш ко бајче. Доаѓа „господичната“, се сместува на место кое не можеш а да не го видиш, отвара книга за да чита и види случајност, спремате исти испит

! И упорно 2 саат чита иста страна

?
Поздрав....и се извинувам што ме немаше подолго време
