Ако веќе постои ваква тема или не е за во Сингл, админите нека средат тоа. Читајќи ја темата "Фрази за смувување од машките" во која на површина беа извадени еден тон резилни ситуации и потези на машките, почна да ме копка женската популација какви фрази за смувување/приоѓање употребиле до сега, преку примери и описи. Исто така ја разгледав темата (сеа не ми текнува како се вика) каде што се дискутира како женските се спремни да направат се што треба за да му го привлечат вниманието и да го освојат момчето што им се свиѓа. Можете и такви ситуации да вклучите, но ве молам, преку опис на ситуации и примери, сочно Епа феминки, let's have it
Уфф па сега не ми текнува ништо посебно. Еве ќе кажам за последниот...Типот е другар на еден мој другар се сретнавме тој сам ни се стави на маса..јас си пружив прва рака и почнавме некој не врзан муабет. Потоа тргнавме кон клубот, и бидејки брзаше јас реков полека неможам да трчам на штикливе. И тој фраерот, еве јас на раце ќе те носам. Потоа типот си идеше дома од 01:00 до 05:00 Кога решивме да си одиме. бидејки никој не стана...јас му реков ајде ние ќе излеземе..може ќе дојдат по нас. И не знам како се најдовме сами кај него у кола. Бидејќи живеам блиску, а и доцна беше..ги замоливме да не испратат, ама...отидовме поделени у парови...Ништо немаше посебно....Само ете некој глуп почетнички муабет...
Одамна не сум пишал....мммм едно сеќавање кога бев мал. Имав еден другар - многу симпатично дете. Имавме окулу 13 години. Седиме на клупа пред зграда, грицкаме семки и вртиме бош муабети. Лето...школски распуст. Поминува едно девојче, комшика, хормоните и вриеја па ептен глупости правеше. Му приоѓа на другарот и му вика: „Еј ја знаеш тааа и таа.“? Тој (збунет): „мммм...да, ја знам, ...и?“ таа: „Па сака да се фати со тебе.....А ако не сакаш о неа можеш со мене“ еееее ....стварно беше будала тоа девојче....
Нешто слично како на Зоки е моето. Комшивка моја, малце така распуштена, на сите машки што и се допаѓаа им велеше: Таа: -Сакаш да ти местам едно чупе? Тој: -Кое чупе? Таа: ЈАС! И за чудо, и успеало многу пати.
Ниш нема чудно во тоа, 95 посто од машките можат да се уловат на поглед, а тие 5 посто шо имаат нешто скандалозно шо се вика аамм...КРИТЕРИУМИ, ги прашуваат дали се педери. Оваа темава за девојчиња, а машките ја спасуваат да не заврши во корпа. Само Саншајн88 придонесе со нејзино искуство. Еее феминки феминки...21 век, женска еманципација, независност, работнички права, полова еднаквост дрн дрн, и на крај ако не ве уловат, ќе бидете сингл. Или женскиот род е селективен во поглед на правата кои ги сакаат/уживаат. Правото прв да пријде/да ја води играта го оставате на нас, нели. Таа беља не ви треба
Elemental за да можеме да пишуваме на темава треба да ни се пуштило женско. Е сега оваа тема ти е створена за машки да пишуваат. Ајде ние девојките да слушнеме како ве стртале девојки.
Јас имам екстремно-привлечни другари на кои ептен често им се пуштаат девојките. Веќе го пишав во друга тема, али 99% женски приоѓања се во истите неколку стилови, нема многу оригинално меѓу девојките. - Еј дечко познат си ми од негде, да не се знаеме? - Трча и ти се "сопнува од стапалата" и паѓа на тебе - мене еднаш една ми го направи ова 15 пати у вечер - Доаѓа и ти нуди нешто - демек им останално недопиено вино/пиво, па да не пропаднало ти го нуди тебе, типот што стои на 100 метри од нив. - Демек да дојде да се слика со тебе/вас - еден другар цело време му приоѓаат вака у дискотеки, да се сликаме ајде - На другар у белград една му пријде вака "еј направив кладба со другарката дека ќе се мувам со тебе" - он и одговори МОЖЕ, али само ако слика другар ми да ставам на фејсбук Али од овие првите 3-4 ги имам видено стотици пати. Ова со белград беше исклучок единствен што го знам. На мажите им се мрчи цело време зашто кажале нешто глупо/лигаво, али тоа е бидејќи бар се трудат да бидат оригинални. Девојкиве низ цел балкан сите истите 3-4 приоаѓања ги имаат.
Знам Алек, тоа мислење ти го прочитав на форумов, и токму затоа сакав да отвориме посебна тема и да им дадеме можност на феминките да се исповедаат шо направиле до сега за момче што им се свиѓа. Не очекував цунами од коментари ама темава ќе остане скоро празна п.с. Ова со довршување на пијалак како женски приод ми е на ниво на: Дечко - Татко ти терорист е? Девојката - Не, зошто? Дечко - Па види каква бомба направил
Очигледно имаме некое недоразбирање. Темава ја отворив бидејќи сакав да поразговараме т.е. вие феминките да споделите искуства за тоа на што се сте биле спремни за да си го ќарите посакуваниот дечко, што сте направиле до сега.
Па нормално дека ќе остане празна - за критикување машки приоѓања се први, а да пријдат самите - е тоа е веќе нешто друго. Онде имаше тема од којзнае колку страни исмејување на машки приоди, а веднаш под таа тема стои темата каде што има милијарда страни жалење зашто не приоѓале машките.
Знам. Еден другар од хрватска ми рече дека се навредил првите неколку пати кога му пришле така девојки, али нормално, после се размислил и сфатил дека девојките тоа од трема го прават. Тоа е една карактеристика што бар ние машките ја имаме, знаеме да се ставиме у нејзини чевли и да земеме мотив во прашање. Од девојкине 500 што мрчеа и критикуваа машки приоди, ретко која проба да се стави во негови чевли. Све беше како да му најдам што може полош мотив на типов за да имам оправдание да мрчам и да го исмејавам и резилам.
Најдобро беше ти прака поглед и сеа ти се двоумиш и незнаеш дали значи 1 не ме манијачи дебел 2 ми се допагаш пријди ми 3 другар ти добар дечко е може да го запознам 4 од кај те знам друже 5 само си разгледувам ај ке биде....
Yipman2 нека ти напише едно писмо девојката со погледот. Го давам во разузнавање да дешифрираат што сака да каже, какви и се намерите ццц Ова е единствената причина поради која буквално уживам што сум девојка. Само заради ова. Што никогаш сум била ставена во ситуација да јас ја играм главната улога за стартување на ловната „еден на еден“ сезона и тоа без да знам дали кај другиот постои некаков си базичен интерес кон мене или не, пак да се чудам притоа, да дешифрирам, што сака да каже писателот преку нејзиното лице, погледи, движења или зборови, пак и на крајот, по сите мои маки да стигнам до удар по нос, бидејќи цело време сум пукал ќорци во празно. Не сум била во ситуација да јас треба да почнам било што со некој, а секогаш било обратно и за жал знам дека е тешко и напорно, т.е претпоставувам де од она што го имам видено на фацата на луѓето што биле спроти мене. Ружното е што баш ова што Јипман2 го збори, дека по некој мој поглед или муабет укапирале дека јас сум заинтересирана за нив, а било сосема нешто друго. Чисто другарско нешто, учтивост и ништо повеќе. И многу често се случувало токму тоа, да некој ми ги коментира реакциите какви ми биле кога разговарал со мене демек сум го ставила во заблуда човекот и да ме остави буквално со подзината уста за она што го збори, сеедно е обезправен. Така да, или јас сум со расипан компас, пак испраќам погрешни сигнали, или едноставно луѓето не треба да толку се упијачуваат во сигнали некакви си, макар што пак ќе речам не сум машко да знам што и како. Едно знам. Оние кои имале шанса, се течело поинаку од ова со оние кои немале. Од старт запалило се и разговорот и колку што тие биле да речеме возбудени, толку сум била и јас, колку што биле тие опуштени, толку сум била и јас. Не знам универзално некое правило за заведување дали има, пошто секако не сите сме исти. Сигурно и на страните каде што има совети за машки „играчи“ има различни типови на совети за различни девојки. Али I'm an alien what to say. Полесно би ми било да хемијата што јас ја осеќам кон некои, ја осеќаат само тие луѓе, а не плус други пак да имаме онакви разговори „ама ти нели вака“, „ти нели така“ и јас да стојам со зината уста да не ми е јасно што зборува човекот и да ми е незгодно мене дури и повеќе отколку нему и да се осеќам ко криминалец.
-Здраво дечко дали може да те прашам нешто? Освен што си симпатичен со што друго се занимаваш? Обожавам пик ап лајнс, знам мнноогу, кои од лично искуство, пракса, кои само во теорија. Оваа гореспоменатата ја употребив еднаш, запали. Воопшто не ми е проблем да пријдам на некој што ми се допаѓа, ако навистина ме привлекува во дадениот момент. Но сепак пик ап лајновите не ги користам. Може само на заебанција покасно.
Па јас немам пик ап лајнс. Шмрк! Обично ми приоѓаат или приоѓам и си правам рендом муабет и никогаш не сум рекла - Дечко не е убаво да крадеш, извади тоа лебовите од под кошула. - Ова багета си украл, или само ти е мило што ме гледаш? - Уууу ова природно си ваков или те каснала пчела на рацете? - Ми се јаде шопска, ренде нешо, ќе се најде, а? Ама бев сведок на пуштање и класична pick - up line, иако очигледно, дечкото не е сам па малку ролав со очиве а потоа се смешкав само. Ситуација пред еден клуб. Трепкање со очите, насмевнување, цура згодна, убава, имаше накај 40ина години. Дечкото: - Кажи девојко, има нешто смешно? девојката: - Па не ама интересно како си ме заборавил. Дечкото: - Заборавил? Па не те знам. Девојката: - Е ако де ама може да се запознаеме. Дечкото: - Како што гледаш не сум сам. Девојката: - Е добро де мене девојката нема да ми смета. Море мрш да не добиеш едно џудо од мене па ќе видиш не ти сметала девојката! Hassan CUTS!
леле ова со багетава ме изнасмеа по сабајлечки. И јас не сум се пуштала прва на дечковци , со знам некако не ми иде девојка нападна па да се втурува на дечко. Ај онака ненаметливо разбирам, да ми се насмевне, да им се сретнат погледи, ама како што некој напиша погоре, да трчам и да се маван во него ми е многу смешно и да не речам простачки. Јас сум си стара школа, сакам да ми се удвараат а не да им се удварам. Пуста романтика шта чеш.
Ако може една добро намерна сугестија. Насловот на темата треба да биде на македонски Фрази со кои девојките им се додворуваат/приоѓаат на машките. Мене искрено ме нервира користење на англиски изрази онаму каде навистина не е потребно.
Јас во далечното лето господово 2010, се запознав со еден многу привлечен примерок од Електро. И ме покани дечкото на отворен ден на машинскиот факултет, и јас пуста прифатив. Биднаа разни муабети, по некој саат се најдовме во парк, сами. Дечково упорно ломотеше за некојаси задача по математика што само еден човек ја има решено во светов, бла, бла, а јас демек суптилно му потенцирам дека сакам да го пољубам, со лижење на усните дур ми збори, за да привлечам внимание на нив. И ме праша дали сум жедна. Ми пукна филмот, го седнав на клупа, и му реков: „Добро бе, јас сум на Филолошки. Сакаш да почнам јас да ти тупам како се прави матрица на преводливост, или ќе ме пољубиш, само прекини да збориш за математика!“ И испадна дека директноста се исплатела, а не јас усни ќе лижам...