Улоги: Јас (мене веќе ме знаете

)
Другарка ми (весела, комуникативна и секогаш тука да те насмее-барем на прв поглед

)
Таксистот (дечко со доста солиден накај одличен изглед

)
и Вие (почитувана публико

)
(дејствието се случува во доцна ноќ, автомобил стои пред куќа, а кон него чекори девојка)
Влегувам во такси, во кое ме чека друшката.
Таксистот: До кај да возам?
Таа: До кај тебе дома.
Јас: (знаци на збунетост, прашални погледи и чуство кое се повеќе преминува од засраменост во лутина)
Таа и Таксистот: Почнуваат слатко да си се смеат.
Јас: Aхааа, така ли? Е многу сте интересни, секоја чест. (се уште намуртена)
(Автомобилот заминува, а од него се уште се слуша гласното смеење во кое сега е вклучена и Vitorija)
Вие: Сигурно разбравте дека таксистот и друшката биле познаници и дека ова е повеќе терање мајтап со Vitorija отколку Женски pick up трик (кој како ќе ја разбере).
Се спушта завесата.
Крај.
П.С. Vitorija: Ќе и вратам
