Не знам колку од вас слушнале за овој сајт, но стана доста популарен откако Мони се исповеда за својот прв сексуален однос токму таму Аск.фм е сајт на кој луѓе ти поставуваат прашања анонимно или јавно,а ти одговараш само на оние прашања на кои сакаш Дали некој има профил на аск.фм? И што мислите воопшто за сајтот? Не видов ваква тема, но доколку има- клуч.
немам профил и мислам дека сајтот треба да се затвори. баш од вакви страници ми иде да го фрлам компјутерот и да не го плаќам нетот 13-14 годишнни зборуват за секс
мене ми малку ми е нејасно сето ова....зошто мене, обичен смртник некој би ме прашувал нешто анонимно на сајт, или пак зошто јас би прашувала некого. Да се прашања до познати фаци, кои онака не ни се достапни на некој друг начин, па тие да одвговаат - ај да разберам, ама овој концепт е...благо кажано малоумен.
Aбе остај што сајтот е малоумен, ама и регистрираните таму поголем од 16 нема, а да има, јас во фаца би му се смеела. прашањата-- скината ли си, на колку ќе се скинеш, го свиѓаш ли борче од 8а, која ти е најубава од 7б господе боже, јас не знам како не ја избришаа таа страна после она со бугарскине деца, такви страни не ни треба да постојат, зарем малку е фејс, твитер итн.
Живи глупости.. Рај за оние што не можат нешто да ти кажат в лице Иначе немам профил и не сакам да имам затоа што мислам дека тоа е толку многу долно. Некои мои другарки имаат и стварно значи какви без веае прашања поставуваат, да не знаеш дали да е смееш или да плачеш.....
Врвот на се е со видеата. Ај едно кис4е за мене. Ме знаеш кој сум. Најјака си, те сакам. мва. I don't want to live on this planet anymore.
јас неможам да сфатам како некои девојки имаат храброст да одговараат и на најинтимни прашања! целата своја приватност ја ставаат на тацна, цела Македонија да гледа. Стварно не ми е сфатливо. Па имаат ли тие родители?
Не знам кој го измислил чудово, ама треба да се смисли посебна награда за идиотизам која ќе го носи неговото име. Сериозно. Прво сакав да се регистрирам за да тролам, после видов дека може и без да се регистрираш, ама толку ми е лејм дури и да трошам време на глупи прашања што нема ни да бидат сфатени, па баталив. Има бе и постари што заостанале на 15-16 години во развојот. На другарка брат еве го во 20та влезен, па само спама со линкот, а имам и еден 27 годишен момак што манијачи тинејџерки таму и се пушта на 10 години помали. Убедливо најјаки ми се оние од типот: -Уффф, досадно ми е, прашајте ме нештооо! *тука следи линкот* Прашање: Ај да се е**ме? -Мршшш, не замарај. Е, што? Сама си го бара, па после квичи. Како и оние со видеата. Леле колку сум се смеела на едно, вика, цитирам: aj simce pratimi kisce mnoguti e uba ustata ufff zamene *Следи видео од кисчето* falati mnogu sega znam kako jakrivis ustata koga pusis Или пак некое полуголо петле ќе му пишат дека е секси, а тој ко комарец нигде го нема, па им прчи бицепси, а овие се палат. Крај. За фаќање сеир го бива барем.
Не е ова акс.фм сега измислено.Памтам јас на времето пред 2-3 години Ламбе Алабакоски,имаше вакво.И нон-стоп го масирав. Му поставував некои прашања смешки. А сега,немам ниту пак планирам да направам вакво чудо.Е грдо ми е ептен.Ама за тепање досада ми е доста интересно,и за фаќање сеир
Зошто толку напаѓате веднаш? Па дајте му шанса на кутриот аск... Сега за сега видов само негативни коментари, да не му е мака еве јас ќе речам нешто убавко: Аск е убаво местенце за дискусија, но тоа не е криво што некои го користат на погрешен начин, никако. Луѓето кога го направиле не знаеле во која насока ќе се одвива, па и вие да сте и вие не би знаеле! А има и добри страни, многу од помладите познати ѕвезди имаат аск исто како и твитер, па може да ги прашувате што ви душа сака. Е сега дали се тоа вистински профили само бог знае. И да, немам профил на Аск бидејки никој од моите познаници и пријатели нема, па зошто ќе ми е? Само онака го разгледував, си велев ај да си направам, но кога ги видов разните глупирања од страна на зачленетите си велам, крши глава од овде, малку ли ти е ФБ, Фемина и Твитер? Па не се зачленив, но не го познавам доволно да го напаѓам!
Не имам, а не ни планирам да направам. Бидејќи е анонимно, луѓето само навредуваат и гледат да те оцрнат. Ама гледам сега некако популарноста му поминва
Имам и го направив од досада и интересно ми е да им одговарам..само многу вреѓаат дека се на анонимно На таквите не им враќам
Нешо најглупо е ask.fm , фала богу немам , нема ни да имам .Искрено мислам дека страната треба да се избрише под хитно бидејќи е само трошење време и глупирање
Јас имам и не е толку лош како што велите....мене не ми пишуват глупости, а и да ми пишуваат не им обрнувам внимание и не им одговоарам
Глупости невидени ќе правам профил таму и некои напаленковци ретердирани дечишта ќе ми поставуваат малоумни прашања и јас ќе им одговорам ма мрш таму со све ask.fm... -.-
Плус морам да додадам дека многу девојчиња но и момчиња се психички злоставувани на сајтов. Им пишуваат грд/а си, уби се, за што живееш,дебел/а си и сл.
Па искрено да си кажам, некогаш кога ми е досадно знам да си отворам на некого профилот па сеир да фаќам, или па некој што не го знам добро, ќе отвориш профилот има све што треба и не треба има баш да го запознаеш, али у ретки случаеви е ова. А да си отворам профил нема шанси, многу малоумна работа, поарно ќе земам пиштол ќе се упукам. Спојлер Ама најаки ми се прашањата и одговорите во стилот: Srceee najjaka si mi moze samo da ti se fatat ljubomornive Znam srcka samo se kurcat anonimno Aajjj be ostajte ja nejzin zivot e toa ne i se mesajte Ima nekoi so ne go sfakjaat toa Па некој напален 13 годишњак ќе пише: Auu jaka picka si * <3 Dobar gz drzizh Znam be srcko Па некоја „љубоморна“ ќе се избаци: Kurvo niedna smrdena Ne ja znam profesijata na majka ti Што да кажувам, речник на нивоу. :geek: Па ќе се развие дискусија со колку се мувал/а, зашто со тој и тој раскинал/а, па пуштања виртуелно, па дали иде со тој и тој, се скарала со некого па зашто се скарала, а сега и видео шеми почнаа. Абе фешти ви е асков, ако сакате сеир да фаќате и да тролате.