ТЕМА: Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Мислење 21 Окт 2012, 23:59

Станува збор за блог на едно девојче што го пронајдов деновиве,некои текстови ме оставиа без зборови...имаше и многу срцекршачки :lol: :lol: али во некои од нив има доста реалност,мене ми остави впечаток следниов со наслов
"ШМИЗЛА"
Ех, поминаа 10 дена. А ќе поминат и уште толку. Знам дека ќе ме чека да се јавам, но подобро за неа да не и се јавам. Ќе шетам, ќе работам, ќе патувам, се` ќе правам само да не се вртам дома и до телефонот. Подалеку од мене, подалеку и од срце – сакал, нејќел, најдобро ќе биде да издржам.

А ми недостига, не дека не. Ама јебига. Таков е животот. Толку сакам да ја гушнам и да ја задржам засекогаш со мене. Се` ме потсеќа на неа. Ме враќа во младоста и ме прави исполнет. Како моето време да не поминало. Сакам се` да и дадам во животов, да ја направам среќна, но време е да ја оставам. Премногу е комплицирано за да можеме да бидеме заедно. А и греота. Не сум јас за неа. Колку и да ја сакам, не сум за неа. Млада е, убава, паметна, цел свет го има пред себе, цела иднина пред неа. Таа оди онаму од каде што јас веќе се враќам. И знам дека јас ја научив да љуби, но никогаш не успеав да ја променам, затоа и ја љубев толку многу. Нејзината инаетливост одеше од крај до крај, но знаев дека ме сакаше со сето срце. Бар онолку колку што за нејзини години умее да сака.

Знам дека нема да најдам друга како неа. Ќе најдам некоја што има слика, а нема тон – како што вика една моја другарка. И цел живот ќе пробувам да ја сакам. Нема да ја заборавам, знам. А што да правам друго. Не го разбирам нејзиниот свет, но неа ја разбирам. Се заљуби во мене. Стар мангуп. Но премногу ја сакам за да ја упропастам. Зошто да и ја земам младоста, моето веќе поминало.


И викав дека е шмизла, но беше моја шмизла. Секогаш ќе ја сакам, но ќе ја оставам да си оди. Нека мисли дека не ја сакам, дека не ми значи, дека сум ја свртел, дека ми била само забава – подобро ќе биде така. Од инат ќе стане посилна, од инат, знам јас. Нема да дозволи ниеден мангуп да ја повреди, онака како што ми дозволи мене. Нека ме пцуе, нека ме колне, за неа е подобро. Бар знам дека ќе биде среќна. Бар знам дека никогаш нема да видам солзи во нејзините очи.

П.С.Кој сака да прочита повеќе нека го отвори блогот нејзин,а воедно можеме да постираме дали барем нешто од тоа допрело до нас ;)
http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com/
Аватар на корисникот
Miss-dior

Бело цветче
 
123117
Мислења: 80
Зачленет: 02 Мар 2011, 01:35
"Love is friendship set on fire."

Мислење 22 Окт 2012, 00:17

мНОГУ е добра,браво за девојчево,јас ја читам редовно на фб...
Аватар на корисникот
Pubu-bubu

Сино цветче
 
2344
Мислења: 131
Зачленет: 01 Апр 2012, 17:42

Мислење 25 Ное 2012, 11:45

Многу добро пишува ова девојче,ми се допаѓат стилот на пишување ги имам повеќето прочитано.Браво за неа.
Аватар на корисникот
kristii

Жолто цветче
 
349703
Мислења: 1294
Зачленет: 10 Апр 2010, 00:20
<a href="http://www.ticker.7910.org/eng"><img src="http://www.ticker.7910.org/an1cE-403DD1110MDAwMDEwN2x8MDAwMDExMWRhfHlvdXIgdGV4dA.gif"></a>

Мислење 12 Мај 2013, 15:39

И пуштам капа на девојкава,секогаш ме разнежнува кога и ги читам белешките ..
Аватар на корисникот
anichka94

Жолто цветче
 
40892107
Мислења: 1385
Зачленет: 18 Мај 2012, 16:40
Локација: In the devil's eyes ~
"Љубовта боли". Не, љубовта не боли. Изневерувањето боли, разочарувањето боли,губењето на доверба боли,шамарот боли, удар со новите штикли во пределот на тестисите боли. Љубовта ? Не боли.

Мислење 12 Мај 2013, 16:01

Meне на почеток ми беше интересна, ама некако ми стана монотона и досадна.

Никој нема да ја замени некогашната Симпл (Трачалница кај Симпл) со нејзините креативни текстови.
И да, уште пишува - поретко и повремено - чисто информативно ако лејди Џинџерица забележи, мислам еднашка прочитав пост дека и таа ја следи. :hai:
Аватар на корисникот
Mishela

Црвено цветче
 
68296402
Мислења: 5481
Зачленет: 19 Авг 2010, 14:17
Локација: where the streets have no name
And in this perfect weather, we'll find a place together ...

Мислење 12 Мај 2013, 19:09

За госпоѓицава имало тема?
Ганшот..... :shock:

Озбилно, ви се допаѓаат нејзините текстови?
Секоја чест, не сакам да навредувам ама очигледно не сте читале права поезија и проза.
Башка ми ја цитира Ксенија Николова и сака да ја сватиме озбилно, мене не ми иде.
Настрана што го знам писателот, и знам нависитна колку е способен и талентиран, настрана тоа, туку она што го читам не само што не ме фасцинира, дури ми се повраќа, озбилно ви кажувам.
на форумов има 10 пати подобри текстови од овие, и девојки кои се велемајстори за Лајла Грејс
Башка целта на пишување по псевдоим, не е за месец дека да си го открие ликот, но ај тоа да на претерувам.
Убаво пиша пред некое време Теодора, има лоши филмови, книги, текстови, и мојот вкус не ми дозволува секави глупости да читам и да паѓам на гз едносатво зашто на другите им се свија, или зашто го скршила мраз. Едноставно и не можам да сватам чуму тоа восхитување на еден обичен просечен медиокритет во пишувањето.
Тектовите и се просечни, често и неубаво соствени и препатетични.
Па уште и твитови ќе ја инспирираат, каде ни отиде добриот вкус за музика, филм, книги, каде се прашувам!!!
Аватар на корисникот
Hipster

Жолто цветче
 
1237212756
Мислења: 4658
Зачленет: 08 Јул 2011, 19:21
Локација: Childhood...
If you don't get why by now, pal, you ain't ever gonna get it.
Frank Sinatra
:music:

Мислење 12 Мај 2013, 19:21

Апла е досадна, има очајна до небо содржина и ја ,,цитираат'' најповеќе девојчиња од 14 години, кога дечко им се допишува со друга на фејсбук.. И тука почнуваат споделувањата и жалопојките. Мислам, ја нема онаа карактеристична за поезијата - длабочината на мисла, израз и уметничка тежина на зборовите итн..

Што вика Хипстер, тука има текстови со десет пати подобра содржина од оние нејзините.
Аватар на корисникот
anabel-a

Жолто цветче
 
1538013707
Мислења: 3330
Зачленет: 25 Авг 2011, 16:17
Локација: New York
"You have to die a few times before you can really live."

http://alexandrainwonderland1.wordpress.com/

Мислење 12 Мај 2013, 19:59

Во средно се случуваше со другарките да се напиеме од 2 чашки вино и тогаш секоја имаше поетични и прозаични изливи на парче хартија, кои ги читавме откако ќе се отрезниме. :D

Со чиста совест гарантирам дека сите беа подобро од белешкиве.

Ова е само уште еден во морето докази дека читачкиот вкус во Македонија е отиден по ѓаволите.
Сфаќам 10-15 годишни девојчиња да се воодушевуваат на вакви срцепарателни бљувотини, ама постари девојки? Жени?
Се зезаме, или што?

Мене текстовите ми се плитки, мизерни и по малку смешни, ем жални.
Не ми се допаѓа воопшто.
Аватар на корисникот
Trendafilka

Црвено цветче
 
2678612903
Мислења: 5945
Зачленет: 28 Дек 2009, 15:12
Локација: 221B Baker Street
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но, овде цвет.
СликаСлика

Мислење 12 Мај 2013, 20:07

Слушнав за белешкиве па ај си реков да видам што е толку револуционерно и оригинално.За среќа им посветив или си потрошив многу малку време,онака само површно преминав преку нив и заклучив дека јас тоа не можам и не сакам да го читам.

А инаку,воопшто не ме чуди што некој го воодушевуваат вакви текстови.
Аватар на корисникот
renata77

Жолто цветче
 
577173
Мислења: 1056
Зачленет: 04 Дек 2009, 12:42
Most people are stronger than they know. They just forget to believe in it sometimes.
Knowing is better than wondering, that waking is better than sleeping, and even the biggest failure, even the worst, beats the hell out of never trying.

Мислење 12 Мај 2013, 21:36

Ау,ау,ау...се мислам дали да се начукам па да се вратам на темава да ја изругам или дур сум при свест и разум достоинствено да ја распердашам...ама и во тој случај не можам да бидам прибрана.
Јас ја зачитав и на твитер... Штета што не направив збирка на сите нејзини мудролии,ама едно заклучив... Девојчето е очајно и самобендисано. Текстовите и немаат литературна вредност, ниту длабоки чувства, туку украсени плитки емоции. Ќе забележите дека и се инспирирани од наивната фантазија и потреба да биде така обожавана и сакана на начинот на кој што опишува нечија машка љубов према некоја девојка. Ќе забележите дека секогаш женската фигура која ја опишува е силна, посакувана,атрактивна, обожавана... шаблонски и симптоматично.
Страшното е што... Шилеа пишува книга,уствари ќе издаде веќе создадена збирка...и Марија Јаневска ака Лејла пишува книга... и ќе биде попродавана, слушајте ми го зборот! И тоа е жаааално, луѓе мои, ЖААААААЛНО!!!
Бљувотина! Дај ќе се самозаљубам и ќе пишувам поезии и БЕЛЕШКИ за себе си. Нека земе нека ја гушне некој аман!

И главно, глупа е. Многу е глупа! Случајно ја сретнав низ ГТЦ еднаш и ми дојде да ја гушнам од што нејзината симпатична појава е празна ради отсуство на битниот фактор х. Едноставно го нема... Како да гледаш некој убав предмет кој е тотално бескорисен. Навидум некоја процеланска фигура...

Еве БЕЛЕШКИТЕ на Лилит колку е Лајла Грејс глупа! Mислам видете ја таа мудрост пипл! Видете ја! Која е таа убеденост, самобендисаност и простота. Она ти е семе синапово во литературата и блогерството.

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h

#љубов е кога ти дозволува да пиеш ама не ти дава да се глупираш.

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h

#љубов е да му фалиш дури и тогаш кога не си признава.

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h

#љубов е да е тука при секој здив издишан со помислата на него

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 19h

Понекогаш сфаќаш дека дури и кога си со некој си сам. Тогаш гужвата е најголема самотија. #живот

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 11 May

#празник ми е коа ќе ме адднат повеќе од 10 совршено згодни момци на фб, не за друго, очи си плакнам. Мх...

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 6 May

#моментот кога ти се плаче, па пушташ Grey's Anatomy па и да заплачеш, од епизодата беше бе, многу тажна беше, Изи има рак...
(леле ќе си умрам... рак на душата фатив)

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 5 May

Понекогаш кога мајка ми ќе ми купи пижами, па уште и шаренки, ми иде да и се раздерам „ало подвезици носам, уште пижами ми купуеш???“ #амаАЈ

( Леле дишиме ист воздух...леле,леле...)

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 5 May

Значи некои луѓе се на твитер колку да се рече дека имаат и твитер или стварно мислат дека знаат да твитаат? #palmface

(иронија)

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May

#фармацевт у ПМС = атомска бомба

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May

Симптом: #цицки ака балони.
Дијагноза: треба да добијам.


Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May

#мама ми прати слика од Кан, да ми каже колку ме сака. Една е мајка!

( Колку работи се погрешни во овие претходни три твита... )

-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May

Дали тоа на сите мажи кога почнувате да ме запознавате коментарот ви е “па не си само убава, а?“ Па ваљда looks&brains некогаш идат заедно:)

(сакаат да имаат секс со тебе,ок?!)

Г-ца Фармацевткиња @MacedonianGirlM 4 May

Јас девојките ги делам на девојки кој си ги бира за една вечер и јас. Јас не сум му опција. Кога сум јас, нив ги нема. #точка


Ете тоа ви е Лајла од друг агол... реален агол.
И на темава во литература и уметност не и е местото...да се разбереме.
А страшното е кога ќе видам кога ќе ја сподели некоја личност те девојка која сум ја почитувала и сум мислела дека има нешто во главата бидејќи ете постигнала, отишла на крајот од светот и слично и сега ја лајкува Лајла Грејс... Сфаќаш дека и тука се работи за една простакуша која си ја проценила и дека во земјава само просеци и подпросеци успеваат. Ќе ви пуштам нешто пластично во СДК сега чисто за да ја заокружиме темата...
Аватар на корисникот
Lilit

Црвено цветче
 
220582810
Мислења: 5591
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:51
Локација: Зрно грашок

Врати се на Слободно време

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Bizi, kikkki, Megannn и 10 гости