1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белешките на Лајла Грејс и на неа сличните

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-dior, 22 октомври 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Каде се наоѓа тоа чудо? Уствари тие статуси преминаа во КНИГА???
    Ти го имаш прочитано?
    И ако да, коментарче?
     
  2. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Делото на Бејби е во најмала рака одлично, и сите девојки кои не се согласуваат со горенаведените авторки немаат поим за квалитет и очигледно дека не се стручно потковани.
    Они се премногу креативни за да бидат разбрани од прва рака, нивните дела изобилуваат со симболика, верувам дека се обидуваат да ни испратат длабока порака и притоа не штедат на стилски изразни средства. Мислам, и уметност, и симболика, и буквалност, абе се во едно - што сакате повеќе од ова девојки?
    Писателкиве знаат што прават, многу добро осмислено ремек дело кое заслужува посебна тема, аплаузи и овации...

    Секако дека не може една дилајла како Лајла да биде на исто ниво со Хесе, или еден Хесе со Хегел, и во литературата има хиреархија, како што во музиката турбофолк и рок не може да бидат едно исто.
    Поради тие дупки во образованието, денес имаме тешки тикви кои начукале Х години и не се способни да селектираат т.е. го немаат интелектот да селектираат што треба да читаат и кога и зошто.
    Покрај тоа што треба да читаш, треба да научиш да читаш помеѓу редови и секогаш да копаш под површината на напишаното, и позадината на напишаното и ако ја откриеш, да оставиш простор за сомнеж. А не ко слепци за стап се фаќате за се што доаѓа на дневен ред од некоја тешка дилајла.
    Почитувам читање од љубов, читање макар и со сила ама квалитетна литература или да го наречам читање со вистинска цел, а не желбата за читање да произлегува првенствено од тоа колку треба вие утре да се пофалите дека сте прочитале бидејќи тоа е во тренд, или да ја користите книгата како лепеза на плажа.
    Убава е литературата, ама нема место во модата како моден додаток, последица на лошиот образовен систем е денешната слика од деца, а богами и возрасни кои се неспособни за селектирање и се лепат за трендови ко муви за коњски газ, ај ќутете фала богу сега читање е ин, утре којзнае што ќе дојде.
     
    На Lella, glosipgirl и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106

    дали си ја прочитала идиотски приказни ? ? ? и ако да, кажи ми каде да ја најдам. многу ми се допаѓа нејзиниот стил на изразување .
     
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    daks, девојче од столче ме бутна со твојот коментар.

    Сеуште не сум ги прочитала Идиотските приказни, ама слушнав многу пофални зборови и останав фасцинирана од истите па и јас сум во потрага по ова уникатно парче.
    Можеш да ја најдеш во Скопје, сигурна сум дека ќе ги препознаеш луѓето кои не знаат да склопат една проширена реченица и најчесто не знаат да си го напишат името па наместо Елена по грешка се викаат Зелена на пример, е види и барај ги таквите личности, сигурно ја имаат идиотската книга.

    Баш преферирам да тријам сол од нечија глава на вакви теми, чисто дека ми се може и затоа што го немате интелектот да се одбраните, исто како што го немате интелектот да селектирате што треба да читате.
     
    На De-lovely, Smilly, glosipgirl и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Тоа се обидов и со првиот муабет да потенцирам, дека сите генерации имаат огромна маса на глупи деца, само формата е различна. Не знам колку години имаш и која генерација е татко ти и што се читало во негово време, ама во мое време, постоеше Лајла Грејс во поинаква форма, се викаше Дитас и ја напиша можеби најпродаваната книга во МКД - Крив Правец. Шунд кој се предаваше од рака на рака и девојчињата си ја прераскажуваа у ВЦ додека машките пушеа цигари.

    Океј, те разбирам дека го сметаш образованието за појдовна скала, но јас морам уште ова да го напишам за да ти покажам зошто не се сложувам. :geek:
    Јас во моето стогодишно образование, имам прочитано отприлика некаде околу пет проценти од лектирите. Со мене заедно исто така познавам голем број соученици во различни делови од образовниот процес кои го прочитаа истиот процент. Денес се професори, уметници и интелектуалци. Паралелно познавам и паметни деца кои ги прочитаа сите лектири. Денес се адвокати, доктори и банкари. Со нив, секако најбројни беа оние кои не прочитаа ништо. Денес работат во администрација. :lol: Ok, се зезам за последново, поентата ми е дека нечитањето на лектирите, не значи апсолутно ништо во поглед на познавањето што е добра литература.

    Или Хегел со Кант. Или Кант со Атињаните. :rofl: It`s fun. Шо убаво ме изнасмеа. Туку, битното за кое те цитирам е... дај најди и залепи нешто од Ксенија Бејби, да се едуцираме.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Сигурно приказните се добри за инсомнија. Всушност, не знам дали ќе те успијат или ќе ти ја продолжат несоницата, ако си толку фасцинирана, ти верувам, сигурна сум дека нема да можам да заспијам од возбуда после тоа литературно дело. 8) Одам во набавка :rofl:

    Туку, Капетанов ја спомна Крив правец, ееј која галама се дигна, како да најдоа книга од вселената со кодирани текстови. Никогаш не ја прочитав, а шеташе некоја копија од рака на рака, демек некои женски што им давале на политичари, па нешто како имиња се спомнувале :D
     
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Лилит ма, па оваа барем у насловот си кажува дека се идиотски приказни, не си го трошам видот, посебно не затоа што едно време баш и ги следев тие статуси. :D
     
  8. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    ајде сеа идиотски приказни ви е на ред за хејтање :) ? таков народ сме. не си ги почитуваме нашите какви такви автори :) се разбира дека ни ксенија ни марија не може да пишува како достоевски, шекспир, хегел иии сите нив... мислам дека се трудат и на таков начин постигаат некаков публицитет воедно и успех. а што има лошо во нивните дела ? сите книги се различни. секој пишува според различни мотиви, интуиција и идеја... ако вас не ви се допаѓаат има некој што ги чита и им се допаѓа. немора да значи ако сум ја прочитала лајла грејс и сакам да ја прочитам идиотски приказни дека сум необразована или незнам што. добро луѓе не потценувајте туѓи мислења и вкусови. почитувајте :) девојките се труделе за да ги издадат нивните книги немора да плукате по нив
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Да напише книга со нејзини зборови, нејзини приказни, а не да препишува и да преведува песни, тесктови од песни од други писатели, тогаш ќе и симнам капа. Но, до тогаш таа за мене не е писател. Утре и ја ќе седнам, ќе скоцкам некоја книга од неколку песни од Дино Мерлин, Северина, Цеца...

    Да, не може сите да имаат ист стил на пишување и не може да се споредуваат сите со Хесе, Шекспир, Балзак, но дотичната госпоѓица за жал нема никаков стил на пишување.

    Не живеам во Македонија и за жал или среќа не сум слушнала за Идиотскиве приказни што ги
    споменувате погоре. Де баш ако имате можност споделете нешто, да видам што пропуштам :lol:
     
    На ku4ence, WarriorAngel и Shmizzla им се допаѓа ова.
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    "Домашни капини"???
    "Огледална слика"????!!!!

    Мршшш ма!
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Од исте новокомпоновани автори, Коста Петров ми е најлицемерниот.
    Пропагира некоја позитивна психологија, живот без его, некои си инспиративни глупости...а да поминете 1 минута во негова близина, толку ќе се наполните со негативна енергија, полна со его и бахатост, некоја невидена ароганција и препотентност, што би му препорачала да напише нова книга - како станав познат од што сум самобендисан геј. Тоа е чудо колку пулсира со негативност и надменост, непотребна надменост.

    И не, немам ништо против гејовите, имам против егоистичните драма квин гејови.

    Сепак мислам дека овие автори знаат дека се срање и дека пишуваат глупа литература, нормално дека нема да го признаат тоа, знаат дека се литература за подпросечна популација, ама секако истата дава и најмногу пари за нив... така што...парите се послатки.
     
    На Masnickaaa, tanjabela, Foreveryoungiwannabe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    го имате читано Робин Шарма?
    епа „писателот“ Коста Петров толку добро го има прочитано и обработено што на секој негов збор му има направено copy-paste!
    ми се гади и од него и од лајлица :puke:
    а оваја новата Ксенија не е ништо подобра со нејзините белешки... упс... идиотски приказни де...
    го променила само насловот со цел да биде „оригинална“ а бљувотините внатре се исти ;)
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.462
    Пол:
    Женски
    Оваа 'лајла грејс' има интервју на три страни во новиот бе на unique.Eве 'интересни' факти за неа:свакја дека е заљубена тогаш кога векје ке заврши
    Дечко и од бебе го познава :D ,иначе врската и првата средба по долги год им е филмска,го гледа по долги години,и пагја чантата од рака ,се попарува со чај и оп се заљубува на прв поглед
    Мајка и ја воспитала дека секоја девојка наутро со првото кафе треба да се среди за цел ден да буде убава-нема грди девојки,само мрзливи
    50 нијанси сиво ги препорачува секоја цура да ги прочита
    И се чудиме после од кај црпи инспирејшн за романтики и патетики :^)
     
  14. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Прекрасна е големо браво за нејзе,ја имам книгата и прочитана ми е 2 пати ама пак си читам од почеток :lol: и на фб редовно ја следам :)
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Големо бρаво за татичκо што и ја издал :clap: , иначе денес немаше да се споменува името на "писателκава" |( :P. Бρаво тато Јаневсκи!
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Блогери, блогери евривер.

    После Лајла никнуваат ко цветови со задоцнување. Пирана тоа е ин, блогерство.
     
    На sleepingbeauty и ivancekitty им се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Captain-Omni и Abeja, не живеам во Македонија и ви викам сеуште не сум ја прочитала книгата и немам што да споделам, но добар глас надалеку се слуша па еве и јас сум во потрага, пет ноќи имам инсомнија и не можам да заспијам од возбуда, го изгубив апетитот и целата се исушив бидејќи јадам само нокти. Целата сум како урочена, не знам зошто, што ме снајде.

    daks и останатите, ако ги читате овие работи не мора да значи по дефиниција дека сте необразовани, тоа може да се заклучи од вашето пишување, голема буква за име и после точка се учи во прво одделение.
    Јас не сум поетеса или голем познавач на литературата, не се дрзнувам да отварам блогови и знам каде ми е местото но си земам за право да коментирам како дел од публиката пред која се исправуваат овие личности, а штом се појавиле во јавност и собираат пофалби - треба да бидат свесни дека ќе налетаат и на критики.
    Вие за промена прочитајте по некоја лектира, да не бидете предмет на исмејување и во иднина да не ве дриблаат по форуми.

    XstrongerX, гледам дека денес секоја втора е блогерка и сака да биде нешто што не е со себе издигање, мудрување колку е умна и кул, било тоа преку литературен или моден блог, сите се во ист кош. Се распишале по интернетот, се кое од кое понеписмено, да ги читаш - сигурно ќе си го расипеш јазикот. Ни самите не се свесни колку се добри со своите блогови, а очигледно сите околу нив кои ги пратат се во несвест.
    Се видело дека некој пишува или се слика, па ајде кој треба и не треба се појави на интеренет, секоја чест на исклучоците кои се редок вид и го имаат квалитетот за блог, но и тие се губат покрај масата или не можат да дојдат до израз заради оваа навалица. Секој што има никаква самокритичност, премногу слободно време и знае да куцка на тастатура и клика на маусот си отвара блог за да нели, не остане покус.

    Не се они криви што така добро го забавуваат стадото, денес масата е во транс и не се бави со ништо корисно како финансиски скандали, политика, организиран криминал и слично туку они сакаат да знаат што напишала Бејби и да следат каква мода тера некоја блогерка од Тринидад и Тобаго и дали направила катастрофална утка со бојата на лакот или боже сачувај не си го издепилирала мустаќот.
    Што сака да чита стадото? Прогноза за иднината на глобалната економија или изјавата на блогерка која успешно се изборила со целулитот на батаците кои и биле како кора од портокал?
    Тоа е таа плиткост, плиткост, плиткост... розево бе, скроз... многу слична ситуација имаме и тука на форумот, ама тоа е веќе друга тема на разговор.

    Ама ако, битно е да се отвараат блогови, да се прави нешто... кој слика/пишува нека продолжи упорно да го прави тоа, што знаеш со пракса може ќе се разубави и научи како да комбинира беж и карамела боја па грдото пајче ќе се претвори во лебед, или може неписмењакот ќе се описмени и научи малку македонцки јазик.

    Јас како љубител на малку поразличен стил, очекувам некој да разбие монотонија и да отвори блог или напише книга со наслов во стил “Кад би био рањен крви би ти дала“ или евентуално да позајми некоја уметничка нота од песмите на Шемса Суљакович, Синан Сакич или Шериф Коњевич бидејќи Дино Мерлин и Џеј веќе кулминираа.
    Што бе, а зошто да не? Кад је бал, нек је маскенбал...

    Ајде поздрав, одам јас за промена да прочитам нешто друго низ форумот, како на пример во темата “Дали сум бремена“ сигурно некоја пак се онадела па бара совет или нешто од менито на членовите, “што јадев/пиев и каде спиев денес“, тоа го имаме на репертоарот...
     
    На Lella, ku4ence, Skyfall и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Ksenija Nikolova
    25 July at 18:17 · Skopje · Edited ·

    Роботот и Магдалена

    Роботот: Маги?
    Магдалена: Кажи?
    Роботот: Имам да ти кажам нешто. Го буткам во себе веќе некое време.
    Магдалена: Кажи де, кажи?
    Роботот Маги, јас, јас, јас, те, те, те, те, с, са, са...
    Магдалена: Пак снема батерии? Ти кажав да почнеш да користиш други, од тие повеќе што траат. Еве, среќа имам јас. На. И? Што ќе ми речеше?
    Роботот: Ништо Магдалена. Ништо. Фала ти за батерииве.
    Магдалена: Батерија како батерија. Не трае вечно.
    Роботот: Така е Маги, така е.
    Магдалена: Туку, јас имам нешто да ти кажам. Си најдов љубов.
    Роботот: Да?
    Магдалена: Да. Среќни сме заедно. Има нешто, не сме кукли, траеме.
    Роботот: Супер е тоа Маги. Само да те сака, би го убил за тебе.
    Магдалена: Без навреда, но немој до таму. Ќе ти летнат батериите, хаха.
    Роботот: Хаха Маги, навистина. Ќе ми летнат. Хаха.

    Не, дали е оваа здрава и колкав коефицинет на интелигенција имаат луѓето кој и го лајкнале овој статус?
    :puke:
     
    На CameliaMiller, Hipster, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Уствари, да исечела тука: „Роботот: Ништо Магдалена. Ништо. Фала ти за батерииве.“ ќе било многу убаво напишано и со многу убава длабока поента. Ама...
     
  20. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    Уствари, да си ја исечела главата ќе било најубаво :fubar:
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.