Колку го користите и дали воопшто имате профил ... Што најчесто правите кога сте на ФБ ... Tука може да поставувате и прашања поврзани со фејсбук.
Фејсбук ( Facebook) Ќе оди во канта, ама од утре, кога ќе го затворат фб конечно, а можеби и ќе остане темава како успомен и дуго сечање по фармата и животните кои ќе завршат во месарница, рибите во рибарница, парите од покер ќе пропаднат како што пропадна ТАТ, богатството ќе остане не откриено итн. Тоа ќе биде ден на жалост
Фејсбук ( Facebook) А од каде информација дека ќе го затворат фејсбукот? И зошто би го направиле тоа?
Фејсбук ( Facebook) нема врска, само шекулации. Има една хакерска група, се нарекуваат Anonymous Group, и пишале некаде демек на 5ти Ноември ке го туркале Фејсбук. Не се некои грефчиња, само да се фалат, но Фејсбук да го турнат нема шанса теоретска. Освен ако сопственикот не одлучи, и прави вакви фарси
Фејсбук ( Facebook) А зошто па да не, информацијата е од прва нога, второ колено и не расипувај филм сега таман ни тргна муабетот партибрејкер низаеден.
Фејсбук ( Facebook) Ааааа добро тогаш Најубаво да ги тргнеме сите информации и слики. Додуша и нема да се прекршам од работа со едната што ја имам
Фејсбук ( Facebook) :up: жива зараза е, колку пати само сум се обидела да го деактивирам, успевам само некој ден да останам без него, и повторно го враќам...
Немам фејсбук и не ни сакам да имам... И благодарна сум на бога што не ме вовлече во таа манија, од која некои не можат да се спасат
Имам и јас, лани го го избришав, па почнав да испуштам предавања и вежби затоа што нели денеска модерно е се да се објави на фејсбук, а не да се каже лично или евентуално на некој друг па тој да ти пренесе! Ич ама ич не ми е потребен, се надевам ќе се укине и ќе почнеме пак како луѓе да контактираме, да не речам тет-а-тет!
Па што и да се укине, тука е твитерот, има други социјални мрежи. Луѓето што сакаат да дремат на вакви работи секако ќе се префрлат на друга мрежа. Јас го уклучувам кога имам потреба, да побарам некој, да се договорам за нешто да си заштедам на телефон.
Па да. И јас фејсбук најчесто го користам за да контактирам со пријателите. Заради тоа и го враќам на секое. Порано бев многу заразена, игри, фотографии. Сега не играм ниту една игра, фотографиите ми се сите сокриени, само една профилска имам, и таа дури не може да се отвори. Приватност тотална
hi5 не се укина фејсбукот ќе се укинел немаТ шанси ... Може во најлош случај привремено да е недостапен поради новините што ги внесуваат и тоа е тоа .
голем поз до тебе.се согласувам 100% немам фб,не сум ни имала,и голем антифб сум! од секогаш сум била,поточно,кога почна поактивен да биде страшно мислам дека е тепање и губење на време =/ можеш 200 работи други поинтересни а и попаметни да правиш
И да го укинат ич не ми е гајле. И онака за ништо посебно не ми служи фејсбукот, само за да се договорам за излегување, за да зборам со некои роднини што не живеат во Скопје и слично. Ниту ставам нови слики секој ден, ниту ставам статуси, линкови и триста чуда, само ако некој ми пише на ѕид па да му одговорам, инаку не се ни замарам со пишување на туѓи „ѕидови“. Фејсбукот ми служи за тепање време.
Денес нема некој кој нема фб.... јас го користам за да си пишувам со пријателите, ама и да го укинат може на мсн секогаш, е добро сега нема да има слики и голем број на обожаватели кои ти досадуваат ама тоа е хаааххаахаах
Го користам секој ден за комуникација како што некој пред мене рече за да заштедам на телефон. Ако некој ми треба седнувам пред компјутер и го наоѓам на ФБ најчесто. Се договарам со другари-другарки за излегувања,за кафе или слично кога се вклучени, а ако не се 2-ра опција ги барам на телефон. Или контактирам со колешки-колеги, роднини и пријатели кои не ми се во близина. Едит: И да заборавив да кажам дека воопшто не сум зависна, ако немам потреба од комуникација не го ни вклучувам, или си седи вклучен без да седам пред компјутер.
Јас имам повеќе пати пробано да го деактивирам, да се дистанцирам од сите тие случувања, луѓе, напорни работи зошто ми го замараа мозокот, но безуспешно. Денеска се` функционира на начин во кој што задолжително е вклучен и фејсбукот, а кога го немам се чувствувам како да сум ептен поназад со времето и настаните. Не знам зошто е тоа така. Потреба ми е голема и искрено им се воодушевувам на луѓето кои што останаа имуни на фејсбуковскава дрога. Лошо е, лошо!
Би била прескреќна ако го укинат.Вака сама немам храброст да го деактивирам бидејки сите се на фејзбук па како јас да се правам црна овца.Имам потреба од фејзбук бидејки преку него комуницирам со сите блиски и од кога постои фејзбуков телефон користам многу ретко што значи заштедувам многу Покрај комуникацијата го сакам бидејки преку фезбук дознавам за сите случување (сите бараа програма за викенд од мене ) Но ужасно ме иритират глупави статуси,слики и што ти не...Искрено не паметам кога последен пат сум ставила статус се мислам дека беше пред многуу месеци (или претходната година) кога Барселона ги исчукаа на Манчестер (морав бидејки бев пресрекна ) Инаку за укинување и да го укунат веднаш ке се префрлат сите на твитер или некоја друга социјална мрежа...нема спас од оваа завист Заборав да кажам дека профилот не ми е досаден цел ми е исполнет со демотивации(само лајкови мавам )
Имам и уклучен е скоро цело време додека сум дома. Не го користам ништо посебно. Не постирам видеа, не ставам статуси и така натаму, единствено четот ми е од помош. Бев амбициозна да го укинам, се додека не ми текна дека имаме група од клас каде се договараме за се, кафана, одложување тестови, кој што ќе испрашува и така натаму..