Некако самиот ден т.е. причината за кој што се "слави" е малце глупаво,но секогаш е добро да имаш ден слободен за да се видиш со сите... некако во новава ера,секојдневно имаме обврски ... Каде ќе одете, со кого ќе го поминете?
Јас би сакала да одам надвор од државава ама ќе видиме со мажот ми, но не е лошо и Крушево малку на чист воздух.
Се уште сме во преговори со друштово но најверојатно во некое село,со скара,пиење,музика...дечкото до мене...другарките....поубаво амин
Иако сме во преговори за надвор од Скопјево, веројатно јас ќе си останам дома, зошто од 3ти ми почнува колоквиумска и 99% е дека нема да идам никаде .
Еех, обично одам за 1ви мај на излет некаде во природа, на планина ама овој 1ви Мај сум на свадба и ништо од излетот.
Многу изживеана работа ми е овој 1ви мај. Искрено многу си бев среќна и задоволна, кога минатата недела без причина се собравме цело друштво кај мене во викендица, си правевме скаричка, мезенце, пивце... Без гужви, без потресување за ДЕНОТ. 1ви мај. Big deal. Ако идам негде,тоа ќе биде на отворено, во природа. И онака кај мене во село е пренатрупано тогаш,па некој роднина знае да се тупоса ако ја види куќата отклучена. А после тоа на мене и дечко ми ќе остане чистењто. Пошо нели 1ви мај е. Од секаде луѓе изникнуваат. Дали се поканети или не, абе нема врска. Затоа негде на отворено. Мирна да ми е главата
Обично одиме некаде секоја година, ама за овој први мај со дечко ми решивме да се собереме мало друштво и да си направиме скара кај него во двор. И онака има широк двор со тревник, ќе си пуштиме музика, и ќе си се најадеме. Преку глава ми е од гужви
Преку глава ми е славењето на први мај. Најискрено ви велам. Секоја година еден месец унапред ваму да одиме таму да одиме и на крај ќе се пикниме негде без везе... Годинава не одам нигде со друштво, не ми се оди бе луѓе Што секоја година истите луѓе, истите места?! Ќе земеш јадење, пиење, не легнеш на некоја ливада, ќе направиш скара, ќе ја изедеш и ќе си одиш дома. Мене тоа ми е глупаво, јас не сум за такви собиранки, посевно не со некои врескачи и крекачи, кои се главни иницијатори на излетот, а после цело време квичат! Годинава си останувам дома, евентуално со моите ако отидам негде. Барем знам никој нема да ми вреска на глава. Или пак со братучетка ми и нејзните другарки, со нив да ти е ќејф да излезеш (изгледа јас не можам да се дружам со мои врсници, само со повозрасни ми е убаво )
Лани бев во Охрид и преубаво си поминав вриеше од народ,а и времето беше преубаво. Според мене не е битно местото за 1-ви мај пред се најбитно е друштвото
Мене веќе четврта година по ред 1 мај ми е резервиран за најсреќниот ден во годината за мене-роденденот на мојата ќерка и секогаш си поминувам најубаво на цел свет!
Добро бе има некој што не сака сонце, скара и смеење до бесвест во природа? Се поинтересни стануваат собирите за први мај пред компјутер и четување на фб, браво за младинава. На 18 години им е изживеан 1ви мај, а дел од нашите родители по 40-50-60 години уште одат на излети па пак не им е преку глава. Јас па го сакам први мај, сакам да уживам во природата опколена со мирис на скара, легната на кебенце и полека поцрнувам или поцрвенувам од сончевите зраци, со ладно пивце во рака. Како и секоја година така и годинава на некое скопско излетничко место ќе си одам со друштво и љубовта.
Со оглед на временкава прогноза која вели ДОЖД од петок до вторник, не ми се оди никаде, па веројатно ќе си се изнаспијам дома