Девојки, ве молам за помош. Со дечко ми решивме оваа година да славиме сами, одделно од друштвото, ама малку "рано" ни текна, па во сите локали низ Скопје шо ги знаеме прашавме, ама сегде е или преполно, нема место за резервација, или е прескапо!! Ве молам ако знаете некој скромен ресторан, кафиќ кај што НЕМА да се пушта народна или српско нешто, пишете ми знам дека е малце касно, ама не знаев каде да прашам.. Фала однапред
Сакате да славите сами а бараш евтин кафиЌ ајдееее, баш ќе бидете сами. Освен ако не сакате да си го изнајмите кафиЌот па да си пуштате сами каква музика сакате Темава вришти, немој да се вадиш дека се празници и дека треба да ти простат кога ќе сакаат да ти ја избришат.
Значи сакавме без друштвото. Само јас и он, без некој друг што го познаваме, ама пак не сакаме во домашна атмосфера, туку некаде во гужва. Ама сега отпадна тоа.. Нова сум, не знам како да бришам теми инаку ќе ја избришев уште вчера
Во МЦМ 600 ден е резервација со шведска маса и до 12 чалгии после 12 некој дџ,галерија 8 во чаршија лани беше исто 600 ден така да не верувам оваа година да е поскапо. Tие 2 ги знам за испод 1000ка другите или се веке резервирани или тешко да најдете испод 1000.
Порано имаше убави понуди. Сега како што гледам катастрофа и цени и понуди. Поочаен ноќен живот во државава немало.
Здраво дечки, дали имате некоја препорака за славење Нова година во Скопје, без екс ју и актуелни српски песни?
И славењето НГ во Скопје не е тоа што беше. Се повампирија рестораните и кафичите (со чест на исклучоци). Цените ненормални. Еднаш вака се заебав и никогаш повеќе.