Иако сеуште не е завршено, има речиси уште еден месец, сепак се решив да ја отворам оваа тема каде ќе можеме да поразговараме како сме си го поминале летото. Некои интересни случувања, познанства, летниот одмор... Еве јас ќе почнам. Од првиот ден летото ми почна преубаво, бевме со клас да славиме 10јуни во кафана и преубаво си се развеселивме , имав дечко но потоа раскинавме.. тоа е потажниот дел од приказната.. Но сепак, на одмор бев со друштво и си поминав преубаво, немам зборови за да опишам.. Таму запознав еден и сега пак во скопјево. Се на се преубаво лето . Ајде да слушнеме вие како сте си поминале
Лето е...топло е...коа како =) кога сум на работа, остатокот од денот одмарам..али затоа кога не сум денот е исполнет максимално, запознав многуу нови фацки,,,и имам турбо сезона како никогаш до сега..ова би дошло како зграпчи го животот..како поминуваат полека годините се повеќе сакам да проживеам колку што е можно повеке.
Многу досадно ми поминува летово. Од сабајле сум дома и се досадувам. Навечер одам кај дечко ми и тогаш ми е поинтересно.
Стани , јади , оди у ВЦ, легни си Не ми е нешто нај нај летово цело време со една другарка шлаеме низ населба па бев на одмор и одвај чекав да си дојдам дома не дека не ми беше интересно туку сакав да си се вратам ама не знам ни јас зошто и сеа се вратив и чекам да поминат фала богу уште 10 дена до школска година
Се на се, убаво лето беше... и уште е (имам фора уште месец дена ) Возбудливо, исполнето со многу љубов и бакнежи. Е сеа многу работи ми се случија па имам неколку „пријателства“ минус, ама се здобив и со едно + кое многу ми значи. Ја бакнувам
Летово....Сум имала и подобри. Знам дека ова лето се здебелив. Што ми гајле. Ова лето ќе го паметам по тешките глупости,по многу интересни вечери,по еден нов во мојот живот... По неколку другари и недругари.. По матурата,која ми го скрати животот... И тоа....Сакам да заврши што е можно поскоро. Сериозно.
Летово во работа ми помина. Не отидов ни на одмор, ниту пак прошетав некаде. Ама тоа е ... Кој како ќе си ја нареди. Ми недостасуваат забавните лета кога лудувавме со другарките и не се прибиравме дома до сабајле.
Мене па сега на крај ми станува интересно , не сакам да заврши летово .. пред 2 недели ми беше многу досадно . Се се поинтересно ми е ..
Ова лето дефинитивно ми е подобро од претходното,сум се изнашетала за последните две што не мрднав никаде,незнам ни јас како издржав ама еве оваа година баш убаво си се наградив,во љубовта ми е супер,стварно добро лето беше...ама како се ближи крајот некако почна да ми здосадува и сакам да дојде и септември да почнам со обврските
Исто како да не беше....учење, па нервирање,досадни вечерни излегувања-ретко интересен помин. Ова лето е едно од најнеубавите во мојот живот.Но и покрај се не сакам да заврши кој ќе учи
Искрено,со душа чекам да одам на школо.Ова досега ми беше најдосадното лето.Со другарките имавме планови за цело лето,ама баш ни еден не се исполни.Така да,си сакам 1 септември да дојде
Па не е најлошо ама не е и најдобро Досадно можеби до пред некое време сега ми стана многу поинтересно Ама досадно или не не сакам да заврши кога ќе ми текне на школо...
Мене ова лето ми е суперррррр.... не можам да се пожалам за ништо освен некои мали депресив периоди кога ме факјаат ама блејм ит он д ПМС ... и така јас не сакам ова лето да заврши само сакам да се залади времево малце
Мислам дека најдосадно лето до сега. Ако имам вечер излезено 5 пати, а кога одиме на школо мора да излезам секој петок и сабота. Едвај чекам да дојде 1 Септември, да имам малку обврски и да не се досаѓам цел ден дома. Денес денот ми помина стани, јади, на компјутер, и еве сега пак ќе си легнам. Многу досадноооооо!! и Глупаво
Како да сум качена на ролеркостер. Динамика, возбуда, стрес, работа, нова музика, промени. Многу чудно лето.
Многу досадно ова лето-ако може и да се нарече дека е лето Добро барем му текна на времево малку да се стопли
едвај чекав да дојде лето и сега ме уби досада! воглавном цело лето ќе ми помине во исчекуање. прво моите да ги испратам на одмор за да бидам сама дома, а потоа и мојот одмор да дојде на ред. иначе секој ден едно те исто. кафиња, сокчиња, филмчиња, тв, фб, фемина, листање по нет, искачања, прошетки итн. не е скроз досадно, може да биде многу полошо, ама и многу подобро