Ја отварам темава бидејќи на почетокот на летото барав ваква тема, на сите можни форуми. Ја барав со цел да видам што прават луѓето, што ги релаксира, забавува, а и што би можела и јас да испробам. Цело лето ми помина монотоно - знам дека е моја вина, но што можам. Велат треба сам да си го направиш убав денот... Како ида е, сакам да слушнам од вас, што правите во слободно време, во што уживате, што ви ја исполнува душата. Дали сакате да собирате предмети, цртате, танцувате, музика...? Па повелете искажете се.
Ретко наоѓам слободно време и истото паметно го користам добро да се наспијам или едноставно одморам од секојдневните рутински обврски кои ми го држат распоредот полн. Во случај ( читај ретко) кога имам вишок слободно време го посветувам на себеси и женските ритуали ...
Во слободно време А го имам доста многу,особено кога немам обврски околу училиштето е тогаш практикувам обожавам да танцувам(пуштам гласно музика и денсање по дома до бесвест ) обожавам да цртам(иако во последно време ова го запоставив), пишувам поезија (имам напишано преку 300 песни ), и најмногу слободно време посветувам на читање слободни книги
хоби најчесто ако најдам слободно време...а ако најдам слободно време хоби ми е трчканје низ улицата ... и книги читам а најчесто хоби ми е пишуванје во теми на фемина
Пишувам помалку поезија и куси раскази и сум дел од еден литературен блог, кој ми доаѓа како издувен вентил. Читам книги, кога имам слободно време сакам да експериментирам во кујната, покрај нели задолжителното мавање сеир и трачарење на кафе со другарките и манијачно гледање серии (под манијачно се подразбира над 5 различни серии неделно.) Which I do.
Пишувам проза. Најчесто подолги раскази, кога ќе ме дрмне некоја инспирација, меланхолија или носталгичност.. и кога имам време. Исто имав порано една тетратка, ама сега ја запоставив, не пишував дневник туку нешто слично, пишував интересни квоти, за животот, љубовта, другарството, разочарувањата, нешто што ми се дешава, што чувствувам, песни и раскази. Сакам да слушам музика, тоа нормално како и секој Неможам да живеам без неа. Сакам да пеам, онака дома да си пуштам некоја песна или караоке и да ја вежбам. Сакам да се запишам на клавир или некоја боречка вештина, аикидо, карате или пак бокс. Ми фали да учам некој јазик друг, ми здосади од овој англискиов, страшно сакам да научам руски и италијански. Мајка ми ми вика заврши прво англиски па после што сакаш. -.- Сакам да бидам креативна, сакам да одам некаде, да шетам, да фотографирам, да уживам во животот, едноставно да се препуштам на сите негови убавини! Ејј, забегав жими се!
За жал додека бев студент имав повеќе време за хоби. Се уште си ги имам старите интереси, ама немам толку време за да им се посветам. Порано кога ќе добиев инспирација сликав, ама еве веќе 4,5 години немам ништо насликано. Затоа пак почнав во последно време да си експериментирам со готвење. Читам од различни списанија, страници, нешто и сама измислувам и си готвам. Многу сакам и да експериментирам со декорирање на јадења. Спојувајќи го корисното со релаксирачкото, во слободно време учам некој јазик. Знам понекогаш и да се заразам од некоја игрица, па да ја играм додека не ги поминам сите нивоа А, навечер си читкам по форуми или интересни страници.
Порано имав хоби да цртам планови на станови,дворови и т.н но сега некако ми се изгуби желбата,па во слободно време чепкам по нет и си читам некои интересни статии или нешто слично
gledanje filmovi crtanje ,slikanje, i ne mnogu setanje po naselba pod uslov da ne e zamrznato i da ne vrne a ovie se i drugite hobinja so gi imam [mod-kirilica:resu3qvo][/mod-kirilica:resu3qvo]
Најомилено хоби ми се книгите и јас во екстремно ретки случаи сум се пожалила дека ми е досадно. По цели денови да седам дома и да читам за мене е уживање. Друго хоби ми е шминката, кое полека но сигурно си го претварам во нешто повеќе . Трето хоби ми е јогата. И тука се трудам да се надоградам, ама полека.
Па, почесто сум излезена од дома и немам баш време за некое хоби, ама еве дома кога сум седам пред компјутер, слушам музика и поигрувам некоја игричка , ако ова може да се нарече хоби
Свирење клавир, цртање, пеење, читање книги, гледање филмови...од се по нешто, ама најголемо задоволство ми претставува пишување поезија на еден сајт, ме смирува кога сум нервозна или тажна и ме прави уште повеќе среќна кога сум среќна.
Па во слободно време читам книги, пишувам куси раскази, на фб, фемина седам. Летово собирав камчиња и ги лепам камчињата со силикон на лименки и во нив чувам моливи, пенкала...Украсни се и убави за изглед. За време на летото кога сум на распуст од сабајле пешачам, понекогаш возам велосипед или ролерки
Читам книги и списанија Кога е топло на ролерки Знам да напишам по некоја песничка или проза нешто И си изработувам накит ( понекогаш)
јас како колекционер на хобија сум секој месец по нешто ново во секој случај најново ми е допишување со писма си најдов преку интернет неколку другапчиња од светов па еве неколку месеци веќе си се допишува и навистина уживам толку многу си се радувам кога ќе видам ново писменце во сандаче(плус си најдов една девојка од грција абе писмата и се кое од кое пошарено многу се мерачки за гледање)
моментално хоби ми е редење puzzles , си купив една така бааѓи поголемка, има 2000 пузлички, мали , можеш да оќориш, а сликата искача 90 на 75 см, бааѓи големка, али мнооггууу мачно некако, мада ми е интересно, само што мислев дека ќе иде полесно, али ок, сликата е со две ангелчиња, и над нив небоооооо, прилично еднобојно