Како планирате да го поминете? За рекреација и одмор или за скитање по цели денови по улиците? Или пак можеби ќе посетите некој од друг град, држава и сл...Јас немам идеја како ќе го поминам ветово...ама сигурно досадно ќе биде! Па давајте некои предлози што да се прави.. пс: Не видов ваква тема ако има клуч.
можеби ќе отпатувам некаде, не се знае сеуште... ќе излегувам цело време со друштвото... и се знае дека досадно ќе биде сигурно
Предлог?! Хмммм Пааа, оние што имаат дечко,(а немаат брат или плашливи родители да ги пречат ) најдобро да си појдат до Албанија или Грција на неколку дена на опуштавање..А за останатите 2 месеци нека киснат на Фејсбук, нели, денес може животот преку Фејсбук да се живее Оние што се single, нека одат на истите овие места ама со друштво , а за останатите 2 месеци повторно важи горе наведеното Шала на страна, ни самата незнам што да правам летово...Па и јас ќе ја искористам темава да прашам за некоја идеја Ама сепак, ќе се повторам: Одмор со друштвото или со дечкото(и друштво) е морално! барем според мене Мва
Лудо и незаборавно! Што знам... Претпоставувам исто како и секое друго лето. Малку ќе работам, иако ме мрзи, ама веќе се пријавив. Одмор со родителите, со друштво/дечко, јога, искачање, пиење, излежување по сите кревети низ дома, базен, компјутер и се по ред од ново.
Можеби ќе одам на одмор ама не планирам летото да го искористам за лежење,спиење,одмарање и.т.н. Не значи дека нема да одма на базен да се сунчам или одмор Но остатокот од одморот планирам добро да го искористам Видов една девојка на интернет сама прави фустани и мн др. работи и јас ќе се пробам Еве ја страната: Спојлер http://www.giannyl.com/ Летото е добро време да се стопат калории па планирам да вежбам,трчам,пливам и.т.н. А можеби ќе си направам и некој накит Ќе гледам филмови и читам книги и мн други работи Да не заборавам да додадам повеќе содржина на мојот сајт и да го уредам Може и ќе повторам на крајот од летото за другатата година оти сакам повеќе резултат Има многу работи за правење во лето Веќе си направив список што ќе правам в лето
Јас си направив список: 10 работи што сакам да ги направам во лето 2011 Ама не се за кажување, нема да се остварат! Епа вака. Сега, со новото друштво, новите познаници, другарки и другари, планираме да го направиме ова лето НЕЗАБОРАВНО! Ќе одиме на стадион, ќе трчаме и ќе играме одбојка. Ќе се возиме со велосипеди. Ќе одиме кај еден другар во викендица на базент. Ќе одиме кај мене во село и ќе правиме скара. Ќе одам на одмор, ама ќе одам повеќе дена. Леле ќе слабеам. Почесто ќе го посетуваме нашиот преубав манастир св. Јоаким Осоговски Ахх ...
Лето. Моето омилено време од годината. Едноставно уживам во него, многу го сакам жешкото време и сонцето иако повеќето се жалат од него. Секое лето се обидувам да го искористам најдобро што можам, па така и ова. Веќе имам испланирано одмор со друштвото, а и со дечко ми и искрено се надевам дека тие денови ќе ни поминат незаборавно, затоа што одморот си го чекам цела година. Летото го користам нормално и за одмарање, спиење до пладне (или попладне ), многу излегување, шетање, дружење, релаксирање.
Најубавото годишно време. . Нека биде и +50 мене не ми смета. Мислам дека ми поминува најбрзо. Оваа лето ќе шетам многуу многуу, прво на одмор со дечко ми, па со моите, а во меѓувреме може и со душтво некој викенд до грција...Седењето пред компјутер е неизбежно , а и читање некоја добра книга.И + многу излегувања со личностите кои ми значат.
секое лето си е приказна за себе како и секогаш лудо наајубавоо незаборавнооо.. шетање, скитање, патување, кафиња, смеење, спиење до касно .. најдобро време од годината го обожаваам !
Секој ден на игралиште, рекреација и занимација, трчаме со другарките. Речиси секоја вечер излегување по парк, кафич, да се собираме. Смеење, зафрканции. Слободните денови, кога нема излегување, возење навечер ролери низ населбава. Читање книги,колумни и списанија, пишување текстови, приказни, книги . Привремена работна навика. Потоа половина месец на море. Ох уживанции. Таму веќе да не опишувам што би се правело бидејки сето време е испланирано, пополнето. На крајот, последната дестинација, топлиот кревет и лаптопот во скут. Да си се дружиме на форумов, на фејсбук, скајп, мсн.
Летоооооооооо фалишшш ајде иди побрзо.... Едвај чекам да дојди да можам да си се облечам во лесна облека а не вака 498390289 алишта на тебе
Ова лето несакам да ми биде како претходното цел ден на компјутерот бев. Ова лето планирам да не седам дома само да шетам со друштвото, да одам на базент, да излаезам од државата
Ова лето го планирав за подготовки и настап на Летните Олимписки Игри....но за жал не испадна како што треба. Така да конкретно немам некој план направено сега за сега.
мислам дека ова лето најубаво ќе си го поминам најомиленото годишно време, ги сакам високите температури па и +50 да е мене тоа не ми смета ..
Ова лето точно знам како ќе го поминам. Голем дел од времето ќе си го посветам себе, на разубавување и на вежбање. Море има да се стегнам до Август.
Лесно ви е вам,без обврски,шетање, уживање,ама ај се тешам дека и тоа здосадува Значи летово работно,ама пред се весело После свадба одморче,барем 7дневно,полнење батерии ,потоа планирам реновирање по дома,ама здравје пополека.
да посетам градови и други држави......Ако незнаеш како и ако мислеш дека ке ти е досадно пат оклу свето.....