Девојки користете ли моја гардероба-онлајн продавница ? Јас користам многу е убаво продаваш купиваш многу ми се допадна случајно ја најдов
Не сум ја користела а и не сакам да купувам веќе користена роба или нешто без да пробам. А на кој принцип се плаќа/поставува? Чисто информативно?
се праќа преку брза пратка курирот ке ти дојде дома на врата ти треба да платиш за артиклот и + за поштарина
Денес отидов во карго да ја земам сукњата и што да видам луѓе УЖАС. Со кејф си го отварам пакетчево и што да видам дамла сукњава еве каква е http://mojagarderoba.mk/items/obleka/22000/suknja значи на слика изгледа како некоја розева нијанса значи убаво гледам а ова боја темно кафеава луѓе ај не е битно 220 денари е сукњава таман работа за толку пари.. ама жити се и мене ми се има десено да сликнам на слика да изгледа друкчије ама ке напишам или ке сликнам додека не се појави барем од прилика таква боја !! И така си се разочарав и ја дадов на една другарка сукњата.. и на оваа и пишувам добро мислев дека е како на слика розева и она уште па ме убедува дека на слика е темно кафеава и нејкев да се расправам и реков само ок темно кафеава е и така морав да го споделам со вас
Дечкишто и да отворам да рагледам на странава ми се појавува Access denied што значи ова и дали е само кај мене или?
Прв пат слушам за странава.Искрено и јас облека не би порачала,сам накит освен обетки,и ташни нешто такви работи.А плаќањето како е?
Јас немам купувано нуту пак продавано на оваа страна, не една моја другарка купуваше пред некое време... сите се убави работи, Пред да се купи нешто треба добро да се информира а не туку така па после да се жалиш како WomanInRed
епа и накитот на слика изгледа голем па кога ќе го добиеш мал колку едно нокте така да и тоа мораш да го видиш во живо
http://mojagarderoba.mk/items/obleka/24357/fustance Дечки ми се допаѓа фустанчево ама се мислам дали да го порачам или не незнам да не би биде големо, да не не ми стое убаво вие што мислите
.... .....работам во странство немам време за шопинг ин лајф,така да морам да купувам гардероба онлајн....најпоќе пазарам на викторија секрет,и олд нејви и презадоволна сум....големините се како кај нас и како е на сликата такво и ти пристигнува...има доста избор на модни парчиња и за сите вкусови....од денот на порачката преку картица од унибанка за 7-10 дена ми пристигнува... постелнини и електроника си порачувам од амазон.ком,,така да и фаќам и попусти и сл...
Треба да пратам една ташничка кај една девојка ама до сега немам праќано дали може некој дами каже како треба да ја пратам ташничката, некои детали, преку што се праќа
Па немора да значи дека и девојката е крива, немаме сите исти компјутери исти резолуции и бои. Една слика кај мене на моб едно се гледа, на копјутер друго, кај сестра ми на комп трета боја испаѓа. Може кај тебе е проблемот со пикселите, не кај неа Барем кога порачувате вака имајте предвид што и како може да испаде, да не се нервирате безвеза. Инаку јас не би порачувала на ваков начин.