На денешен ден..., знаеме многу емисии кои се викаат на денешен ден и ги кажуваат побитните настани од историјата што се случиле на тој ден. Но и нашиот живот е наша историја, затоа ајде да ги обележиме деновите од нашата историја кои за нас имаат значење. Пример: ако денеска е 07,04,2012,(тек доаѓа датава), јас ќе си пишам:
На денешен ден пред 3 год. го имав најголемиот шок во мојов живот. Мене точно ми се погоди овој 2.2.2012.
На денешен ден е роден бифшиот. Епа среќен ти роденден идиотче.Ај хев самтинг спешл фор ју... Спојлер
На денешен ден 15.02. и е роднедне на сестра ми, епа дадичке моја мала СРЕЌЕН ТИ РОДЕНДЕН, сите желби да ти се исполнат и дада ти повеќе да ја слушаша
На денешен ден е роден Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
На денешен ден 2006 година починал Слободан Милошевиќ, некогашен претседател на Сојузна Република Југославија.
На денешен ден пред 6 години ме ќари дечко ми Единствената желба ми е со тебе да остарам... п.с. гледам во темава е пишувано кога е роден Гоце Делчев, за Слободан Милошевиќ...итд.Очигледно кога сум ја отворила темата можеби убаво не сте ме сватиле,темава е за дати од нашите животи.
пред 9 месеци љубовчето ми рече АЈ ДА ПРОБАМЕ ДА ВИДИМЕ ДАЛИ ЌЕ НИ УСПЕЕ . И еве девет месеци пробуваме, и сега за сега успешно е
Настани: 1972 – Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината. 1991 – На 11-от Конгрес на СКМ – Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија 1999 – Во Џеферсон Каунти, Колорадо е извршен масакр во средното училиште Колумбина Родени: 570 – Мухамед, пророк и основач на исламот. 1808 – Наполеон III, француски император. 1873 – Гомбоџаб Цибиков, руски истражувач . 1889 – Адолф Хитлер, германски канцелар. 1923 – Тито Пуенте, американски музичар. 1929 – Гро Харлем Брунтланд, норвешки премиер. 1944 – Ирена Савицка, полски лингвист. 1949 – Масимо Далема, италијански премиер. 1958 – Драган Ѓокановиќ, српски политичар. 1966 – Дејвид Фило, американски бизнисмен. 1967 – Мајк Портној, американски музичар. 1972 – Кармен Електра, американска актерка. 1972 – Жељко Јоксимовиќ, српски пејач. 1983 – Миранда Кер, австралиска манекенка. Починале: 1314 – Папа Климент V, римски папа. 1472 – Леон Батиста Алберти, италијански архитект. 1872 – Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. 1982 – Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. 1995 – Милован Ѓилас, југословенски политичар. 2008 – Ксенте Богоев, македонски економист.