Со оглед на тоа дека оди лето, сите си земаме заслужен одмор....или одиме некаде на викенд, можеби и од други хх причини не ќе сме присутни на форумот, еве тема во која сите ние можеме да се најавиме ако бидеме отсутни... пример,ако јас треба да заминам на одмор ќе ви пишам: Се најавувам за отсуство од хх(дата) до хх(дата) Спојлер темата не е со цел...јас следниот месец ќе одам. Туку ден два пред да заминете некаде ќе пишете
Интересна идеја, темава му доаѓа како оправдување и кога некој не бара во темата каде е па место да се праша таму, може прво овде да се погледне да не случајно некој имал оправдана причина што не е тука. Немора само за одмор да биде, може и поради обврски од тогаш до тогаш не сум тука.
Еве јас се најавувам дека 2 недели ќе бидам во странство....бидете ми поздравени. Можеби некогаш на кратко ќе се уклучам да ве ѕирнам и поздравам, ако не тогаш се читкаме за 2 недели....чао чао
Во Србија да не одиш? (смешно звучи ова странство, поширок поим здравје) Јас да најавам дека денес сум на работа, значи ќе бидам отсутна до 18.00 часот (со се одморот после работа). А во сабота сум на веридба, па после 20.30 ке бидам отсутна. (до кога, зависи од алкохолизираната состојба)
Гравче фрлаше или на карти гледаше п.с. мене се надвор од границите ми е странство било тука или преку океан
Ми кажа гулабот преку кој прати абер до дечко ти, стигна на погрешна адреса (само трефнав едно од нај блиските "странства") Џст кидинг
И мене некое време ќе ме нема. Не одам никаде. Само сакам една пауза да направам, од сево ова. Не се сеќирајте, ќе си ги запишувам сите глупости, и денешните. После се враќам со полна пареа.
И јас се пријавувам за оправдано отсутна.Идам на одмор вечер,така да од 5.8. до ---не се знае точно--- најверојатно до кај 30-ти.
Jас од утре се гитлам од форумов, ветувам нема да досадувам. A до кога не знам . . . откако ќе се вратам дома, можеби еден период нема да се ставам воопшто, мала пауза месецов од форумов решив да направам.
Јас ќе бидам отсутна од 07.08 до најверојатно 16 или 17. Има време,ќе се поздравам со вас во Сакам да кажам
Јас се одјавувам од форумов во период од 8ми до 13ти, на одмор ќе одам и така. Ама како и да е, и јас како Елена ќе ве поздравам сите во СДК пред да одам.
Мене женски од утре до недела ќе ме нема. Утре имам еден куп обврски шо треба да ги завршам, вечерта собир со другарките. Сабота сум на свадба, цел ден трчања, недела одам Грција. Се читаме од Понеделник.