Откако Пиволенд на своето последно издание ги сруши рекордите во Македонија за настани од ваков вид, со речиси 400.000 посетители и 2.000 хектолитри испиено пиво, оваа година обезбеди нова поголема локација за петдневното лудило. Пиволенд 2011 ќе се одржи на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој ќе биде специјално декориран и уреден за овој настан, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, пиваџии, гурмани, фанови, воајери и журкаџии. Под познатото мото „дојди, види, испиј“ на гурманскиот фестивал на пивото ве очекуваат 50 бендови, артисти и диџеи, повеќе од 50 домашни и странски видови пиво, гурмански штандови со разновидна храна и многуте скараџиски и сувомесни „Жи-ва“ производи, игротека за возрасни, филмски проекции, ракотворби, социјални кампањи, наградни игри и 60часовно дружење во ПИВОЛЕНД, земјата на најстариот пијалок и поттикнувач на целиот цивилизацики развој (научно докажано. Музичката програма на фестивалот е исполнета со фини изненадувања за фановите на речиси сите музички правци. Еден од најдобрите фестивали во Македонија, тотално ќе го зезнат со избор на многу лоша локација! Кале е незаменливо за одржување на ваков настан, и мислам дека годинава ќе биде утка. Ќе се одржува од 31ви август до 4ти септември. Сте биле? Ќе одите оваа година?
Пиволенд 2011 Саја, уште ти фали инфо кога Знам минатата година го преместуваа од почеток на септември негде кон средината...но со тоа што го преместија не успеав да отидам. Инаку не сум присталица на овие масовни дешавки. А и не сум нешто пивопија. Пиво пијам само скопско и старопрамен, и тоа уз ќебапчиња. Ретко да го пијам како примарна пијачка кога сум излезена. Но зошто пред Борис?
Пиволенд 2011 ^ Јас прочитав дека ќе биде на Кале од 31.08.-04.09., а сеуште нема програма кој ќе настапува.
Пиволенд 2011 Еее, фала Пирамитке, сум пропуштила датум, ама редактирав. Инаку има мал дел од изведувачите спомнати во групава на фејсбук: http://www.facebook.com/notes/%D0%BF%D0 ... 4328187696 А за локацијата мислам дека не им давале дозвола за на Кале, така нешто.
Пиволенд 2011 Еее топ, ај ќе погледнам да видам кои се изведувачите. Ако ме примами некој а и овие пивопииве мои ако ме завлечкаат ништо чудно да отидам Да ждригнам малку мирис и реа на Скопско и Старопрамен
Пиволенд 2011 Да, редовно одам на Пиволенд и оваа година планирам да ѕирнам малку, иако изборот на бендови е страшно мизерен. На Кале можеби има повеќе шмек како локација, ама неоспорно е дека се прави многу ѓубре, и после мака се мачи да се исчисти, башка има еден дел непоплочен и нетревосан, па се крева прашина до колена или кал ако недај Боже заврне. Мене локацијата оваа година ми е сосем ок, широко, рамно, пут под ноге. Не сум голем пивопијач, тукуречи не сум никаков, освен на темното лашко, ама е убава можност да се видиш со многу луѓе на едно место. Како и секоја година цените се over the top. Пиволенд е пиволенд и не треба скопското да биде 100 ден. Мајке му. Стави го таму симболични 50-60 ден. и нека народот ужива малку, нека се порадуваат.
Пиволенд 2011 Aх.. да не ми е жал... не идам. Лош термин, па и програма. И цени.. нешто се шушка и за локацијата.. Доволен ми беше охридскиов, со убај спомени се вратив
Пиволенд 2011 Веќе познати изведувачи се Фолтин, Ritam Nereda, High Control, Darkwood dub, Pink Floyd project Macedonia, RATM Tribute, Gillespie и Lollobrigida. На Пиволенд сум присуствувала единствено лани, на Кале. Локацијата беше супер, но не ми смета и паркингот пред Борис Трајковски. За цените, претерано е. Што е многу, многу е.
Пиволенд 2011 А има официјални информации колку ќе бидат цените? Знам од година во година ги зголемуваат.
Пиволенд 2011 А каде се наоѓа оваа локација ? Датумите ми одговараат, па и како што не сум била, ако се најде друштво може ќе дојдам. Би било супер да присуствувам на овој настан .
Пиволенд 2011 Бев и лани и пред тоа! И искрено кога ќе размислам локацијава и не е толку лоша, прво за да стигнеш до самата „дешавка“ требаше да се избуткаш со 594859 луѓе по скаличките на Кале, кој пијан кој со штикли се уфрцкал Па калоини, нерамнини и ред други работи. Се на се, целосно се согласувам со Трендафилка. И јас сум ОГРОМЕН љубител на темното Лашко што лани толку совршено ми легна со плескавица од Жива мх мх, уште го памтам тоа совршенство. Ќе одам и оваа година кога и да е, каде и да е. И само да напоменам лани беше совршена прилика да се види правото лице на поголемата багра присутна, кој сјај од очи и уста им излегуваше на сите на песните на Гоце Арнаудов. Интересно беше да се посматра од горе и да не ти се верува како мнозинството цупкаше со стапала на Суперхикс, а на Гоце буквално се трескаа од земја Спојлер Ма нека е жив и здрав Гоце, арен си е и он
Пиволенд 2011 Пишува на сајтот/фб страната? Hell yeah. За цените -тачно апсолутно. Минатата година го натепаа 100 денари скопското... кааааааааде бе? А да, и локацијава годинава е дефинитивно тапа.
Пиволенд 2011 Јура Стублиќ и Филм, La Colonie Volvox, Ареа, RHCP Real Tribute се уште еден дел од изведувачите што ќе настапат. Ќе има добро музиче, се` на се` изгледа.
Пиволенд 2011 Музички е многу солидно поткован Него на оној сајтон на ФБ какви коментари има, јас вчера ги читав саат време и животот си го продолжив. - Дечки а на кванташки да го напраевте нареднава година? - Вие кај ќе бидете? Ние сме у трети ред паркирани паралелно, дојдете! - Еј а да дојдете кај мене на паркинг, иаме и фонтана ќе се освежиме ако ништо друго и еден куп други, луѓево негодуваат многу за местото на одржување. Епа тоа е
Пиволенд 2011 И со причина негодуваат. Се деклариравте како не толку големи пивопијки, па ве сфаќам зошто ви е ок новата локација. Ама јас како изузетен поштувач на пивото, не можам да замислам да го пијам на асфалт. На Кале имаше толку посебна атмосфера, баш идеална за пиење пиво и уживанции. Прашина се дигаше напред кај стејџовите, ама на околните ридчиња беше идеално. А вака...не знам, целосно се губи убавината што ја нудеше Калето, треба да биде ПивоЛЕНД, а не ПивоПАРКИНГ.
Пиволенд 2011 Па Саја, ни мене не ми е ок, ама не сум нешто посебно разочарана од причина што не знам дали ќе одам воопшто - како што реков, друштвото ако ме завлече може да се проба. А инаку да и мене ми е јасно зошто негодуваат. Мене ако ме прашаш сосема поинаква атмосфера замишљам за пиво пиење, пошто гениве ми тегнат накај една земја кај што е пивото алфа и омега на нивното постоење, така да мене ни Кале не ми е идеален концепт за пиво пиење. Ама да признаам сепак, навистина не сум по онаа пиво култура. Не ми е у крв иако ми е де факто и буквално у крв Ај иди сфати ме. Како и да е, ме израдува информацијата за тоа кој ќе настапува музички.
Пиволенд 2011 Потполно се согласувам со Саја.. Едноставно не иде да пиеш пиво на асвалт.. И секако тешко кој би издржал ама баш цела вечер на нозе, ќе посакаш да седнеш, трева нема, на асвалт ли ке седиме бее Во секој случај мора да се иде, со надеж дека ке си поминеме добро или најдобро
Пиволенд 2011 Е добро бе,ај,ќе донесеме песок од Копакабана,пошто ве асоцира на Корона екстра,јес да е мексичка,ама шо има везе, може?! Не,тука се мушка чудесна авангарда со истенчен вкус.Викам јас оддамна. Нека не идат тие што одат само за музиката и ќе има доволно место за сите.Ама фејќерството кај нас е јака страна.Иди народ да те види! Мене местото ми е онака,суво,негостопримливо,ладно,ама музичкиов избор и пивото ме мотивираат. А најмногу ме нервираат говеда кои коментираат за скарата...абе еве се наежив по рацеве! Ако ти се јаде скара и ти се пие пиво прај си у двор,оди на пикник,ама скарата у овој случај е на некое 5то место од целиот настан.