па порано убавезно ја гледав баба ми и многу сакав да научам ама никогаш не успеав.. кога ќе ми треба нешто баба ми е тука
знам да плетам и се научив од многу мала,имав желба и научив,баба ми ме учеше но навистина ме мрзи да земам да плетам блуза или нешто слично со кое ќе изгубам повеќе време,плетам ракавици,капа,шал или нешто слично за кое нема да изгубам многу време Абе мрзаа ...
За цена не знам да ти кажам.Само знам дека иам плетено монистра и со баба ми елече.Некако ги мотав тие иглите и ке напраев нешо ама сега нишо не се сеќам.Само школо дома од дома школо и да сакаш нема да научиш
Жал ми е што не научив, а обожавам плетена облека. За тоа баба е задолжена Како мала ме научи да везам,ама плетењето ми се виде покомплицирано и немав време да учам, имав улица која чекаше да биде истрчана. Планирам летово да научам!
Кога бев мала , мајка ми секогаш ми плетеше блузички , елечиња , фустанчиња , и тоа во најразни бои , преубави работи , но еве јас се заинтересирав да научам истото да го правам и за мене пред се за ќерка ми , денес мајка ми ми покажуваше навистина некако комплицирано ми се виде ама почетното го сватив некако утре продолжувам , се надевам за брзо време ке научам како што треба и ке сплетам нешто , па ке ви поставам слика ако успеам
КОНЕЧНО си најдов кука за плетење. И тоа не една туку 3 во различни големини, од Лидл за 1 евро. Изгледаат вака и се со големина 8.0, 9.0 и 10.0. Розево, сино и зелено е мојот сет.
Игли за хеклање има и на зелено пазарче и на Бит Пазар. Овие твоите се баш интересни бидејки се проѕирни.
Да, многу се интересни бидејки се шарени и за мерак да хеклаш. Инаку не сум од СК. па затоа ми беше тешко да најдам, ама следното доагање ке купам.
Јас знам да плетам, ама не излегува убаво како на баба. Некако петлите исто ги плете, а кај мене едно поголемо, едно помало, едно лево, едно горе.. Хаос. Битно има шалче.
Само што се начив нова плетка (благодарение на сестра ми )и си сплетив шал. . Како сум ја совладала ткр на битпазаљр по ново клопче вуница.
Јас уште од мала научив да плетам со чингалаке со баба ми, па плетев мали како чаршавчиња за дома А пред извесно време научив да плетам и со игли, како се засилив на почетокот само плетев. Сега некако послабо, ама барем знам како
Сега учевме во школото да плетеме по предметот Вештини за живеење а јас помима си немам како се плете.Одгоре,оддолу и никако не излегува...
Знам да плетам,научив од баба ми.Знам некогаш кога ке ми текне да земам волната и иглата и до почнам да плетам,ме опушта.
Како мала многу се интересирав, и научив да плетам. Но, од тогаш помина многу време, и веќе сум заборавила.
Ееее баш ми е ќејф за темава, сега прв пат ја видов Инаку јас уште како мала на 7-8 години прв пат фатив игли во раце имав другарка малку поголема од мене, и нејзе баба и ја учеше да плете, па покрај неа и мене ми покажаа. Ми стана интересно, па почнав да ги прашувам моите баби и они ми покажуваа некои плетки, арно ама тоа беше некој период додека помине меракот и толку Последниве години повторно ми се роди желбата за плеткарање, поточно имам потреба да направам нешто интересно, да бидам креативна, па така ова спонтано дојде. Најчесто гледам клипчиња на youtube (од таму и сама научив да плетам со една игла, оние чингелачки што ги викаат), и си плеткарам по дома кога ми е досадно. Обично за Велигден плетам онакви корпички за јајцата, многу се декоративни, зимно време си плетам и калци, нешто како балетанки за по дома, и ред др работи како некоја баба се чуствувам , ама барем ме исполнува. А материјал обично земам од бит пазар, во продавницата спроти полицијата
порано знаев,бидејќи баба ми ме научи,но заборавив веднаш и планирам пак да ја натерам да ме научи бидејќи обожавам такви работи!
Знам да ја платам само обичната, многу сакам да научам разни други плетки Кога ќе бидам кај баба на гости подолго, има да ме научи па што сака нека биде