Дали вашите пријатели го знаат вашиот ник ??? Дали разговарате некогаш со вашите пријатели за форумов ???? - Мене никој не ми го знае никот освен сестра ми . Ако е дупла темава или глупа слободно клуч .
Пријателите и форумот !!! Ме знаат блиските другарки, па и некои понеблиски што сум ги запознала тука. Малку се каам поради тоа, ама ај
Пријателите и форумот !!! Само сестра ми знае. Знаат некои другарки дека користам, ама не ме прашале подетално.
Пријателите и форумот !!! Никој не знае! Не ни знаат дека имам профил тука и редовно пишувам!! Едноставно не сакам никому да кажам зашто сум напишала работи за некои личности кои тие не знаат дека јас всушност тоа го мислам за нив, а форумов може да се чита и како гостин! До некаде ми е непријатно за тоа што не сакам да кажам, зашто ако за нешто прочитам овде или се консултирам со некого од форумов, а тоа има примена во мојов живот и е очигледна работа морам да кажам дека сум го нашла случајно на нет, за да не речам дека ми е од фемина! Но сепак, нема да кажам дека имам профил овде...освен ако некој не ме познае па свечено да признаам!
Никој не знае а нема ни да знае . Отишла смислата тогаш ! поњнтата е што тука можам да се отворам , да ги кажам најголемите тајни , најболните точки , да кукам и плачам , да добијам искрен совет и подршка .... . А при тоа никој да не ме знае не гледам ни една добра причина зошто би се лишила од таа ретка привилегија .
Знае само сестра ми зошто делиме ист компјутер,а кога се уклучувам на форумов ми се зачувува ник-от па и кажав ..како и да е кога тогаш ќе дознаеше.Инаку доколку би имала свој компјутер би направила само мој дел на фемина со нов ник без никој да го знае ..
Знае само сестра ми зошто делиме ист компјутер,а кога се уклучувам на форумов ми се зачувува ник-от па и кажав ..како и да е кога тогаш ќе дознаеше.Инаку доколку би имала свој компјутер би направила само мој дел на фемина со нов ник без никој да го знае ..
Го знае девојчето што ми кажа за форумот бидеќи не мислев да бидам активна и да споделувам мислења,но сега со неа не контактирам така да не ми е важно дали ќе ме чита или нешто слично.
Мене ме знаат другарките дека сум на форумот, 3 ми знаат и ник, една и активна е, ама не ми смета зашто не ме читаат многу
Не знаат......и не кажувам,како не нешто друго...луѓево немаат др.работа па ќе читаат после кој што напишал и ќе лупаат глупости.НЕМА ПОТРЕБА НИКАКВА.
Сестра ми знае... ххх и брат ми можеби, ама дека често ме гледа тука пуштена, не верувам дека земал и читал : )) Исто и една другарка, ако не го видела ников тука кај мене на ком тогаш сигурно ме познала по коментарите.. зошто знам дека и она чепка тука некаде : ) ама нема врска и така и така се што сакам да кажам она знае
Па најдобрата другарка, уште една другарка (воедно и двете се членови на форумот) и мајка ми ми го знаат никот, а за пасворд никој не знае. Другите блиски другарки знаат дека сум член на форумов, само што не знаат кој ми е никот.