Секојдневно може да се прочита по интернет дека славните многу го употребуваат Твитер. Твитер е онлајн социјална мрежа односно микроблог, кој овозможува објавување постови во реално време кои се познати како твитови (tweets). Дали вие го користите Твитер и што мислите за него? Јас кога наеднаш стана популарен направив јузер но да бидам искрена неможев да се снајдам Следев некои познати личности онака чисто ме интерисираше што им се случува, но по една недела го затворив јузерот и сега ми е деактивиран. Не можев да најдам ваква тема, ако има се извинувам.
Твитер (twitter). Имам твитер. Но не го користам многу често. Некако глупаво ми е. Не знам зошто. Следам неколку познати, 2-3ца другари. И тоа е тоа. Во план ми е да го деактивирам. Нема ништо друго освен да "твиташ" т.е. да пишуваш пораки. Ставаш една слика само, профилска, нема ни лајк ни ништо. Нема игри како на фејсбук.
Супер си е Твитер, ама кај ќе успеам се да соберам во 140 карактери? Си следам познати, личности што ме интересираат, твитам што правам во моментот, дознавам што се случува во светот. На прв поглед изгледа досаден, ама треба малку да се проучи па тогаш станува интересен и заразен. Повеќето не го сфаќаат Твитер, па добра половина од македонските твитер корисници се Џастин Бибер фанови.
Имам Твитер,и во сазон на интересно ми е,не следам никој од познативе...само мои познати си следам и такачка,па за натаму ќе видиме
Немам профил на твитер.Немам во план да направам бидејки не сум заинтересирена а и доста ми е фејзбук не ми треба друга глупава завист
Немам твитер, немам ни фејсбук и никогаш сум немала провфил негде, едноставно не узжувам во тоа, не е за мене. Фејсбук има и позитивни и негативни страни, а твитер само да следиш некој или да те следат кај си што правиш. Не сум против, но не би направила
Имам Твитер и го користам многу често, дури повеќе и од ФБ. Кога го користиш подолго време некако се навлекуваш и ти станува интересен. Кога си го направив не се имав уклучено цела недела, после почнав почесто да отварам, си наоѓав интересни луѓе со слични интереси како мене и тоа ми стана секојдневие. Следам неколку познати личности, во главно тие што ги сакам највеќе, другарки, некои чии твитови се секогаш интересни и забавни за читање и секако некои со кој можам да си разговарам на многу теми и да споделуваме искуства, импресии од нешто... Ама 140 карактери, е тоа колку е само најзабегано, како да се искажам само со 140 карактери, како а ???
Направив божем да си гледа нешто за познативе, ама јас малце припроста сум, и не знам ни како се користи, само знам дека можеш да следиш некој, да те следат и да „твиташ“. Го направив април негде, еднаш се вклучив, и заборавив и пасворд и се, 4 месеци се немам пуштено.
Си направив пред неколку месеца профил и не сум го отворила богзнае од кога.Едноставно не ја разбирам целата поента. Ајде на Фејсбук барем можеш линкови да објавуваш,повеќе албуми со слики,да се зачленуваш ваму,онаму но Твитерот не ми е јасен.Демек нешто фалоу,па трендинг,никако не можев да се снајдам и го баталив. Доволен ми е фејсбукот,дури и он почна да ми здосадува.
Профил направив пред можеби повеќе од една година. Не ми служи за комуникација, туку го направив за да можам да ги „следам“ актерите од сериите кои ги гледам, the makeup gurus и влогерите од YouTube, некои омилени писатели, пејачи и слично. Кај нас ретко кој користи твитер, па затоа комуникацијата ја одржувам претежно преку фејсбук.
Имам твитер и го користам често Прво не може да го сфатам ама после се навикнав и сега секој ден го отварам...Го користам за следење на познатите но и за нови пријателства
Дали има некој добар да ми објасни детално како да го користам ? Имам профил и не се снаоѓам. Кликнав фолоу на неколку познати и не сфаќам во што е поентата. Ако не ви е мака на тие што го користите често, ве молам објаснете ми по лп што е и како е работата.
Не ми се допаѓа Ни немам Всушност незнам ни што е поената во Твитер,освен следење на познати личности??
Имав и го деактивирав.Ич не е убаво,неможиш да се снајдиш а и нема нешто интересно И фејсбук немам и тој е досаден.Сега само на Фемина си сум.А на фејсбук понекогаш се уклучувам од кај сестра ми да бидам во тек со настаните
Имам твитер, ама никогаш не го употребувам. Кај Американците е посебно популарен... Познато е исто и дека повеќето славни личности повеќе користат твитер него ли фејсбук. Јас го отворив мојот профил таму од чиста љубопитност да видам што како има. Фоловнав неколку славни личности, и незнаев веќе што да правам и повеќе не се уклучувам. Иако познавам неколку личности од мое опкружување кои почесто го користат твитерот неко фејсбукот како средство за комуникација, забава и тепање на време. Не викам дека не е корисен, ама јас лично таму неможам и баш најдобро да се снајдам... И доколку би се снашла, и би го употребувала како што треба правилно, верувам дека за скоро време би ми здосадило од причина што поголемиот дел од твитер пријателите би ми биле само од странство, или се' славни само, и статусите што јас би ги пишувала би биле неинтересни за некого или пак нивните статуси би ми биле неинтересни на мене.. Што се однесува до приватноста на твитер, не сум многу запознаена со ова, и незнам колкава приватност на своите податоци и слики имаат корисниците на твитер.... Сега баш размислив дека на мојот профил ама баш ништо не е подесено за да имам зголемена приватност туку се' ми е апла и кој сака слободно бујрум, може да се послужи со моите податоци и слики...
Имам го користам и го почитувам повеќе од фб! Го користам за многу цели, дознавам многу информации, ми помогнал во наоѓањето крв за мајка ми, во организирање на изложба, информацијата се шири многу брзо, разрешувам многу проблеми доколку не ми е нешто јасно, доволно е да поставам прашање и да добијам одговори. Да го користам и не следам никој од популарниве фаци, оти не ми се битни нивните животи, туку следам лади луѓе, некои портали кои навистина вредат..