Значи имаме утро,ни фали попладне Во колку часот се прибирате дома,што правите ,како си го минувате попладнето? ајт да видиме
Кога сум со кола се прибирам околу 5 дома,а со автобус еее тоа е лонг стори Освен ако не шеткам после работа,тогаш 8,9 си доаѓам и ручам некаде надвор Значи си доаѓам со љубовта,си ручкаме заедно,тој секогаш дремнува после ручекот а јас си ги гледам сериите мои потоа се опуштаме со кафенце,гледаме нешто вести,некогаш ни доаѓаат гости ,некогаш одиме ние.ако не не мрзи ке прошетаме малку низ населба,ама зависи потоа вежбам фитнес 20 мин,пола саат,одам се бањам се средувам,облекувам пижамки ,седам некој саат на нет,и околу 1легнувам,некогаш и покасно порано многу ретко а срцето уште во 11 е во кревет ретко вечерам може само овошје
Излегувам од работа и го земам детето од градинка и дома сум во 16,30 освен ако успат нешто не пазарувам па да се приберам околу 17. Го ранам детето, па јадам јас, потоа следува кафе. Доаѓа маж ми па тој јаде, па заедно пиеме кафе и правиме план на распоред на работа . И толку од пладнето веќе настапува ноќ. А навечер или сме по дома, или чекаме гости или ние некаде отидеме, од овие 3 солуции 4-та нема
Зависи, ако сум прва смена, тоа време обично почнав да спијам, од 16, па до 19, може и повеќе, а инаку бев тоа време на компјутер. А кога сум втора смена, со доаѓам околу 17:30 кога имам помалце часови, а кога имам седум околу 18:30. Па нечесто јадам кога ќе дојдам, пролистувам по музичките телевизии, и оставам да ми пеат, само за мене. ( ) И сега почнав да гледам турски серии ( wtf ?! незнам што ми е) па таму од 20 часот ми е на А1, и слушам серии. А Долина на волците, обавезно гледам, Полат ми е љубов уште одамна иако не гледав. Греота е тој човек. Ај нека избега веќе еднаш.
Па зависи,ако сум 1ва смена доаѓам околу 12 ако имам 6 а околу 12:30 ако имам седум часа,ќе јадам,малце на пц,тв ќе подучам нешто,ќе шетнам ако е убаво време,после на тв гледам серии или сум на англиски,ако е лето на шетање и така. Ако сум 2 смена доаѓам дома во 17:45,ако имам 6 часа,докај 18:30 ако имам 7 часа,јадам,после или на англиски или на пц малце,па пак сериите и така.
Во 12 си одам од факултет, ако одиме некаде на шетање или на кафе со колегите се враќам околу 2-саатот поручек, ако не до 12.30 сум дома. После тоа преспивам некој саат и седнувам да учам.
Па од училиште доаѓам кај 2 часот , после тоа следува ручек , па учење - тоа преку недела , а за викенд попладне обично се собираме кај некого на ручек сите заедно , или на кафе одам , навечер нормално излегување , журки и сл
Од училиште доаѓам во просек накај 13:00, по 15 минути или другарките доаѓаат кај мене или јас одам кај некоја од нив на кафе, па од кај 16:00 се заседнувам на компјутер и пуштам корени се дур не дојде време за туширање.
Тоа време спијам, седам на компјутер или учам . Можеби некогаш да отидам на гости некаде или мене да ми дојдат. Петто нема . А кога сум втора смена, околу 18.30 - 19 ч. си доаѓам дома, а потоа следи едно тегавење и додека да си легнам не правам ништо корисно .
Кога сум прва смена, околу 13 ч. се враќам од школо, јадам, седнувам пред компјутер до кај 16 или пак понекогаш идам или ми доаѓа некој на кафе. После одам или на англиски или на италијански(зависи кој ден) па се враќам околу 21. Ако имам нешто за учење-учам, ако не глеам ТВ или пак пред компјутер и околу 00:00 си легнувам. Ако сум втора смена, се враќам од школо 17-18 ч. Одам на италијански/англиски и исто понатаму како горенаведеното. Само што си легнувам накај 1-2.
Зависи од тоа колку работа имам,т.е.колку ќе му се присака на шефот да нареди и возможни и невозможни работи знам и во 20часот да се приберам,да доработам и 2ра смена.Онака,зависи од ЈСП и гужвата,до 17 ,17ипол....незнам точно време И така стигам,јадам,кафенце ,интернет,некоја серија,сакам да шетнам приквечер барем низ маало или до некој маалски кафич а немам против и да шетнам на гости или мене да ми дојдат А викендите-друга прича.Секоја втора сабота сум на работа,а кога не сум ,сабота обично одам на шопинг па на ручек некаде итн...зависи.Или си одам дома за викенд.А неделата ја минувам по Рамстор и Џамбо или домичка....мразам недели,btw
Прва смена? Поминато во спиење делумно. Се будам негде накај 17:00 и почнувам да учам. Втора смена? За жал помината во училна.
Понеделник и вторник моите факултетски обврски завршуваат во 12, така што имам прилично доста време и за одмор, и за учење, и за шетање, и за средување по дома и слично. Во среда и утрото и пладнето и попладнето си го поминувам на факултет бидејќи имам цел ден предавања. А потоа од четврток па се до недела сум дома. Вообичаено попладнето го користам за одмор, за учење, за одење на пилатес и за слични активности. Ако сум преморена и ненаспана, си имам правило попладнето да спијам само два часа и ни минута повеќе.
Слично како кај Сефора. Прва смена помината во спиење, се будам накај 19:00, 20:00. А ако не спијам, иако ретко се случува ми е поминато пред компјутер, книга или на гости во другарка/роднини. Втора смена поминато во школо.
Кога ќе си ги завршам обврските доаѓам дома учам па слушам музика па седам на фемина па вежбам(возам ролерки или велосипед па потоа ручам,па пак на фемина,потоа се шетам некаде слободно време...и понатака тоа веќе не е попладне.. ~~
Па обично попладне џмаам по дома или гледам телевизија или пак седам на компјутер. Али во последно време скоро секое попладне одам на кеј на трчање
Си доаѓам од училиште, јадам, седнувам на компјутер, потоа курсеви по јазици, вежби, дома доаѓам за учење ако се има чам ако не опет на компјутер