Колку читате весници и списанија и кои најчесто ги купувате: Имате ли омилен? Кој македонски весник, а кое списание најмногу ви се допаѓа? Јас пораснав со весници, Уживам да ги читам. Од овие дневните, најмногу ми се допаѓа „Вест“. Најинтересни рубрики имаат. А вие ?
Јас многу сакам да читам, пораснав со “Другарче“, “Развигор“ и “Наш Свет“, со нетрпение чекав да дојде Среда за да пристигнат. Потоа купував “Тин Шема“ кога беше месечник, па потоа неделник, а сега воопшто не го читам. Па продолжив со “Таа“ , а денес и неа не ја читам (голема сум за неа ) - значи денот не ми поминува без барем да разлистам некој весник. Во последно време читам онлајн. Омилен дневен весник ми е “Вест“, а читам и “жолт печат“ и тоа “Свет“ и “Скандал“. Исто така сакам да читам и модни и женски списанија, како “Убавина и здравје“- особено српското издание, “Космополитен“ и “Џој“. Го читам и списанието “Јуник“, но како што кажав сето ова го читам онлајн, така да џабе читачката пасија кога уредниците немаат ќар од мене
За мене Вест не е весник, туку таблоид. Да не зборам за Вечер, испартизиран, на македонскиот Гебелс,Латас. Тотално необјективни мислења и статии, треба да го преименуваат во дневен весник на Владата и ВМРО. Според мене единствен објективен, и далеку најопсежен со материјали податоци е Утрински Весник. Јас тој го читам, секако на нет, не купувам весници.
Не можам да си го замислам денот без да прочитам весник.Ги читаме со татко ми секој ден на нет и потоа следи жестока дискусија за прочитаното Омилен ми е “Вест“ од дневните,а “Теа Шема“ од неделните.Дур бев во основно обавезно ги земав “Развигор“,“Наш Свет“ и како помала “Росица“ Да не заборавам читам и “Здравје и убавина“ кога-како.
Се што ќе ми падне во рака се читам. Дневни, политички, жолт печат... буквално се. Посебна релаксација и уживање ми причинуваат месечниците Космополитен, Unique, Убавина и здравје, Joy... Од дневните и мене Вест ми е најинтересен.
Колку читате весници и кои најчесто ги купувате: Имате ли омилен? Читам, но не константо зошто скоро сите весници ги има на интернет, порано повеќе читав, ама пак имам при рака, дедо ми купува па му го поткраднувам, ама интересно ми е што ги читам од последна страна па наназад, значи прво читам спортски вести. Од списанијата редовно ја купувам и читам ТАА & ТОЈ порано беше само Таа ,а сега се заедно. Чат-пат купувам и Крема ама само ако има интересни содржини што ме интересираат.За друго се информирам на нет Кој македонски весник најмногу ви се допаѓа? Не бирам, весник како весник ама ајде нека бидат Време и Вест. Ааа да порано купував и Развигор, Другарче и Наш свет редовно ама нашколо
Како мала обавезно кога ќе пристигнуваше некое училишно списание го земав. Развигор, Наш Свет, Тин Шема-моето најомилено, но кога беше месечно списание...(не пропуштав да го купам, особено ги сакав рубриките со стриповите ) Кога Тин Шема стана неделно списание, почнав да ги купувам хрватските Браво и ОК!. Имам читано и Теа Модерна, но ми стана глупава. Сега редовно купувам Убавина и здравје, го обожавам списанието. Од класични весници, читам што било, што ќе се најде на маса Најчитана рубрика од нив ми е ЦРНА ХРОНИКА Политиките не ме интересираат, никогаш, ама баш никогаш не читам политички статии. Ако има крстозбор или судоку обавезно го решавам. Обожавам кога ќе видам дека во весникот тој ден има посебни 2 лисја за тоа Мислам дека беше Нова Македонија
Чекајте малку, кога збориме за весници не се мисли на дневни весници?? Овие Космополитен, Elle, 1Е и сл. нели се магазини ,списанија????
Од дневните весници Вест и Дневник.. А од магазини и списанија сум читала Тин Шема,Браво и Браво Грл па Таа...Теа модерна..Сега Unique,Убавина и Здравје и Joy!
Весници не купувам. Се информирам преку интернет. Татко ми купува Дневник. Тој ми е најдобар дневен весник.
Порано ни на школо ни на факс не одев без весник во рака, ко пензионер Ама сега на нет прочитај, тоа е тоа, не купувам, татко ми купува , ама најчесто ги остава на работа, ги заборава. Инаку и јас на времето ги земав сите школски списанија, и некоолку години со ред ТАА, ТИН ШЕМА, и уште ги чувам, во кутии, па кога ми е досадно земам и ги листам Сега се случува да купам 1Е, или Убавина и здравје, ама реков не толку често.
Порано моите секојдневно купуваа весници и тоа Дневник, така да со него сум израсната и тој ми е некако најсериозен дневен весник. Инаку во училиште обавезно ги земав неделните списанија „Развигор“ , „Другарче“ и „Наш Свет“. Порано кога доаѓаа во состав со дневните весници ги читав „Тин Шема“. Инаку сега не купувам многу весници, освен „Браво“ кое секогаш го купувам, понекогаш „Unique“ и „1Е“.
Зависна сум од весници. Уште од мала ми е создадена таа навика да читам, прво почнав со РОСИЦА, па РАЗВИГОРЧЕ (така ли се викаше? ), па НАШ СВЕТ - тоа во основно. Во средно почнав сама да си купувам весници, тогаш ги читав ТАА од нашите, ОК! од хрватските и SMASH HITS! од странските списанија. Редовно ги купував, и ден-денес ги чувам. Ама тогаш странските списанија не беа толку скапи. На факултет почнав да читам хрватски COSMOPOLITAN и HURRA' JUVENTUS, редовно ги купував, скапички ми беа малку за џебот, ама не ми е криво. Понекогаш купував и српско JOY. Сега читам исклучиво онлајн, затоа што хрватскиве и српскиве доаѓаат подоцна кај нас, кога веќе ќе помине месецот за кој што се издадени, па не сакам да фрлам пари за COSMO со „поминат рок“. Како и да е, без весник не ми поминува денот, ниту месецот. Обавезно ги читам дневните весници и интернет порталите за вести, а исто така и модните магазини. Може да ми се случи да купам УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ, ама ретко.
Кога бев во основно обавезно ги земав сите списанија, почнувајќи од Другарче, Развигор и Наш Свет. Сега не купувам многу списанија, можеби Ok! или германското Bravo. Ги пролистувам и Убавина&Здравје, 1Е или Unique, зависи што купила мајка ми.
Во последно време речиси и да не читам весници. Порано моите купуваа секој ден Дневник или Време и Спорт. Како малечка земав списанија од школо поичнувајки од Росица па Другарче, Развигор и Наш свет. Купував и тин шема еден период па потоа Браво. Со нетрпение ги чекав новите броеви секогаш.
Татко ми зема весници сабајле и тие најчесто се Нова Македонија и Време.До 5то одд. редовно земав Наш свет и пред тоа тие Росица,Развигорче..Потоа почнав да купувам Браво Постери и само Браво. Сега купувам Свет и Крема.
Весници Јас не купувам весници..ама тато да...па покрај него може некогаш да го разлистам весникот..Најчесто купува Време...понапред купуваше Дневник..мислам дека такла се викаше....го купуваше и го читаше и Фокус..Мене најмногу ми се допаѓа Време како весник...
Весници Интересно ми е да читам весници,но ме мрзи да ги купувам,но сметам дена ВЕСТ е најдобар :geek:
Весници Не читам често весници...само ги разлистувам па ако најдам нешто интересно... тогаш. Порано ги читав Време и Шпиц од дневниве. TAA, TEA...Cosmopilitan од списанија. А СВЕТ, Крема и сл. не ги сакам ич, се нервирам кога ќе видам демек папарацо фотографии (а всушност немаат врска и се наместени) од нашиве таканаречени “џет сетери“ Затоа и не ги читам.