мхм..го прелистав форумот и не најдов тема за спорт па еве овде ... да си помуабетиме за спортот .... Кој ви е омилен спорт? Што сакате најмногу да гледате, а што да спортувате?
Јас сум за спорт Шо се намам пробано, ама најмногу се имам задржано на ракомет и сега неколку месеци на бадминтон
Нема што немам тренирано, од мала секаде се запишував, одев на карате, ракомет , кошарка, одбојка, на лизгалиште бев редовна , и на пливање одев...сега, на постари години само фитнес и аеробик вежбам
Обожавам секаков спорт, и не да се фалам ама добра сум во речиси сите Ама најмногу ми лежи кошарка, обожавам, ко бев помала си замислував во wnba дека ке одам. Смешки
Јас сум дефинитивно за спорт Никогаш не сум се занимавала професионално со спорт, ама онака за рекреација често знам да заиграм кошарка или бадминтон, ама од сите спортови најмногу обожавам тенис
Многу многу по спортот не сум. Активно никогаш не сум тренирала. Пасивно... тенис на сред улица до доцните вечерни часови, хокеј на пархет во основно и одбојка во средно (секој час, со или без мрежа). Пливањето го исклучувам и лично мене не ми е спорт. Daily habit ми е А за гледање гледам, најчесто со татко ми. Многу сакам да гледам ски-скокови. Најинтересни ми се.
Сум играла кошарка активно 3 години. Имам одено и на фитнес, на аеробик и на пилатес. Одвреме навреме возам ролери и редовно пешачам. А за гледање, гледам некои позначајни фудбалски утакмици кои цел свет не ги пропушта (да не бидам покусо). Пример, финалето на светско, европско првенство, кога игра Македонија со некоја друга земја... Други спортови не пратам, некако дури и исцрпувачки ми е да седам 2 часа и да гледам некој спорт. Понекогаш, многу ретко ми се случува да гледам гимнастика
Обожавам Фудбал ептен....сум играла во основно за училиштето сега во средно исто така играм за школската екипа а и со другарите вака по маало играме и на турнири некои си играм ама малку по ретко зашто сум женско и ептен ретко на некој турнир онана кога организира некој што ме знае тогаш играм а многу ми е криво што нема женска екипа за фудбал а сум тренирала година ипол у ФК Милано не имаше само 4 девојчиња и само на тренинзи одевме, а на утакмици или додававме топки или на трибини седевме
значи само јас сум ако некоја“заспана убавица“т.е-дрво неподвижно ништо не вежбам и ништо не спортувам ц ц ц .....
Јас сум за спортот, и да се смени насловот на темава, боде очи. Спортував и јас, сега бидејќи е распуст си се одмарам. Спортував кунг фу, и кошарка. А во училиште бев член на одбојкарскиот тим. Кунг фу-то ми беше како релаксација и опуштање по напорниот ден, а и многу добро ми одеше, да не речам, бев најдобра од цела група.
Сакам спорт, ама за жал сега ништо не спортувам...уствари одвреме навреме знам да го искористам кошот во двор со брат ми, ама еве се поретко фрлам топки Инаку играв одбојка долго време, сега се каам што не си продолжив, ама тоа е. И ракомет во основно А за гледање, си гледам натпревари, фудбал, ракомет, гимнастика, атлетика, се следам.
Отсекогаш сум ги следела сите спортови и многу ми е жал што никогаш не почнав да тренирам нешто - инаку по дома често правам вежби или земам некој со мене за трчање
Ракомет играм солидно...Ама тимска игра и не знам како да се организирам кога ми се игра, па идам во школото кај Индира и таму некад играм...А ми се возат и ролерки, па кој е ЗА..ајде да се договориме, да возиме по кеј или било каде
Јас сум за спортот.....и обожавател сум на сите спортови....ги гледам на тв...инаку во основно имам тренирано рекомет и одбојка....карате исто...а сега во средно често не одам на тренинзи...ама преку лето често одам на кошарка и возам велосипед...
Jas sum za sport .. : )) Otsekogas sum go sakala i go sakam i isto taka i gi pratam ... Inace od sve po nesto sum trenjirala Nekogas koa igraat drugarite nadvor fudbal kosarka ili nesto drugo im se pridruzuvuvam jas so drugarkite
Следам фудбал како луда, ме бидува по малку за играње фудбалче и кошарка, а инаку активно не сум се занимавала со спорт, освен со фитнес и аеробик.